Заев: Третиот Илинден е бесконечноста на нашиот стремеж кон нашата иднина

Македонија го празнува Денот на републиката 2 август...Со церемонии ширум државата се одбележуваат 118 години од Крушевската република и 77 години од Првото заседание на АСНОМ...

Македонија денеска го празнува 2 август – Илинден. Ден со кој во 1903 година – со Илинденското востание и Крушевската република, а потоа и на вториот Илинден, во 1944 година со АСНОМ –беа поставени столбовите на Републиката и на државноста. Премиерот Зоран Заев ја предводеше делегацијата во Пелинце каде положи цвеќе, а го придружуваа вицепремиерите Груби и Николовски, како и министрите Оливер Спасовски и Радмила Шеќеринска. Цвеќе положија и делегации од пратениците од Собранието, кабинетот на шефот на државата и претставници на партиите.

Македонија денеска го одбележува еден од најголемите државни празници 2 август – Денот на Републиката. Пораките овде од Меморијалниот центар ги упати премиерот Зоран Заев.

Нема мерка која може да ја измери големата идеја за сопствена држава, рече премиерот осврнувајќи се на значењето на двата Илиндена. Порача и дека третиот Илинден е македонската борба и победа на демократските вредности.

„После сите историски битки, после сите негирања и присвојувања, со сите разноразни поствоени договори и прекројувања на државните граници на Европа, со сите директиви на Коминтерната и на сите останати заговорнички теории, на 2 август во 1944 година Демократска Федерална Македонија се дефинираше на мапата на европските држави како конституента на Федеративна Народна Република Југославија, подоцна Социјалистичка Федеративна Република Југославија. И уште еден илинденски принцип чуваме и негуваме и постојано повикуваме да ни биде пример: Обединување и единство околу најважните прашања за нашата земја. Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот заради партиските интереси и заради повеќе гласови на изборите.

Премиерот во својот говор се осврна и на актуелните случувања и предизвици со кои се соочува земјава – придобивките од членството во НАТО и аспирациите за членство во ЕУ. Зборувајќи за закочените евроинтеграции изрази убедување дека пречките ќе бидат отстранети.

„Секогаш бевме и остануваме на сончевата страна за мирољубиво решавање на сите недоразбирања и конфликти. Наместо извор на проблеми, ние станавме извор на идеи и иницијативи за решенија кои регионот, го водат напред. Ние денес со гордост сме една од водечките земји кои наспроти блокадите и ризиците од нови ѕидови, ги слушаат потребите на своите народи и рушат граници. Јас сум уверен дека Република Бугарија е пријател и дека е многу блиску денот кога и македонскиот и бугарскиот народ ќе се уверат дека Бугарија нема да биде пречка за Северна Македонија. Заедно ќе го обезбедиме тоа, бидејќи од двете страни има паметни и способни луѓе, визионери, кои ќе си дадат шанса и ќе се разберат, во интерес на своите народи.

На чествувањето на Илинден во Пелинце настапија и фолклорни ансамбли и хорот на Националната опера и балет. Прославата, која беше спроведена под силно полициско обезбедување и протоколи, ја следеа и граѓани кои како што велат традиционално секој Илинден доаѓаат на излет во дворот на Меморијалниот центар.

Меморијалниот центар во Пелинце, посветен на Првото заседание на АСНОМ, отворен е во 2004та и од тогаш таму се чествува Илинден. Во музејот се наоѓа копија на собата во манастирот „Прохор Пчински”, и спомен - собата во која се изложени документите од создавањето на македонската држава.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер