Заев: Судството остана последната тврдина од „заробената држава“, ова мора да престане веднаш!

Премиерот Зоран Заев во јавно обраќање го навести почетокот  на процесот на ветинг во судско-обвинителските кругови и ги повика антикорупциската комисија и Советот на јавни обвинители и судскиот совет да го помогнат процесот. 

Премиерот Зоран Заев ја повика Антикорупциската комисија да започне постапка за проверка на имотот на судиите и обвинителите. Во видео обраќање до јавноста Заев упати критика на судството за кое рече дека е под контрола на одреден број судии и обвинители на моќни позиции. Ги повика и Судскиот совет и Советот на јавните обвинители да ја оценат одговорноста на судиите и обвинителите околу застарувањето на предметите но и да ја испитаат професионалноста на судиите.

За лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, барањето на Заев за ветинг во правосудството е како што вели признание дека во изминатите три години неговата влада не направила ништо со што придонел на пад на правната држава.

Антикорупциска во меѓувреме почна да ги чешла анкетните листови за имотната состојба на поранешните обвинители од Специјалното јавно обвинителство. Околу повикот на Заев да се провери целокупниот имот на судиите и обвинителите, првата антикорупционерка Билјана Ивановска за Канал 5 вели дека се работи за сложена операција. Утре на колегиум ќе дискутираат како ќе постапат.

ДКОС прави проверка врз основа на годишен план. Судиите веќе ние беа таргет но се работи за голем број. Барањето на премиерот е комплицирана операција. Утре на колегиум ќе дискутираме околу тоа дали ДКСК има капацитет да го спроведе тоа.

Околу прашењето за ветинг првиот човек на Судскиот Совет Киро Здравев пред неколку дена, рече, како тело врз основа на законите на некој начин и спроведуваат ветинг но и порача доколку се спроведе, процесот да се води внимателно за да нема опструкција на правдата. Ацо Колевски, претседателот на Советот на јавните обвинители, слично порача дека ветингот на судиите и обвинителите треба да биде добро осмислен, да се знае кој и како ќе го врши, за како што кажа и не се претвори во мешање на извршната во судската власт.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер