Заев: Се поизвесно е дека Бугарија ќе ја блокира Македонија за почеток на преговори

Одговороста за политичарите е голема за последиците од ваквата одлука.

Се поизвесно е дека Бугарија ќе ја блокира Македонија и земјата нема да ги почне преговорите со Европската унија и покрај позитивната одлука. Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е поприлично извесно дека Бугарија ќе ја блокира Македонија, на состанокот на Советот на ЕУ во вторник. Но, Заев вели дека тој никогаш не губи надеж бидејќи одговорноста на политичарите е голема предупредувајќи дека ваквата одлука може да предвика развој на непосакувани настани на двете страни.

-Јас сум подготвен и го потготвив македонскиот народ за евентуална блокада и за евентуално вето. И тоа е поприлично извесно. Ако кажете во проценти колку, повеќе во проценти е извесно од тоа да добиеме позитивно. Но, сепак никогаш не ја губам надежта затоа што одговорноста е голема кај политичарите. Иако е ГАК на 17 рековме до декември има време, до крајот на декември е можноста за првата меѓувладина конференција, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање по посетата на болницата во Струмица.

Очекувам одговорност, потенцира тој, крик на пријателство од бугарската страна заради тоа што кај нас имаат пријатели.

-Ако се испрати негативна порака сите знаеме што тоа непосакувано, верувам од двете страни може да развие. Не ни треба тоа, ни треба пријателство, подадена рака заедно да го чекориме европскиот пат, истакна Заев.

Македонија и Бугарија во изминатите 20 месеци одржале 10 состаноци во однос на прашања поврзани со Договорот за добрососедство и за прашања за кои двете страни имале различни мислења. Заев потсетува дека досега е постигнато решение за пет историски личности и за три историски периоди, а дека решението, во духот на заедништвото, е блиску и за Гоце Делчев.

-За 20 месеци одржавме 10 седници. Германија – Полска, Германија – Чешка, исти вакви комисии првите резултати ги имале на десет години од составувањето на кКмисијата или се состануваат еднаш годишно. Нашата Комисија со Грција се состанува два пати годишно. Овде имаме за 20 месеци 10 состаноци, во декември имаме следен состанок, што ќе се држи веќе помеѓу двете комисии. И за Гоце Делчев сме блиску, во духот на заедништвото, и верувам во сето она што во иднина ќе биде предизвик. Ја испраќам пораката да градиме пријателство. Лесно е да се гради непријателество. Денес европски е да се гради пријателство и да се биде храбар во тие одлуки, портенцира Заев.

Тој изрази надеж дека, како што кажа, пријателска Бугарија ќе остане на духот на пријателството.

-Ако не се од нешто задоволни од исполнувањето на Договорот имаат можност 130 пати низ 34 поглавја да стават вето или блокада, затоа што договорот како што знаете и во годишниот извештај и во преговарчката рамка, Договорот со Грција и Договорот со Бугарија, се составен дел. Тие се меѓународни договри кои имаат своја реализација. Уште еднаш напоменувам, тоа го потврдува и бугарската страна имаме решено пет историски личности, три историски периоди, спремни сме да ги објавиме и да почне имплементацијата во учебниците на двете страни и од македонската и во бугарската страна, рече премиерот.

Заев е убеден дека со позитивни одлуки се градат пријателски односи, со негативни одлуки градиме горчина.

-Не треба двата народи никој да ги одалечува треба да ги зближува. Тоа е историски повик, кон политичарите и кон нас, македонските и кон бугарските политичари. Двата народи се навистиа со заедничка историја, со заедничко минато. И од таа заедничка историја и минато се развиле денешните македонскиот и бугарскиот народ. Од словенската јужна група на јазици излезени се двата јазици бугарскиот и македонскиот јазик. Зошто не е доволно заедничко? Како тоа да биде заедничко а да биде бугарско? Или да биде заедничко а да биде македонско? Заедничко, е заедничко. Или заедничкото или општо треба да ги наоѓаме решенијата. Одговорноста останува на политичарите со сите одлуки кои ги носиме. Ако се позитивни, историјата ќе испише златни и позитивни букви, ако се негативни ќе испише горчина. јас верувам дека ќе бидеме сите мудри и паметни тоа да го направиме, истакна премиерот на Македонија.

Нашиот народ, потенцираше Заев, никогаш не би ставил вето на бугарскиот народ.

-Нашиот македонски народ е голем пријател. Јас често кажувам со нашиот братски народ, ние сме братски народ и треба да се поддржуваме во иднина. Нашиот братски македонски народ никогаш не би ставил блокада и вето на бугарскиот. Јас знам дека бугарскиот народ не сака блокада или вето на македонскиот народ. Политичарите се тие кои ги носат одлуките. Разбирам не е лесно и во Бугарија има критички осврт, должност наша како политичари е да објасниме, затоа што признаваме дека уште повеќе да работиме, рече Заев коментирајќи ја изјавата на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, која најави блокада за Македонија.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер