Заев: Се интензивира соработката меѓу Македонија и Русија

Претседателот на Владата ,Зоран Заев денеска се обрати на Бизнис Форумот посветен на соработката меѓу претставниците на деловните заедници од нашата земја и од Руската Федерација.

На форумот, на кој покрај бизнисмени од Русија, учествува и заменик министерот за индустрија и трговија на Руската Федерација, Алексеј Груздев, кој истовремено ќе претседава со руската делегација која денеска и утре ќе учествува на 9-тата сесија на Меѓувладината комисија за трговско-економска и научно – техничка соработка меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација.

Во своето обраќање премиерот Заев нагласи дека односите меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација се традиционално пријателски и нив ги карактеризира позитивен дух, но и одреден неискористен потенцијал, кој треба да биде одредница за тоа во кој правец би требало да се движат односите во економската соработка во иднина.

„Во таа насока особено радува фактот дека во дијалогот во Меѓувладината комисија за трговско-економска и научно – техничка соработка меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација, од оваа година е внесена нова динамика. Тоа е добра основа за оправдан оптимизам за продлабочување на соработката“, истакна премиерот Заев и додаде дека како поткрепа на овој оптимизам е и фактот дека двете страни во комисијата, се договориле освен досегашните области за соработка во енергетиката, транспортот, и земјоделството, соработката да се прошири и во други области, како и да се формираат посебни работни групи за сите области, што најавува многу конкретна работа и ефикасно донесување одлуки од интерес на двете земји и на нашите граѓани.

Премиерот Заев во обраќањето на македонско-рускиот бизнис форум, на кој Владата на Северна Македонија ја претставуваат и заменик претседателот во владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, потенцираше дека извозот на стоки од Република Северна Македонија во Руската Федерација може да биде многу поголем и тоа, заедно со застојот на директните странски инвестиции од Руската Федерација во нашата земја, сосема природно укажува на насоките каде треба да се развива соработката меѓу двете земји.

„Ќе издвојам една од областите што нудат нови можности за соработка - Енергетиката. Посебни потенцијали во оваа област се отвораат со изградбата на примарната инфраструктура за гасификација, по што следуваат можности за инвестирање и партнерство во проектирањето и изградбата на дистрибутивниот систем на природен гас на целата територија на нашата земја“ истакна премиерот Заев, и додаде дека огромни се потенцијалите што лежат во туризмот и во земјоделството, како и традиционалните добрата соработка во културата и образованието.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев во своето обраќање истакна дека економската соработка почнува со човечката релација и со запознавањето на стопанствениците меѓу себе на бизнис конференции каква што е оваа денеска во Скопје. Тој посочи дека посебно малите држави како што е Република Северна Македонија мора да бидат економски отворени кон светот, ако сакаат да просперираат.

“Апелирам до сите стопанственици во нашата држава да препознаат дека Русија е голем пазар, кој што може да апсорбира нови производи и да воспостават колку што може повеќе комуникација и денешниот ден да го искористат за зголемување на таквата можна соработка. Денеска имавме и билатерален состанок, на којшто ја отворив темата да видиме како македонските производи да стигнат подиректно и побрзо до рускиот пазар. Ние имаме земјоделие кое може да произведе квалитетни производи во делот на овошјето и зеленчукот, но и во делот на преработувачките капацитети. Во таа смисла ги поканивме големите ланци на маркети и трговци со земјоделски производи да отворат еден дистрибутивно продажен центар на собирање на земјоделски производи и ќе ги обезбедиме сите услови од наша страна, доколку имаат интерес тоа да го направат. Тие тоа го земаа како едно наше барање и се надевам дека таквата иницијатива ќе роди со плод. “ изјави Анѓушев.

Претседателот на македонскиот дел од Меѓувладината комисија за соработка меѓу Северна Македонија и Руската Федерација, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, истакна дека очекува дека денеска и утре во Охрид, ќе се отворат нови насоки за натамошно продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, после пет години стагнација во работата на комисијата.

„Во периодот јануари-септември 2019-та остварен е извоз на земјоделско прехранбени производи во Руската Федерација во вредност од 21,8 милиони долари, наспроти 15,1 милиони долари истиот период 2018-та година, што претставува зголемување од 44 отсто. Најголем дел од извозот отпаѓа на јаболката или 27,2 отсто, потоа праски, домати свежи или разладени, цреши и тутун. Во делот на земјоделството, овие позитивни показатели се резултат и на постојаната комуникација на македонските надлежни институции со надлежните служби од Руската Федерација. Агенцијата за храна и ветеринарството имаше интензивна соработка со руската Россељхознадзор - Службата за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Руската Федерација. Очекувам нивната соработка да продолжи и во наредниот период, со проширување на аранжманот на производи кои се извезуваат во Руската Федерација како и зголемување на бројот на објекти од Република Северна Македонија кои ги исполнуваат неопходните гаранции за извоз“, рече во обраќањето на Бизнис Форумот посветен на соработката меѓу претставниците на деловните заедници од нашата земја и од Руската Федерација.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер