Заев: Работиме на намалување на цената на зелениот картон за возилата

Работиме на намалувањето на цената на зелениот картон за осигурување на возилата при пратување во странство, најави претстедателот на СДСМ Зоран Заев,  на граѓанската трибина „На прав пат" во Куманово.

Тој додаде дека за намалувањето на цената на зелениот картон на ниво на земјите во регионот се преговара со осигурителните компании, како и за се она што претставува трошок во зелениот картон.

– Сакаме да го намалиме зелениот картон, сакаме да ги поедноставиме патарините, што се плаќаат за патишта, сакаме да ја рационализираме и поедноставиме регистрацијата на возилата и со тоа да им заштедиме на граѓаните од трошоците, да им вратиме пари назад на граѓаните, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев од граѓанската трибина „На прав пат", што се одржа во Куманово.

Центар за комуникации на СДСМ

Десетици торнада поминаа низ централниот дел на САД, најмалку петмина загинати

Најмалку пет луѓе загинаа, вклучувајќи четиримесечно бебе, откако десетици торнада помина низ централниот дел на САД, предизвикувајќи сериозни штети. Д

есетици илјади луѓе останаа без струја откако бурите почнаа во петокот. Досега е потврдено дека четири лица загинаа во сојузната држава Оклахома, а едно во Ајова. Националната метеоролошка служба објави дека некои торнада имале налети од 218 километри на час. Особено тешко е погоден градот Сулфур во Оклахома, каде што цели домови се срамнети со земја. Во оваа сојузна држава има и повеќе од 100 повредени. Ова уследи откако повеќе од 70 торнада ги погодија небраска и Ајова во петокот. Најголем дел од нив биле околу градот Омаха.

Блинкен: Напредок во испораката на помош во Газа

Прекинот на огнот „најефикасен“ за решавање на хуманитарната криза

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на состанокот на регионалните лидери во Ријад изјави дека најефективниот начин за ублажување на хуманитарните страдања во Газа е да се обезбеди примирје меѓу Израел и Хамас.

Говорејќи во Саудиска Арабија, американскиот државен секретар рече дека има „мерлив напредок“ во доставувањето помош за Газа, но дека е потребно повеќе. Блинкен рече и дека Иран е најголемиот извор на нестабилност во регионот. Тој посочи дека настаните од последните неколку месеци покажаа дека има два можни патишта. Едниот, рече тој, бил обележан со „поделби, уништување, насилство и постојана несигурност“.

ЕП започна кампања за поттикнување на излезноста на Евроизборите

 Европскиот парламент од денеска започнува кампања за поттикнување на граѓаните на ЕУ да учествуваат на Евроизборите закажани за од 6 до 9 јуни годинава, чија примарна цел е да се зголеми одѕивот на гласачите. 

Идејата на кампањата е да се пренесе пораката: „Користете го вашиот глас, не дозволувајте толку лесно да ви биде одземена демократијата. Таа е дадена, вие треба да ја браните“.

Почнувајќи од првите директни избори за европратеници во 1979 година кога одѕивот беше 61,99 отсто, тој беше во опаѓање на секое следно гласање, паѓајќи под 50 проценти на сите избори по 1999 година, за да ја достигне најмалата излезност од 42,61 отсто во 2014 година. На последните избори за членови на Европарламентот во 2019 година, во сенка Брегзитот, одѕивот беше 50,62 проценти.

Во фокусот на кампањата се ставени историјата на демократијата во Европа, руската инвазија врз Украина и антидемократските трендови на континентот, со потсетување на искуствата на Европејците со диктатурте и војните, Холокаустот, Прашката пролет од 1968 година, падот на Берлинскиот ѕид, па се до и достигнувањата на европскиот мир.

- Демократијата е во опасност. Искористете го вашиот глас или другите ќе одлучат наместо вас, повикува Европарламентот.

За спроведување на оваа кампања Европскиот парламент издвои буџет од 37 милиони евра, што претставува 0,08 евра по глава на граѓанин на ЕУ со право на глас на Евроизборите.

Својата последна предвидена пленарна седница во сегашниот состав Европскиот парламент ја одржа минатата недела. /МИА

притисни ентер