Заев пред 171-та седница на Владата во Куманово: Со овие седници сме поблиску до граѓаните и до локалната самоуправа

Премиерот Зоран Заев, пред одржувањето на редовната 171 седница на Владата во Куманово имаше средба со претставниците на медиумите, се наведува во владиното соопштение. 

Изјавата за медиумите пред седницата на валадата во Куманово, на која учествуваа и учествуваа и градоначалниците од овој регион регион, од општините Куманово, Крива Паланка, Кратово, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане, ви ја пренесуваме во целост:

,,Владата својата редовна 171 седница вечерва ќе ја одржи овде, во Куманово.Ова третата, од низата седници што ги започнавме и што во наредниот период еднаш месечно, ќе се одржуваат во десет различни региони во државата.

Започнавме во Битола, бевме во Тетово, и еве не вечерва, со Владата во полн состав, во Куманово.

Поблиску до граѓаните и до локалната самоуправа и поблиску до нивните потреби, за да ги слушнеме нивните укажувања за да ги одредиме приоритетите во интерес на граѓаните.

На оваа седница како гости ќе учествуваат и градоначалниците од овој регион регион, од општините Куманово, Крива Паланка, Кратово, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане.

Сакаме од градоначалниците на овие општини најнепосредно да ги добиеме информациите од интерес на граѓаните. Од тие информации, од она што го очекуваат граѓаните од овие општини и од овој регион да ги утврдиме нашите идни политики и одлуките за проекти кои може да ги реализираат општините со поддршка на централната власт.

Во текот на денот, на седницата вечерва ѝ претходеа повеќе теренски активности на замениците претседатели во владата, на министрите, замениците министри и на некои од директорите на јавните претпријатија и на акционерските друштва во сопственост на владата.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов, извршија увид во работите на рехабилитацијата на регионален пат Куманово - Св. Николе. Станува збор за еден исклучително важна регионална делница која ќе обезбеди побезбедно и поефикасно поврзување на северниот и северно-источниот регион на нашата земја со Свети Николе, а понатаму и со регионите во Штип и Струмица.

Министерот за здравство Венко Филипче ја посети општата болница во Куманово за да ја промовира новата опрема во болницата и да ги договори идните активности за доопремување со апарати за најсовремени здравствени услуги за граѓаните.

Министерот Филипче се сретна и со пензионерите со кои разговараше за укинувањето на квотите за лекови за да добие од прва рака информација дали мерката ги исполнува очекувањата на граѓаните.

Во рамки на теренските настани, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, ја посети компанијата за месна индустрија Никси, како една од корисниците на ИПАРД програмата. Неговата цел беше да ги охрабри сите други мали и средни компании да продолжат да аплицираат за ИПАРД средствата.

На тој начин Македонија ќе го потврди првото место во регионот по искористување на овие фондови за развој на земјоделството и руралните средини на Европската Унија.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, се сретна со корисниците на социјална пензија од Куманово и регионот. Социјална пензија користат над 4 илјади возрасни лица во земјата.

Ние згриживме 12 илјади стечајни работници, од кои еден поголем број се од Куманово. Сите тие добиваат над 8.000 денари месечно, се до нивното пензионирање. Ја исправивме долгогодишната неправда кон овие наши сограѓани, рече Заев пред владината седница во Куманово.

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

 Без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Аеродром, Карпош и  Ѓорче Петров.

Како што соопшти РЦУК - Скопје, без струја во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе останат корисниците на дел од село Долно Лисиче, реонот околу чаталот, ул.10 во општина Аеродром, од 10:30 до 14:30 часот дел од улица 16, на патот кон Визбеговово општина Карпош, а од 13:00 до 14:30 часот објектите на градинката Росица, на ул.„Мечкин Камен“, бр.45А. во општина Ѓорче Петров.

Израелската војска соопшти дека пронашла тело на уште еден заложник во Појасот Газа

Бинјамин бил пронајден заедно со тројцата убиени заложници во Појасот Газа, чии тела, како што соопшти израелската војска, се вратени во Израел.

Израелската војска соопшти дека нејзините сили кои дејствуваат во Појасот Газа го пронашле телото на Рон Бинјамин, кој беше меѓу 252 лица заробени од палестински вооружени лица во нападот предводен од Хамас на израелска територија на 7 октомври минатата година, што ја предизвика војната.

Главниот воен портпарол на Израел, контраадмирал Даниел Хагари, изјави дека Бинјамин бил пронајден заедно со тројцата убиени заложници во Појасот Газа, чии тела, како што соопшти израелската војска, се вратени во Израел.

Повикувајќи се на разузнавачки информации, војската соопшти дека сите биле убиени на 7 октомври.

Тројцата заложници, како што изјави Хагари се Шани Лук, Амит Бускила и Јицак Гелерентер. Тој рече дека тројцата биле на музичкиот фестивал Нова и биле убиени од борците на Хамас додека се обидувале да побегнат. Нивните тела потоа биле однесени во Појасот Газа. /МИА

Мироцветна порака и песна во Охрид и Струга со Цветин и Хорот „Вања Лазарова"

„Со мироцвеќе и песна по љубовниот пат на јагулата".

„Со мироцвеќе и песна по љубовниот пат на јагулата", вака е насловен денешниот настан кој ќе се одржи во Струга и Охрид, во организација на уметникот Живко Поповски- Цветин, Македонското здружение за култура обичаи и традиции "Гороцвет" и Хорот на Ансамблот „Вања Лазарова" од Скопје.

Тој ќе се содржи мироцветни цртежи, песна и поезија, и ќе се одвива во Паркот на поезијата во Струга и на Дрвениот мост, каде ќе се читаат познати стихови од славни учесници на Струшките вечери на поезијата- Ален Гинсберг, Томас Шапкот, Влада Урошевиќ, Матеја Матевски, Хјусто Хорхе Падрон, Десанка Максимовиќ, Булат Окуџава, Блаже Конески, Гилвик, Андреј Вознесенски, Генадиј Ајги и други...

Во пресрет на празникот на сесловенските просветители, на 24 Мај, кој се слави во Охрид како патронат на градот, поезија и песна ќе се изведат и на брегот на Охридското езеро покрај спомениците на Браќата Кирил и Методиј, Свети Климент Охридски и Григор Прличев.

Педесеттина златни грла од Хорот на ансамблот "Вања Лазарова" ќе одекнат, пеејќи познати македонски традиционални песни „Ја излези Ѓурѓо" на Стража, „На Струга дуќан да имам" во Струга, „По пат одам", „Железар", „Брала мома капини" и други во Охрид.

Хорот е под диригентство на маестро Лазо Трпковски - Ласко. /МИА

притисни ентер