Заев: Прашањето за Гоце Делчев треба да го решава Мешовитата комисија

„Прашањето за Гоце Делчев е за решавање во рамки на Комисијата, а не е на политиката. 

,,Сакаме ова прашање да го реши Комисијата, како што најде добри решенија за Свети Кирил и Методиј, Свети Наум, Климент Охридски и цар Самоил, да го реши и ова во духот на таа заедничка историја, заради заедничко славење. Верувам дека ќе го најдат решението и за Гоце Делчев, наше е да охрабриме", посочи претседателот на Владата Зоран Заев во вечерашното интервју во рамки на емисијата „Само вистина" и нагласи дека договорот меѓу Македонија и Бугарија треба да обединува, да прави мостови на пријателство и ниедна страна да не се обидува да присвојува нешто.

Тој истакна дека е многу важен пријателскиот договор склучен со Бугарија и нагласи дека од неговиот бугарски колега, премиерот Бојко Борисов нема никаква закана ниту коментар кон Македонија.

„Важно е дека во Договорот Бугарија зема обврска да не подржува во нашите европски и евроатлантски интеграции. И Бугарија, тоа го прави, не само фигуративно", рече премиерот Заев нагласувајќи дека поддршката од бугарска страна за Македонија, Албанија и Западниот Балкан е очигледна, враќајќи го фокусот на Европа на овој регион.

Тој посочи дека во телефонскиот разговор со Борисов станало збор за деталите за претстојниот самит на Берлинскиот процес во Софија, за совладувањето на здравствено-економската криза предизвикана од КОВИД-19 и унапредување на економската соработка.

„Мудрите и паметни политики на неизбрзување, ја направија Македонија да биде успешна во исполнување на своите стратешки цели од коишто пак зависи и животот дома, економски и перспективен за сите граѓани", оцени премиерот Заев во врска со прашањето дека Владата не реагираше на Меморандумот кој се појави во јавноста, дека Бугарија поставува услови за Македонија од кои зависи преговарачкиот процес на земјата.

Премиерот Заев повтори дека е потребна внимателност и да се даде шанса за постигнување на решенија. Тој посочи, дека изминатите 30 години, не научија дека така не се решаваат проблемите, туку само се таложат.

„Затоа и времето покажа, со Преспанскиот договор со Грција и Договорот со Бугарија дека политичарите кои носат храбри одлуки за својата земја, не значи дека губат избори, граѓаните знаат и да ги наградат", оцени Заев кој подвлече дека земјата во изминатиот период и во неговиот прв мандат како премиер, нашата земја оствари членство во НАТО, одлука за почеток на преговорите со Европската Унија.

„Ете, порано беше незамисливо, но јас неодамна имав шанса, еве во Атина, да зборувам за економски напредок, соработка перспектива, што е најдобро за сите граѓани", рече премиерот во ,,Само интервју" за Канал 5 телевизија.

Уапсени се 13 членови на „балканскиот картел“, шпанската полиција им влезе во бункерот (ВИДЕО)

Агенти на Националната полиција во Шпанија, во соработка со своите колеги од Србија, разбиле криминална организација со српско потекло во Барселона, која наводно се занимавала со меѓународен шверц на дрога.

По тој повод, како што јавија шпанските медиуми, откриени се пет плантажи со марихуана во кои се запленети повеќе од 37.000 растенија.

Во шест провинциски општини уапсени се 13 лица и извршени се шест претреси во кои се запленети 25 килограми пупки марихуана и 32.000 евра во кеш, пишува Блиц.

Насадите се наоѓале во населени места, далеку од урбаните центри, а најголемите ги сместиле во напуштен хостел, кој претходно го претвориле во бункер.

Како што се наведува понатаму, освен трговија со дрога, осомничените им доставувале и таканаречени растенија „бејби“ на продавачите во Барселона.

Истрагата започнала во јануари годинава како резултат на размена на информации меѓу српската и шпанската полиција за водачот на криминална група од српско потекло кои живееле во Шпанија и биле особено активни во трговијата со дрога со своите роднини од иста националност.

„Откако истражителите ги лоцирале и идентификувале сите членови на организацијата, откриле дека тие биле задолжени за управување со експлоатација на неколку насади со марихуана во различни делови на провинцијата Барселона. Организацијата била структурирана на пирамидален начин, со јасна распределба на функциите кои сите нејзини членови ги знаеле и ги извршувале координирано и подредено, со целосна дискреција во комуникацијата со цел да се гарантира нивната безбедност“, вели изворот за шпанскиот медиум. Покрај наведеното, полицијата конфискувала и три мобилни телефони и едно возило.

Ева Лонгрија среде улица ги соблече високите сандали и одеше боса (ВИДЕО)

Ева Лонгорија била на настанот на американското издание на магазинот Elle во Лос Анџелес.

Таа за оваа прилика облече долг сребрен фустан кој го истакна нејзиното деколте и потпетиците во иста боја.

Но, изгледа дека чевлите не ѝ биле баш удобни. Додека се шетала со пријателките по настанот, Ева застанала на сред улица и ги соблекла штиклите, а папараците го снимиле тој момент. Остатокот од патот продолжи боса.

Во оваа ситуација можеа да се препознаат голем број жени бидејќи секоја од нив барем еднаш одела дома боса по ноќно излегување.

Потсетуваме дека оваа есен почина актерот Тајлер Кристофер, поранешниот сопруг на Ева, а многумина ја осудија актерката. Имено, наместо посвета на Кристофер, успехот кој го постигна актерката го сподели во магазинот Тајм. Додека едни ѝ честитаа за успехот, други беа лути што таа не му посветила објава на нејзиниот починат поранешен сопруг.

„А што е со Тајлер?“, „Таа не коментираше, а тој беше толку прекрасен човек“, „Би требало барем да напишеш нешто за бившиот“, „Тој не се ни олади, а ти се фалиш“. „Мислам дека Ева и Тајлер не беа во најдобри односи, па можеби сака да ги задржи чувствата за себе“, се дел од коментарите.

Да потсетиме, Кристофер беше во брак со ѕвездата од серијата „Очајни домаќинки“ од 2002 до 2004 година.

Сите бегаат од поплавите, а еден човек има друг проблем- снимката е хит (ВИДЕО)

Циклонот Михаунг предизвика големи поплави во Индија, а следното видео е снимено во областа Ченаи.

Многу жители на главниот град Тамил Наду се во сериозни проблеми поради поплавите. Сепак, среде хаосот, поединци се обидоа да го извлечат најдоброто од најлошото.

На социјалните мрежи кружи снимка од маж кој лови риба во надојдената вода. Наводно сѐ било снимено во населбата Тарамани, пренесува Times Now News.

Човек во кабаница уловил голема риба, но тешко ја контролирал. Корисниците најмногу на шега коментираа на сцената.

„Кога ќе добиеш поплава, оди на риболов“, напиша една личност.

Имало и такви кои изразиле загриженост за подводниот свет и опасноста што ги снашла.

„Поплавите предизвикаа многу проблеми, но долгорочно придонесуваат за опстанок на одредени видови. Оваа ситуација им дава можност да мигрираат во различни зони и да одржуваат генетска разновидност“, напишал еден човек.

притисни ентер