Заев потврди – в недела лидерска средба

 Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека е потврдена лидерската средба за в недела со претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На новинарско прашање дали ќе се одржи лидерска средба, Заев по презентацијата на резултатите од проектот за намалување на смртноста на мајките и на новороденчињата во Клубот на пратениците, кусо одговори дека средбата со Мицковски е потврдена за в недела, не прецизирајќи го терминот.

Претседателските избори, реформските закони и Специјалното јавно обвинителство, како што е најавено, ќе бидат трите клучни прашања на кои ќе се разговараат Заев и Мицкоски.

И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ претходно потврди дека ќе се разговара за тие три значајни прашања.

– Претседателските избори кои следуваат како императив и предуслов за интегрирање во структурите на НАТО и ЕУ, па во делот кој се однесува на реформските закони, бидејќи досега имаше дијалог, тимови работеа на оние закони коишто можеме да кажеме дека се реформски, и ќе разговараме за СЈО и предлог-законот за иднината на СЈО, кој денес го добивме во работна верзија, изјави синоќа Мицкоски во емисијата Отворено на ТВ Алфа.

Како претседател на Влада, кој пред 21 месец бил опозиција, изјави вчера Заев, треба да разговарам со лидерот на опозицијата, затоа што, подвлече меѓу другото, Северна Македонија мора да има кристално чист изборен процес и тоа е обврска на сите.

– Ќе разговараме и за реформските закони, но ниту јас ниту Мицкоски сме најстручни, треба стручни луѓе од Парламентот и од Министерство за правда да седнат на маса, рече Заев.

Во однос на тоа дали средбата ќе се одржи на православниот празник Прочка в недела, и дали ќе си простат со лидерот на опозицијата, Заев рече дека е транспарентен во духот на помирувањето.

– Во духот на простувањето и помирувањето сум многу транспарентен, на луѓето што држеа пиштол и што викаа немам чиста мета, им простив, затоа што животот треба да тече напред. Ние со Мицкоски немаме ништо лично. Ќе продолжам да негувам позитивен дух. На нашата земја и треба дијалог, дијалогот е ветер во грб во сите наши аспирации и ќе продолжам во тој дел без разлика колку се инсинуираат лоши зборови. Ќе продолжам во интерес на државата да го негувам дијалогот, рече вчера Заев.

Со кабинетот на претседателката на Македонија ќе раководат Божинов и Момировски

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова за генерален секретар на својот кабинет го именувала Ѓорѓи Божинов, правник кој работел во министерството за земјоделство, а за негов заменик новинарот Горан Момировски.

Од функциите се разрешени генералниот секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и Тоше Зафиров, кои беа ангажирани во мандатот на доскорешниот претседател стево Пендаровски.

Од кабинетот на претедателката соопштија дека генералниот секретар Ѓорги Божинов е дипломиран правник со речиси тридецениско работно искуство во областа на правото во земјоделскиот сектор, процесите на јавни набавки, програмите за финансиска поддршка, како и примена и хармонизација на легислативата на Европската Унија во овие области.

Момировски пак, е долгогодишен новинар, соработник на Сиљановска во нејзината претседателскa кампањa за изборите во 2019 година.

Фонсека подготвен да стане нов тренер на Милан

Тренерот на Лил, Пауло Фонсека се согласи да го води Милан од следната сезона, објави новинарот Николо Шира на Икс.

Италијанскиот клуб е подготвен да потпише договор со 51-годишниот Португалец до 2026 година.

Конечната одлука ќе биде донесена следната недела.

Фонсека е во Лил од 2022 година. Под негово водство тимот оваа сезона постигна 58 бодови и пред одигрување на последното коло се наоѓа на 3. место во поредокот. /МИА

Во Црвено Море нападнат танкер со нафта

Британската безбедносна фирма „Ембреј“ (Ambrey) денеска соопшти дека во Црвеното Море е нападнат танкер со нафта, што пловел под знамето на Панама, на 10 наутички милји југозападно од јеменската Мока.

Танкерот е погоден со проектил, што предизвикал пожар. Сè уште ниту една група не презела одговорност за нападот.

Претходно Агенцијата за поморски трговски операции на Велика Британија (УКМТО) објави дека добила извештај за инцидент во Црвеното Море, 76 наутички милји северозападно од градот Ходеида во Јемен.

Хутите уште од ноември минатата година ги напаѓаат трговските бродови во Црвено Море во знак на солидарност со Палестинцитеи оти тоа ќе го прават сè додека Израел не ги запре нападите врз Појасот Газа./МИА

притисни ентер