Смрт поради лајкови: Нов опасен тренд ги залуди младите- возат во спротивна насока, сѐ снимаат и објавуваат
1Смрт поради лајкови: Нов опасен тренд ги залуди младите- возат во спротивна насока, сѐ снимаат и објавуваат
Климатски промени: Земјата е толку загреана, што крокодилите во Франција несат јајца како да се во Африка
1Климатски промени: Земјата е толку загреана, што крокодилите во Франција несат јајца како да се во Африка
МакедонијаЗаев: Почнуваме преговори со ЕУ, историската грешка е исправена, нема ни пречки ни услови Во тешки времиња за нашиот народ, за Балканот и за целиот свет од ЕУ добивме радосна и долгоочекувана вест – донесена е одлука Македонија почнува преговори за членство во ЕУ. Историската грешка е исправена, нема никакви пречки ниту услови. ЕК треба да ги спроведе подготовките, а првата меѓувладина конференција ќе се одржи најбрзо што може, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес – конференција во седиштето на партијата. -Во екот на борбата против коронавирусот кога сите наши капацитети и мисли се насочени кон заштита на здравјето на граѓаните и кон санирање на евроспките последици ова е охрабрувачка порака дека само со напорна работа и државнички одлуки може да се соочиме со предизвиците. Ја ослободивме државата презедовме чекори и донесовме храбри одлуки за да ги решимје проблемите со соседите. Ставивме крај на расипништвото и на стравот ја ставивме економијата на здрави нозе, ја внесовме земјата во НАТО, а еве сега почнуваме преговори со ЕУ. Тој се заблагодари на ЕУ што веднаш по објавувањето на оваа историска одлука стигна и веста за помош од Унијата од 66 милиони евра за нашата земја. -Благодарни сме на оваа помош и поддршка, затоа што заедно сме и полесни и заедно успешно ќе се справиме со сите предизвици, рече Заев. По влезот во НАТО, нагласи лидерот на СДСМ, ја реализравме и втората стратешка цел поставена уште од денот на независноста на 8 септември 1991 година и успеавме, рече, за само 2,5 години со мудри одлуки да станеме земја за пример. Иднината на земјата е обезбедена, нема враќање назад, продолжуваме само напред. Земјава, посочи, стана пример за брзи и темелни реформи, а тоа е верификувано едногласно од ЕУ членките со донесената одлука. Успехот на нашата татковина, додаде, директно произлегува од тешките политики, државничките одлуки кои ги донесовме како влада предводена од СДСМ и мнозинството пратеници во Собранието. -Без Договорот од Преспа и без Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија, без реформите и уставните измени, без Законот за јавното обвинителство немаше да биде возможен овој успех. Тоа се храбрите бполитрички одлуки кои ги отворија вратите од чекланата во која бевме изминатите 15 години. Голем дел од тие одлуки беа донесени со двотреинско мнозинство од Собранисаето. Двотретинско мнозинството пратениците кои покажаа историска одговорност од име на својот народ и сигурната иднина која е пред нас, рече Заев. Тој упати благодарност и до сите граѓани кои во огромна бртојка од преку 80 пропценти дадода поддршка за нашите евроинтеграции и одлуките на тој пат. -.Со денешниот ден завршува нашето чекање од 15 години откакоа го добивме кандидатскиот статсу за членство во ЕУ. Преговорите започнуваат и враќање назад веќе нема. Иднината на Македонија е обезбедена и загарантирана – членка во НАТО и ЕУ. Започнува процес на позитивна трансформација на држвата и општетството низ кој поминаа сите денес членки на ЕУ. Патот кој денес го започнуваме треба да го завршиме како држава членка на ЕУ, рече Заев. На овој успех, подвлече, треба да се израдуваат сите граѓани, политички партии, сите етнички заедници и целото општетство, но овој момент нагласи, означува почеток на еден преговарачки процес за современо европско општетство. -Тој процес нема да биде лесен но ја претсвува најважната должност на нашата генерација, дома да биде ЕУ и ЕУ да биде дома, рече Заев. Се заблагодари на европските лидери, европските институции и на ЕП на помошта и поддршката, и порача дека не чекаат преговори кои се последен чекор до членството во ЕУ. -Вредеше да се бориме за ова. Нашата желба за работа и успех е уште поголема. Пред нас е предизвикот да се избориме со здравстената и економската криза предизвикана од корона вирусот, а потоа целосно да се посвети на процесот на преговорите. Знам дека заедно ќе успееме и ќе се избориме со предизвиците и ќе започнеме преговори со ЕУ – последниот чекор кон полноправно члентство во најголемото европско земејство, рече Заев. Мерките што ги понудивме до Владата за справување со економските последици предизвикани од ширењето на коронавирусот се сериозни мерки, но се неопходни. Граѓаните мора да ја знаат вистината и да знаат што не чека. Сите заедно треба да го понесеме товарот за побрзо да ги санираме последиците и да ја превродиме економската криза, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев. Ќе бараме кредити, рече тој, но граѓаните треба да знаат дека големите кредити ги повлекоа големите земји. -Малку се парите. Дел од кредитите ќе ја санираат состојбата, но, дел товарот солидарно треба да го понесеме. Мора да ги поддржиме работниците, економијата и фирмите затоа што што доминантно тие го полнат Буџетот, доминантно тие го креваат и развиваат БДП и обезбедуваат плати, плаќаат даноци и го генерираат развојт на земјата. Во такви околности мора да има рамномерна распределба на товарот кој треба да се понесе, рече Заев. Тој истакна дека граѓаните треба да знаат оти очекувањата на наплатата на приходите се помеѓу 30 и 40 отсто. -Тоа значи ќе фалат околу 60 отсто, 30 отсто ќе надоместиме ако обезбедиме кредити повеќе од 1 милијарда и 200 милиони, а во моментов ни нудат не повеќе од 600 милиони. Еве и да обезбеиме 1 милијарда останатите 30 отсто мора да кратиме и да штедиме на се што не задира во приватната потрошувачка или во јавната потрошувачка. Веќе се кратат сите непродуктивни трошења и средства кои одат надвор од државата, тоа се околу 7 милијарди денари и е малку, ако се знае дека 30 отсто од Буџет од 4 милијарди е 1 милјарда и 300 милиони денари. Мора да знаеме дека товарот треба да го понесеме сите и оти колку побрзо го сфатиме тоа толку поуспешно и поефикасно ќе се справиме во кризата, истакна лидерот на СДСМ. Ако таква поделба на товарот се направи, рече Заев, ќе има големи шанси да се скрати периодот на справување со криза, ако не го направиме тоа, посочи, треба да бидеме подготвени на се. Партиите треба сами да кажат дали ќе го поддржат предлогот годинава да нема пари за политичките партии, изјави денеска на прес-конференција лидерот на СДСМ Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање дали ќе ги повика ДУИ да го поддржат овој предлог на министерката за правда Рената Тренеска Дескоска. -Ние можеме да кажеме за себе. Јас се согласувам дека солидарноста треба да ја имаме како никогаш порано. Кога е најтешко треба да бидеме солидарни и навистина парите не треба да доаѓаат во политичките партии, треба да одат кај граѓаните, да ја зголемиме приватната и јавната потрошувачка и драго ми е што СДСМ собра капацитетност да се откаже од тие пари. Ние го дадовме нашиот предлог. За ДУИ или за која било друга партија останува самите да кажат, рече Заев. Изрази верување дека сите ќе бидат солидарни и одговорни и онака како што заслужуваат граѓаните. Предлогот беше парите да се пренаменат за справување со ширењето на коронавирусот. Лидерот на СДСМ кажа дека вчерашната одлука на Советот на ЕУ за почеток на преговори со Македонија е успех на нашиот народ, на многу генерации. За оваа работа, додаде Заев, прво работеа граѓаните, институциите, политичарите, од независноста до сега. -Се сеќаваме сите, го гледавме на телевизија помладите прогласувањето на независноста кога беше испорачана европската визија и верувам дека денеска сме сите радосни за овој голем успех. Ред е да се заблагодарам на сите генерации, на сите парламентарни состави, на сите влади и на политичари, но еве ние имавме среќата да успееме, со храбри одлуки, Владата, Парламентот успеавме, рече Заев. Според него, честитки за вчерашната одлука стасале од секаде од амабасадори, од многу лидери на ЕУ, од комесарот Хан, од членови на ЕК, од политичките партии од коалицијата, но честитка до него не стигнала од опозицијата. -Но би било добро е да му честитаат на народот, да го охрабрат нашиот народ заради тоа што дефинитивно ова е заедничка радост на сите. Мегдани меѓу власт и опозиција ќе има многу. Да се бориме за економски мерки и идеи, како побрзо да го дигнеме економскиот стандард на нашиот народ, да имаме идеи да се бориме со корона вирусот и здравствениот аспект… Должни се да го поздрават и да му се израдуваат и навистина да го повикаат народот да се израдува, рече Заев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаДрама на 40 метри над земјата: Електричар останал да виси, па снимил последна порака до жена му и децата (ВИДЕО)Електричар од Чикаго бил заробен шест часа на џиновски билборд на бензинска пумпа во Илиноис откако кранот на кој работел се расипал.Додека чекал помош, на висина од околу 40 метри, во еден момент помислил дека можеби нема да преживее и решил да сними последна порака до сопругата и децата. „Навистина немаше воздух“ Еј Џеј Гоув работел во Вилмингтон на 21 јули кога кранот се расипал. Тој бил заробен во структурата на џиновски рекламен знак. „Беше жешко. Навистина немаше воздух, па испратив колега долу. Му реков: „Оди да земеш вода и мојот вентилатор на батерии“. Тој се спуштил, а кога повторно се кренал, кранот се расипал и тој не можел да се врати“, рекол тој. Обидите да се поправи кранот биле неуспешни. До околу 14 часот, Гоув бил заробен на врвот од структурата четири часа. Со текот на времето, неговата состојба почнала да се влошува. „Се чувствував ужасно. Му реков на колегата: „Викни брза помош. Не ме интересира што треба да направиш, само спушти ме долу“, објасни тој. Ситуацијата стана многу сериозна во еден момент. View this post on Instagram A post shared by Channel 5 News (@c5news) „Немаше скали“ „Бев навистина исплашен и не знаев што ќе се случи. Да, се испаничив“, се присети електричарот. Плашејќи се дека можеби нема да се извлече од структурата, реши да сними пораки за сопругата и децата, објавува LadBible. „Не дај Боже нешто да се случи, тоа би биле моите последни зборови. Всушност, збогум без да се каже зборот „збогум““, рече тој. Спасувачите пристигнаа со пожарникарите од Вилмингтон. „Немаше скали ниту скалила вградени во знакот, па не можевме да го достигнеме човекот. Нашите скали не беа доволно високи“, рекоа службениците. Безбедно спуштање на земјата Спасувачите прво испратија дрон во близина на отворот на знакот за да остварат визуелен контакт со електричарот додека менаџерите на операциите развија план за спасување. Во меѓувреме, скршениот кран беше спуштен и отстранет. Потоа беше испратен соодветен кран од блиската област Жолиет. Тој „падна“ на билбордот и Гоу беше безбедно спуштен на земја. Немаше повредени за време на интервенцијата. Гоу оттогаш се врати на работа и продолжува да поправа знаци високо над земјата. Сепак, едно искуство го научи на важна лекција. Отсега натаму, вели тој, нема да ја напушти корпата на кранот, за да не се зароби повторно десетици метри над земјата.Тагови: порака Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКлиматски промени: Земјата е толку загреана, што крокодилите во Франција несат јајца како да се во АфрикаНајновиот летен топлотен бран доведе до тоа крокодили од Нил прв пат да се изведат природно на фарма за крокодили во Пјерлат, во југоисточна Франција, без човечка интервенција, соопшти раководството на фармата.Фармата за крокодили соопшти дека десет крокодили, чие природно живеалиште е реката Нил во Африка, се извеле од јајца без човечка интервенција во регионот Дром, и дека нивното природно доаѓање на свет било можно за прв пат, благодарение на топлината акумулирана во почвата за време на жешкото лето, објавува „Ле Фигаро“. „За прв пат имавме инкубација што се одвиваше 100 проценти во природни услови“, рече Самуел Мартин, ветеринар на фармата. Тој рече дека фактот што нилските крокодили во Франција почнаа да се ведат од јајца во природни услови е загрижувачки и дека тоа е пред сè „знак на климатските промени“. Мартин додаде дека сите десет бебиња крокодили се „многу добро“ и внимателно се следат. За да се развие и изведе нилски крокодил, неговото јајце мора да се чува на константна температура помеѓу 30 и 32 степени Целзиусови во текот на три месеци. Во претходните години, ветеринарниот персонал собираше крокодилски јајца и ги ставаше во инкубатори, но оваа година, повторените топлотни бранови создадоа идеални услови, дозволувајќи им на суптропските видови природно да се размножуваат во песокот, кој ја задржува топлината од денот дури и ноќе.Тагови: крокодили Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСмрт поради лајкови: Нов опасен тренд ги залуди младите- возат во спротивна насока, сѐ снимаат и објавуваат Долгиот месец август е обично еден од најфреквентните периоди за полицијата, бидејќи училиштата се затворени за летните одмори, а многу млади луѓе имаат многу слободно време.Од таканаречените „тинејџерски лудории“ на јавни простори во Соединетите Американски Држави, што доведоа до воведување на полициски час, до „предизвикот за затемнување“, за време на кој корисниците намерно се задушуваат, виралните, а понекогаш и опасните предизвици промовирани од социјалните медиуми станаа привлечни за дел од младите. Меѓутоа, ова лето се појави нов, опасен тренд низ Велика Британија и Ирска. Групи претежно млади мажи се снимаат себеси како возат во погрешна насока, а потоа ги објавуваат снимките на интернет. Британската влада денеска ги повика компаниите за социјални медиуми да ги отстранат видеата што го величат опасното возење, по серијата фатални сообраќајни несреќи во Велика Британија и Ирска во кои беа вклучени возачи кои возеа во спротивна насока на главните патишта. Како резултат на тоа, технолошките компании се најдоа под притисок откако на интернет циркулираа извештаи за вирални видеа за ризично возење. Локалните власти предупредија дека на „лајковите“ на социјалните медиуми им се дава приоритет пред безбедноста на невините луѓе. 'WANT ME TO KILL SOMEONE?' How reckless drivers are risking lives for likes in TikTok trend… with sick videos STILL being posted after horror crashhttps://t.co/9dlrGTn7EN — Ricky Freelove (@RickyJFreelove) August 24, 2026 Властите ги истражуваат точните причини за најновите несреќи. Еден од инцидентите се случил за време на викендот во близина на Мидлсбро, во северна Англија, кога двајца полицајци и пет млади лица загинаа откако автомобил што се движел на спротивната страна од патот се судрил со обележано полициско возило. Петте лица во „Фолксваген Пасат“ биле на возраст меѓу 17 и 23 години, соопшти полицијата. На сега избришаниот профил на „ТикТок“, за кој се верува дека му припаѓа на еден од тинејџерите загинати во несреќата, е откриено дека во март 2025 година објавил видео на кое се гледа како тој и уште четири млади лица наводно се бркани од полицијата, објави Би-Би-Си. Друго видео од истиот профил, според Би-Би-Си, го покажува брзинометарот како покажува 100 милји на час, или околу 160 километри на час. Брзо се насобраа почести и сочувства за двајцата полицајци кои ги загубија животите. Тоа беа Метју Блејдс, 37, и Том Клаф, 38. Подоцна во понеделник, полицијата соопшти дека 12 лица се уапсени како дел од истрагата за криминални активности што се случиле пред несреќата. Полицијата претходно доби повеќекратни пријави за две возила кои се возеле исклучително опасно, вклучувајќи едно за кое беше објавено дека „удрило во предмети“. Предупредување до технолошките компании Британскиот министер за одбрана Лук Полард во понеделник ги повика социјалните медиуми да отстранат содржини што прикажуваат ризично возење, вклучувајќи автомобили што возат на погрешната страна од патот. „Има многу содржини на социјалните медиуми каде што луѓето го слават опасното возење, возат нелегално на нашите патишта, возат на погрешната страна од патот и крајно неодговорно однесување“, изјави Полард за Би-Би-Си. „Веќе разговаравме со овие компании како влада и им кажавме дека ќе ги искористиме овластувањата на Законот за безбедност на интернет за да се осигураме дека опасната содржина ќе биде отстранета“, додаде Полард, осврнувајќи се на британскиот закон што бара од технолошките компании да ги заштитат корисниците од нелегална и штетна содржина. Британскиот премиер Енди Бернам подоцна рече дека луѓето што објавуваат видеа што го слават опасното возење „прават нешто навистина презриво“. По најновата несреќа, TikTok соопшти дека внимателно ја следи онлајн содржината поврзана со инцидентот и ги отстранува видеата и сметките што ги прекршуваат правилата на платформата. Мета, која е сопственик на Фејсбук и Инстаграм, соопшти дека отстранува содржина што промовира „вирални предизвици со висок ризик“, додека видеата од неодговорно возење што може да доведат до сериозни повреди или смрт се ограничени на корисници под 18 години, освен за измислена или професионална содржина. 'WANT ME TO KILL SOMEONE?' How reckless drivers are risking lives for likes in TikTok trend… with sick videos STILL being posted after horror crashhttps://t.co/9dlrGTn7EN — Ricky Freelove (@RickyJFreelove) August 24, 2026 „Неодговорно и опасно“ Инцидентот во Мидлсбро не е изолиран инцидент. Локалните власти предупредија за опасностите од овој тренд на социјалните медиуми, особено по неколку други смртоносни сообраќајни несреќи. На почетокот на август, пет тинејџери загинаа во судир на две возила во Ирска откако возеле во погрешна насока на автопат. Три жени и едно момче во другото возило беа однесени во болница со сериозни повреди. Во тоа време, комесарот на Гарда, Џастин Кели, рече дека инцидентот покажал колку е „неодговорно и опасно возењето на погрешна страна од автопатот“, додавајќи дека неговите мисли се со сите повредени. „Она што го прави ова неодговорно однесување уште поужасно е фактот дека во некои случаи тоа се прави заради лајкови на социјалните медиуми, без оглед на потенцијално разорното влијание врз невините луѓе и самите нив“, рече Кели. Исто така, претходно овој месец, ирската полиција апелираше за сведоци откако автомобил во кој се превезуваа осум млади мажи се судри челно со друго возило додека се движеше по северната лента од јужниот коловоз на автопатот во близина на Даблин. Неколку лица беа сериозно повредени во несреќата. Вистинскиот обем на трендот на социјалните медиуми сè уште не е познат, но ирскиот јавен радиодифузер RTÉ во понеделник објави дека годинава имало 62 случаи на возење во спротивна насока на автопатите во Ирска. Бројките, земени од Ирскиот орган за патишта и јавен превоз, покажуваат дека бројот на инциденти е за 32 проценти поголем од истиот период минатата година. „Неодговорното возење не е ново, но сега може да се снима и емитува на милиони луѓе за прегледи, лајкови и следбеници. Така, опасноста станува содржина“, рече Мери Ајкен, професорка по киберпсихологија на Технолошкиот универзитет „Капитал“ во Вашингтон. Ајкен изјави за Би-Би-Си дека верува оти едноставното снимање на ризично возење создава „очигледна дистанца од вистинската опасност“ за возачите. „Верувам дека она што го прават почнува да се чувствува како игра или настап во живо, додека бројот на лајкови, прегледи и следбеници обезбедува видлива и непосредна социјална награда“, рече таа. Таа рече дека треба да биде „исклучително едноставно“ за социјалните мрежи да отстрануваат содржина што го величи таквото „криминално и високоризично однесување“. TikTok соопшти дека отстранува содржина што го величи насилството или промовира криминал користејќи различни методи, вклучувајќи човечка модерација, технологии за автоматско откривање и пријавување од корисници. Компанијата соопшти дека помеѓу јануари и март оваа година, 99,1 процент од содржината отстранета поради кршење на нејзината политика за насилно и криминално однесување била отстранета пред корисниците да ја пријават. „Обожаван син и брат“ Мет Стори, полицискиот комесар за областа Кливленд, каде што се случи несреќата во близина на Мидлсбро, рече дека е прерано да се каже што ја предизвикало несреќата. Сепак, тој нагласи дека секое снимање додека возите е „апсолутно смешно и идиотско“. „Загрижувачки е ако овој вид однесување станува сè почест бидејќи е исклучително опасно“, изјави тој за BBC Radio 4. Полард додаде дека сака да ги почека резултатите од полициската истрага за да може „да разбере точно што се случило во оваа трагедија“. Во пораките што полицијата ги објави до загинатите полицајци, семејството на Том Клаф го опиша како „херој кој беше „подготвен да помогне секому, од која било причина“.“ Сопругата на Метју Блејдс го опиша како „грижлив син и брат, совршен зет и најзабавен чичко“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook