Јанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местото
2Јанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местото
31.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
МакедонијаЗаев по средбата со осумтемина поранешни пратеници на ВМРО – ДПМНЕ : Имаме решенија , сега треба да го преточиме тоа во зборови Верувам дека текстот на Нацрт амандманите за уставните измени ќе има широк консезус меѓу пратениците , рече премиерот Заев по средбата со осумтемина пратеници од ВМРО – ДПМНЕ.По средбата со новата пратеничка група на ВМРО – ДПМНЕ , премиерот Зоран Заев изјави дека разговарале за деталите на оваа втора консултација. Потоа вечерва во Владата ќе биде прегледан овој текст , кој ќе биде вратен во групата , по што текстот на Нацрт уставните амандмани утре да бидат ставени на седница на Владата. Заев уверува дека ќе може и да се достават амандмани на амандманите од страна на пратениците за да биде процесот што е можно поинклузивен . ,.,Остануваме отворени , се што е можно да воспоставиме инклузивен процес за да имаме поголем обем на консензус , при заклучување на Договорот со Грција. Верувам дека имаме праведен договор , а времето многу бргу тоа ќе го покаже.” ,изјави премиерот Заев. Има четири намени за промена на уставниот текст , но може да бидат и повеќе , рече Заев. Пратеникот Крсто Мукоски рече дека генерално е усогласден текстот на амандманите , кои ќе бидат вградени во Уставот. Амандманите се однесуваат на зачувување на македонскиот идентитет, за обврските за ратификација на Договорот со Грција. Се предлага сукцесивна промена на името на нашата земја. Било разговарано Комисијата што ќе работи на помирување треба да почне да работи од понеделник , како што ќе се разработуваат темите , ќе има информации . Се знае колку челна ќе брои и кој ќе членува во нив, информира пратеникот Мукоски по средбата со премиерот Заев. Добиле уверување дека Владата ќе ги прифати четирите амандмански решенија , а за тоа утре рано наутро ќе излезат со конечниот текст. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16
СветСтејт департментот итно соопшти: „Нудиме 10 милиони долари...“САД понудија награда до 10 милиони долари за информации за клучните лидери на Корпусот на гардата на исламската револуција, како дел од пошироката акција против воените активности на Иран. САД понудија награда до 10 милиони долари за информации за клучните лидери на Корпусот на гардата на исламската револуција, како дел од пошироката акција против воените активности на Иран, набавките и мрежите за шверц на нафта и петрохемиски производи. Стејт департментот и Министерството за финансии воведоа санкции за речиси 60 поединци, компании и бродови, за кои Вашингтон тврди дека овозможуваат ирански воени набавки, сајбер-операции и остварување приходи од извоз на нафта и петрохемиски производи. Меѓу санкционираните се високи ирански воени претставници, вклучувајќи ги Ахмад Вахиди, Али Абдулахи, Сајад Хосеин Маџид Мусави Ефтехари, Сејед Махди Фарахи и Амир Хатами, како и портпаролот на иранското Министерство за одбрана, Реза Талаеи-Ник. САД ги обвинуваат за учество во воени активности и набавка на оружје, вклучувајќи ракети и беспилотни летала.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местотоГолем пожар избувна на депонијата „Мелци“, каде што во моментов се интервенира со ангажман на поголем број екипи од ТППЕ Кавадарци.Според првичните информации од терен, постојат индиции дека пожарот е предизвикан од човечки фактор. Надлежните служби ќе ги утврдуваат околностите за неговото настанување. Противпожарните екипи се на терен и активно работат на ставање на пожарот под контрола и спречување на неговото понатамошно ширење. Општина Кавадарци ја следи состојбата, а екипите ќе останат ангажирани до целосно локализирање на пожарот. Апел до граѓаните да не се приближуваат до местото на пожарот и да ги почитуваат упатствата на надлежните служби, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16
ФудбалМанчестер Сити купува голем бразилски талент Богатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити е пред финализирање на трансферот на Алан од Палмеирас, а бразилскиот клуб ќе добие најмалку 40 милиони евра за својот 22-годишен фудбалер.Како што пренесува бразилскиот „ESPN“, двата клуба практично го финализираа договорот во понеделникот, а точно 40 милиони евра беше минималниот износ што Палмеирас го бараше уште од почетокот на преговорите. Покрај фиксниот износ, Сити ќе исплати и дополнителни бонуси во зависност од резултатите на Алан, за чија висина сè уште се преговара. Бразилецот веќе има подготвено долгорочен договор со Манчестер Сити, каде што се смета за идеална замена за својот сонародник Савињо, кој е пред заминување од клубот и преговара за трансфер во Тотенхем. Алан ги мина претходните две сезони во првиот тим на Палмеирас и стана еден од играчите во кои тренерот Абел Фереира имаше најголема доверба. Тој одигра 96 официјални натпревари за бразилскиот клуб, постигна девет гола и забележа 12 асистенции. Во претходните месеци интерес за него покажаа и Наполи, Њукасл и Астон Вила, но ниту еден од тие клубови не успеа да постигне конкретен договор.Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16