Џон Траволта уште не може да се соземе по средбата на неговата фатална колешка: Одзема здив - Канал 5

Џон Траволта уште не може да се соземе по средбата на неговата фатална колешка: Одзема здив

Актерот Џон Траволта (70) во подкастот „Beyond the Sale“ изјавил дека актерката Маргот Роби е негова „колешка од соништата“.

Џон Траволта уште не може да се соземе по средбата на неговата фатална колешка: Одзема здив

„Маргот Роби... боже мој, можам само да сонувам. Едноставно ја сакам и таа беше во една од моите омилени емисии „Pan Am““, откри Траволта во интервјуто што допрва ќе се емитува, пренесува Daily Mail.

Роби ја доби улогата во американската авијациска драма откако се пресели во Холивуд. Иако серијата траеше само една сезона, улогата на стјуардеса Лора Камерон ја доведе нејзината кариера во Америка на високо ниво.

„Првпат ја запознав на Оскарите пред две години и ѝ реков: „Ја видов твојата серија „Pan Am“, знаеш, беше навистина добра, ти беше навистина добра. Слушнав дека отсекогаш си сакала да бидеш стјуардеса?“, се сеќава Траволта како ја запознал својата „колешка од соништата“.

„Таа рече: „Не! Отсекогаш сакав да бидам пилот!“, раскажува актерот, кој е квалификуван пилот. Инаку, Траволта почнал да учи да лета кога имал 15 години, а првата дозвола за авион ја добил во 1978 година, кога неговиот култен мјузикл „Grease“ премиерно се прикажуваше во кината.

„Јас ѝ реков: „Дали знаеш дека имало грешка во твојот филм „Беше еднаш во Холивуд“? Авионот 747 не леташе пред 1970 година“, раскажа актерот и додаде дека Роби била повеќе фасцинирана од тоа дека режисерот на тој проект Квентин Тарантино, отколку „драматуршки да го брани“.

„Знам од каде го знае тоа, 747 имаше пробен лет во 1969 година - но Маргот, наместо да го брани, таа беше многу повеќе фасцинирана од тоа како Квентин ќе одговори. И сака да биде пилот - и двете нешта ме натераа да ја засакам уште повеќе, а таа е прекрасна.“заклучува Траволта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп ја изрази својата поддршка за својот сојузник, Бенјамин Нетанјаху, во пресрет на претстојните парламентарни избори во Израел.

Трамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“

Поддршката на Трамп за Нетанјаху

„Биби Нетанјаху беше силен, храбар и брилијантен соочен со огромен отпор – вклучително и отпор од внатрешноста на самиот Израел“, напиша Трамп во објава на платформата „Truth Social“.

„Ова е токму оној вид партнер што Соединетите Држави го бараат во Израел – земја за која направија толку многу. Нека оваа порака послужи како израз на мојата целосна и безусловна поддршка за Биби Нетанјаху во претстојната трка за реизбор за премиер на Израел.“

Избори по две години војна

Националните избори во Израел се закажани за 27 октомври – први по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Тој настан ја потресе нацијата и го втурна Блискиот Исток во хаос, вовлекувајќи го Израел во војни во Газа, Либан и со Иран.

Исходот од изборите би можел да одлучи дали Нетанјаху ќе остане на власт по еден од најкритичните периоди во израелската историја, или пак ќе биде поразен од ривали од центарот кои ветуваат почеток на нова ера.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во Брвеница

Прес-конференција за медиуми на која се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во Брвеница

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и источните делови.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време. Во четврток и во петок се очекуваат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и пообилни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер