Заев по приемот на поканата од Столтенберг: Ова е ден за славење како признание за исполнети услови и вредности што ги делат НАТО партнерите

Премиерот Заев ја прими поканата од Генералниот секретар на Столтенберг и при тоа рече :,,Ова е ден за славење како признание за исполнети услови и вредности што ги делат НАТО партнерите”.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, кој ја предводи владината делегација на Самитот на шефови и држави на НАТО, денеска на пригодна церемонија ја прими поканата за членство во алијансата што му ја врачи Генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Во оваа прилика Генералниот секретар на НАТО,Столтенберг истакна дека граѓаните на Република Македонија треба да го прифатат денешниот како голем ден кој заслужува да биде славен, и дека оваа покана е резултат на исполнетите услови и НАТО стандарди, како и на историскиот договор за македонско-грчкиот прашање за името и за стратегиско партнерство.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев на заедничката прес конференција по овој повод истакна дека ова е историски ден за нашата земја и дека тој, Владата на Република Македонија и народот на земјата, се благодарни за одлуката на нашите сојузници да отпочне процесот за полноправно членство во Aлијансата.

„Тоа е историска одлука за иднината на мојата земја и за нашите граѓани. Оваа одлука е признание за нашата посветена работа повеќе од две децении. Ова е признание за работата на сите македонски политичари од независноста до денеска, признание за нашите институции и за сите политички партии. Ова е признание за сите наши граѓани, за целото граѓанско општество, и за сите останати кои трпеливо го чекаа овој ден“, рече премиерот Заев на заедничката конференција за медиумите со Генералниот секретар Столтенберг.

Во своето обраќање тој потенцираше дека одлука потврдува дека споделуваме евроатлантски вредности, и дека Република Македонија може да оствариме и да испорачаме учество во алијансата сооветно на НАТО стандардите.

Премиерот Заев уште нагласи дека НАТО Алијанса денеска, со отворањето на вратите за Република Македонија за полноправно членство, покажа зошто е толку витална и силна, и дека политиката на отворени врати е еден од најсилните механизми на Алијансата за постигнување на неопходните евроатлантски стандарди од страна на оние земји кои се подготвени да ги споделат.

„Република Македонија е пример за тоа. Република Македонија и досега активно учествуваше во НАТО мисиите. Заедно со Алијансата, нашата земја, активно придонесува во мисиите за сузбивање на глобалните закани, терористичките закани, како и заканите што доаѓаат од насилен екстремизам. Соодветно на стандардите и препораките на НАТО, ни ја подготвивме и нашата, Национална стратегија за одбрана“, нагласи премиерот Заев.

Говорејќи за значењето на поканата Република Македонија да стане членка на НАТО од аспект на регионот, Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, рече дека членството во алијансата уште повеќе ќе ја консолидира демократијата, ќе ја зголеми стабилноста и безбедноста и ќе служи како позитивен пример за земјите од Западен Балкан.

„Силната заложба на Владата за решавање на отворените прашања со сите наши соседи даде конкретни резултати. Изразувам посебна благодарност до моите колеги, премиерот на Република Грција, Ципрас и премиерот на Република Бугарија, Борисов, за споделување на истата визија со нас. Оваа визија ни донесе голем успех во Регионот и во Европа. Благодарност упатувам и до сите наши останати соседи и до нашите партнери ЕУ и САД, со кои развиваме силни билатерални и регионални партнерства за кои верувам дека ќе се продлабочуваат уште повеќе, во годините што доаѓаат“, истакна во своето обраќање премиерот Заев.

Претседателот на Владата на Република Мкедонија Зоран Заев подвлече дека следниот чекор за Република Македонија е организацијата на референдумот како највисок демократски израз на политичката волја на македонскиот народ и на сите граѓани во нашата земја – чин кога граѓаните на земјата ќе кажат „Да!“ за својата иднина.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер