Заев: Плодни средби со Алтернатива и ДПА, ги продолжуваме процесите, заеднички кандидат за претседател е во полза на сите граѓани

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со лидерите на Алтернатива и ДПА , Африм Гаши и Мендух Тачи за да се утврди заеднички кандидат за претседател.  

,,Драго ми е што продолжуваме со состаноци со политички субјекти во позитивен оддек, со позитивна намера, желбата на најголем дел од граѓаните ,но и од најголем дел од политичките партии е да направиме напори во изградба на еден концепт за заеднички настап на Претседателските избори преку пронаоѓање, со еден доволен аналитички пристап на кандидат кој што би бил прифатлив за сите граѓани во Република Северна Македонија, изјави премиерот Заев по средбите во Клубот на пратеници.

Денешните средби со Африм Гаши од новото име кое што го имаат на партијата Алтернатива вроди со плод, заради тоа што веруваат дека ова е од полза на граѓаните. Ова идниот Претседател ќе го задолжи секако еднакво пред сите граѓани, ќе биде Претседател кој што ќе им служи поддеднакво на сите и верувам дека уште од самиот почеток водење на анализа, правење на селекции и вршење на избор на кандидат зад кој што би застанале сите ние претставниците на граѓаните преку политичките субјекти кои што ги водиме ќе даде резултат. Господинот Мендух Тачи кој што е претседател на Демократската партија на Албанците, исто така даде позитивно светло да ги продолжиме процесите во напори, сите заедно да изнајдеме заеднички кандидат, секако сите оние истражувања и анализи кои што ги имаме направено ќе ги споделиме. Тие имаат и свој некој од партиите за да можеме некаде до крајот на неделата да заклучиме дали воопшто кај сите партии или кај дел од партиите постои амбиент за градење на концепт за заеднички кандидат зад кој што сите ќе застанеме.

Ако поприлично успееме во таквиот процес , се надевам дека и опозиционите, Алијансата за Албанците со кои што утре имаме средба , во четврток имаме со Беса и со господниот Билијал Касами, се надевам дека има шанси позитивно да се изјаснат за оваа работа , секако ќе го почитуваме секое нивно изјаснување

Би било логично веќе следната недела да почнеме да разговараме за номинирање на имиња од сите политички партии подеднакво, а секако ова е прв пат и СДСМ да седне и разговара за сите анализи и анкети и да го добиеме фидбекот од сите политички партии за да може да донесеме своја одлука за кандидат зад кој ќе застанеме како политички субјект и севкупно како политички партии.

Останувам оптимист дека ова е вистински начин на пристап на вака сериозен процес како избор на Претседател на државата.

Верувам дека овој процес ќе биде нов квалитет на сите граѓани на Република Северна Македонија, но и огромна помош за периодот и процесите кои следуваат", изјави премиерот Зоран Заев по средбите.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер