Заев, Османи и Пендаровски: Да излеземе масовно на гласање, да ја покажеме нашата европска сила

Голем обединувачки митинг се одржа во Скопје , со порака го поддржат заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски.

Од митингот се испратени пораки на 21.април и на 05.мај, граѓаните, независно од политичката и од етничката припадност, во име на продолжувањето на евро-интеграциските процеси и концептот Едно општество за сите, да го поддржат заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски.

-Што сте по националност, што сте по верска припадност, каква е вашата социјална состојба, дали сте приврзаници на власта или на опозицијата – ќе ми биде важно, само ако некој посегне да ви ги одзема правата што ги имате како рамноправни граѓани на оваа држава. Вашата правда е и моја правда. Вашата неправда e и моја грижа.

Ќе водам политики на заедништво, а не на политики на поделби. Ќе помирувам, нема да разгорувам конфликти.Како претседател на државата подготвен сум да водам напред, порача претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Тој се обврза дека ќе продолжи да стои зад концептот Едно општесство за сите, евро-атлантските интеграции и економскиот развој на државата.

Претставникот од ДУИ, Бујар Османи, рече дека митингот пред седиштето на ЕУ во Скопје е со цел да се почувствуваат европските вредности на заедништво на различностите, со коишто нашата земја е веќе во Европа.

-Ја покажуваме нашата европска сила со нашиот пријател Стево Пендаровски, првиот заеднички консензуален кандидат за претседател на државата. Тој е симбол на внатрешната интеграција, лепило на заедниците, предвесник на нашата европска иднина и затоа Стево Пендаровски ќе биде новиот претседател на државата, рече претставникот од ДУИ и вицепремиер, Османи.

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, митингот во Скопје го оцени како историја. Тој рече дека одлучно одиме кон прогрес, Едно општество за сите, евро-атлантски интеграции, економски развој и дека е тоа ќе се забрза со Стево Пендаровски кој води Напред.

-Време е ветрот на позитивните промени да го засилиме. Со Стево Пендаровски напредокот на нашата држава значително ќе се забрза. Нашата земја ќе добие претседател кој влече Напред, наместо кочничар, порача претседателот на СДСМ и премиер Заев.

Тој им се обрати на граѓаните Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми, Власи, сите други, дека "евро-атлантските перспективи, за сите нас значат леб, значат егзистенција, значат поголеми плати, повеќе работни места, нови инвестиции, можности за младите да учат, живеат и работат дома - значат спокој и сигурност".

-Јас немам дилема, дека секој од вас го знае ова. Но, да се оди напред почитувани граѓани е одговорност, бара акција, бара одлучност. Ете ги аргументите, на маса се. Споредете и излезете на гласање. Знаете дека за претседателските избори цензусот е висок и дека не е доволно да го поддржуваме Стево Пендаровски, или да сме против Гордана Силјановска.

Тоа треба да го кажеме, со пенкало, на гласачките места. Мора да излеземе на гласање и да го кажеме својот став. Граѓаните да го изберат претседателот на државата, повика претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на митингот во Скопје.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер