Заев: Она што деновиве го прави ВМРО-ДПМНЕ е лажен патриотизам

Она што ВМРО-ДПМНЕ го прави деновиве е лажен патриотизам само за да дојде на власт, оцени денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања во Неготино.

– Сето она што го прават овие денови е живогребност за доаѓање на власт и ништо друго. Наводна борба да се заштити македонскиот идентитет и македонскиот јазик кои, нели by the way, ги изгубивме со Преспанскиот договор, што само по себе потврдува дека не е точно и е лажен патриотизам и асполутно е на штета на државата, изјави Заев.

Тоа, како што рече, нема да ја обесхрабри Владата да продолжи да гради пријателство и да чекори на патот кон Европската унија што го очекуваат граѓаните.

– Ќе бидеме трпеливи, мудри и ќе водиме грижа за севкупните национални интереси и веруваме дека час поскоро ќе успееме да ги отвараме поглавјата, рече Заев. /МИА

Мицкоски во Вашингтон на вечера со Битов и Павловски

Во Вашингтон имав вечера и одлична средба со Devin Nunes , претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Трамп медиумската корпорација, Џон Битов - американски бизнисмен со македонско потекло

Во Вашингтон имав вечера и одлична средба со Devin Nunes , претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Трамп медиумската корпорација, Џон Битов - американски бизнисмен со македонско потекло, сопственик на повеќе мултимилионски компани, Марко Галина бизнисмен и одговорен за МАГА во Португалија и Крис Павловски сопственик на Rumble групацијата, напиша премиерот Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук.

Разговаравме за можноста за инвестиции во Македонија, за конкретни проекти од бенефит за граѓаните. Меѓу другото ги посочив напорите кои Владата ги дава за стабилизирање на економијата, рекордот кој го остваривме во привлекување на инвестиции во државата и поволностите кои се нудат. Воедно ја искористив можноста за лобирање за македонските интереси и позиции во однос на клучните прашања за нас. Станува збор за високо позиционирани луѓе во американското општество со можност за влијание на прашањата важни за нас, стои во објавата на премиерот Мицкоски.

ЕК за 30 јануари закажа старт на Стратешкиот дијалог за иднината на европската автоиндустрија

Европската комисија за 30 јануари најави започнување на Стратешки дијалог за европската автомобилска индустрија, на кој социјалните партнери и другите засегнати страни ќе разговараат за иднината и перспективите на овој индустриски сектор во ЕУ. 

- Оваа иницијатива ја нагласува посветеноста на Комисијата за заштита на иднината на автомобилскиот сектор, кој е витален за европскиот просперитет, а во исто време и ги унапредува нејзините климатски и пошироки општествени цели, се наведува во денешното соопштение на ЕК. Стратешкиот дијалог, чие одржување претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен го најави во обраќањето пред Европскиот парламент на 27 ноември минатата година, има за цел да ги ангажира индустриските играчи, социјалните партнери и засегнатите страни заеднички да ги согледаат предизвиците, да изнајдат решенија и да преземат конкретни активности.

Со Стратешкиот дијалог ќе претседава Фон дер Лајен и тој ќе се состои од редовни состаноци на кои ќе учествуваат претставници на автоиндустријата, социјалните партнери, еврокомесари и други засегнати страни, вклучително и граѓанското општество, а во целиот процес најавено е учество и на Советот на ЕУ и Европскиот парламент.

Клучните точки за дискусија ќе ги вклучуваат иновациите, чистата транзиција и декарбонизацијата, конкурентноста и издржливоста, трговски односи и меѓународните „еднакви правила за игра“ и регулаторното рационализирање и оптимизацијата на процесите, се наведува во соопштението.

Комисијата потенцира дека ја препознава итната потреба за акција за заштита на европската автомобилска индустрија и за овозможување на нејзина иднина во рамките на Европската унија.

- Европската комисија е посветена да работи со сите засегнати страни за да обезбеди долгорочна конкурентност, одржливост и издржливост на европската автомобилска индустрија. Стратешкиот дијалог е клучен чекор кон постигнување на оваа цел, се додава во соопштението,

Во автомобилската индустрија во ЕУ се вработени над 13 милиони лица и таа придонесува со речиси седум отсто во вкупниот БДП на блокот. Во последниве години оваа индустрија се соочува со значителна трансформација, како резултат на процесите на дигитализација, мерките за декарбонизација, зголемената глобална конкуренција и нестабилниот геополитички пејзаж.

Целта на Стратешки дијалог е токму соочувањето со овие предизвици и изнаоѓањето начини за усогласување и имплементирање на решенија што ќе ја одржат глобалната позиција на европската автомобилска индустрија. с

Дачиќ: Полицијата спречи хрватска државјанка насилно да влезе во зградата на претседателството

Припадниците на полицијата денеска спречија хрватска државјанка насилно да влезе во зградата на Претседателството на Србија во Белград.

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека тоа се случило околу 10 часот и оти жената им се заканувала и ги навредувала полицајците, Србија и функционерите.

- Таа е донесена во службените простории на Полициската станица Стари Град и против неа ќе биде поднесена соодветна пријава во соработка со надлежното обвинителство, наведе Дачиќ.

притисни ентер