„Во недостиг на економска понуда, понуда за иднината. Ете и ДУИ се враќа кон национализмот и ја навредува интелигенцијата на граѓаните. Зарем не знаат дека се прочитани? Па и тие губат од ваквите уценувачки политики. Граѓаните се тие кои кажуваат кој ќе биде пратеник, кој ќе биде министер, а кој премиер. Ние во СДСМ имаме Албанци и пратеници, градоначалници и министри, немаме проблем и за премиер и за претседател, но тоа е одлука која на крајот ја носат нашите граѓани, порача Заев.
Затоа, крајно време е, додаде Заев, ДУИ да прејде во опозиција, по 17 години на власт здраво е за државата, здраво е и за ДУИ, само на тој начин ќе се реформираат, бидејќи партиите се реформираат во опозиција.
Претседателот Заев се осврна и на политичката понуда во шестата изборна единица и порача дека Коалицијата „Можеме" ќе оствари убедлива победа и во оваа изборна единица.
„Слушајте ми го зборот, зборот е збор, во шеста изборна единица ќе го победиме ДУИ, во шеста изборна единица ќе ја победиме Алијанса и Алтернатива, во шеста изборна единица ќе имаме најмалку двојно повеќе пратеници од ВМРО – ДПМНЕ затоа што тоа е иднината, затоа што едно општество е тоа што е нашата Македонија, затоа што на народот му е преку глава од квазипатриоти и од квазинационализми", заклучи Заев.
Пред присутните свое обраќање имаше и Билал Касами. Претседателот на Движењето БЕСА, дел од Коалицијата „Можеме", кој истакна дека овие избори се одлична можност да се сруши и последната алка од режимот а тоа е политичката партија ДУИ.
„Успеавме да го срушиме режимот, но свесни сме дека тој режим не падна целосно, односно едната алка, а тоа е ДУИ се уште остана и затоа оваа Коалиција ќе го даде последниот удар врз остатоците од режимот и државата и граѓаните конечно целосно да се ослободи од тој режим", порача Касами, се наведува во партиското соопштение.