Заев очекува до крајот на годината да отпочнат преговорите со ЕУ

 Премиерот Зоран Заев очекува на претстојниот Совет на Европската унија да биде потврдено она што ЕУ го верификуваше преку извештајот на Европската комисија за напредокот на државата.

– Нашиот народ и нашата земја го заслужија тоа, изјави Заев, додавајќи дека очекува во септември или октомври земјата да добие датум за преговори, а кон крајот на годината да отпочнат преговорите.

Додаде дека ќе се причека германскиот Бундестаг да донесе одлука за старт на преговорите на Европската Унија со Македонија по што конечно земјата ќе добие датум за преговори.

– Драго ми е што имаме шанси до крајот на годината да бидеме полноправна членка на НАТО. Тогаш ќе почнат и преговорите со ЕУ така што можеме успешно да ја завршиме оваа година во поглед на интеграциските процеси, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Преспа.

Можно олабавување на мерките ако граѓаните и угостителските објекти ги почитуваат протоколите

Министерот за економија Крешник Бектеши очекува олабавување на рестриктивните мерки во претстојниот, зимски период доколку граѓаните и угостителските објекти ги почитуваат протоколите.

Тој не прецизира дали ќе има олеснувања или евентуални укинувања, но уште еднаш повтори дека Владата се држи до препораките на Комиисјата за заразни болести.

-Ако сите ги почитуваме мерките, бројките ќе паднат и ќе има можност за олабавување. Убеден сум дека ќе има олеснувања во зимскиот период ако вака се почитугваат мрките како сега, и од страна на угостителските објекти и од страна на граѓаните, но не можам да кажам дали ќе се укинат. Ние секогаш ќе ги почитуваме препораките на Комиисјата за заразни болести, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања на настанот по повод Светскиот ден на туризмот, 27 Септември. /МИА

„Само Вистина“ вечерва со Стојанче Ангелов и Александар Пандов

Во вечерашната „Само Вистина“ ќе дебатираат Стојанче Ангелов и Александар Пандов.

Драги пријатели, вечерва во Само Вистина, секој својата ќе ја кажат Стојанче Ангелов и Александар Пандов.

Ослободители во Втората светска војна или окупатори, како македонците ги чувствуваат браќата од истокот?

Дали трагедијата во Тетово ќе ги „разбуди“ институциите?

Кој нуди идеи, а кој решенија за проблемите на граѓаните?

Вечерва во Само Вистина со Стојанче Ангелов и Александар Пандов, на Канал 5 Телевизија.

САД: Досега се дадени 390 милиони дози вакцини против Ковид-19

Во САД до денеска се дадени 390,1 милиони дози вакцини против Ковид-19, додека низ земјата се дистрибуирани 417,8 милиони дози, соопшти американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) на својата веб-страница.

Тој број е малку поголем во однос на саботата, до кога беа поделени околу 389,4 милиони дози.

Целосно се вакцинирани 183,7 милиони граѓани (55,3 проценти), а 213,4 милиони луѓе примиле барем една доза (64,3 проценти), се наведува на сајтот на ЦДЦ.

Дополнителна, трета доза на вакцината против коронавирус примиле 2,66 милиони луѓе од 13 август, кога ЦДЦ одобри употреба на трета доза за лица со ослабен имунитет.

притисни ентер