Заев: Немам докази за руско влијание во Македонија

 Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања на конференцијата посветена на слободата на медиумите во регионот, порача дека нема докази за руско влијание во Македонија.

- Немам јас докази за некое руско влијание. Руската Федерација е пријател на Македонија и таа нема ништо против интеграцијата на Македонија во ЕУ, но е против нашата интеграција во НАТО. И тоа го кажуваат многу јасно. Ние се обидуваме да објасниме дека за нас не постои алтернатива, освен целосната интеграција во ЕУ и НАТО. Сакаме да градиме пријателство со сите земји и со Руската Федерација така што верувам дека сето она што претставува експликација на пријателство во Македонија ќе го разберат и пријателите од Русија затоа што нашите граѓани ќе останат на таа определба, рече премиерот, кој присуствува на Конференцијата „Денови на медиуми - ЕУ Западен Балкан“.

Заев истакна дека е запознаен со информациите за мрежи на профили кои шират лажни вести на социјалните мрежи и традиционалните медиуми и порача дека се надева дека ќе „можеме да ги дознаеме деталите“, но дека тој нема идентификувано земји кои шират лажни вести.

Премиерот ја повтори својата поддршка за саморегулација на медиумите.

- Приврзаник сум на саморегулација затоашто новинарите и медиумските работници знаат најдобро како тоа да го направат а ние како политичари и вклади сме овде тоа само да го поддржиме на начинот на којшто мислат дека тоа е најдобро, рече премиерот искажувајќи поддршка за ЗНМ и за Советот за етика на медиумите и сето она што го развиваат како нивни политики овде во Македонија за да се спротистават на лажните вести, но и на сите девијатни појави во новинарството, рече Заев.

Мегваер е надвор од терените до крајот на сезоната поради повреда

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер ќе биде надвор од терените поради повреда, објавија од прес-службата на клубот на социјалните мрежи.

Играчот ќе пропушти околу три недели, па повеќе нема да се појавува на теренот на преостанатите натпревари.

Оваа сезона фудбалерот одигра 22 натпревари за Манчестер јунајтед во англиското првенство, на кои постигна два гола и оствари две асистенции.

Вечер од 21 часот Манчестер јунајтед ќе се сретне со Кристал Палас на гостински терен.

Роналдо ја игра својата најпродуктивна сезона на клупско ниво од 2016 година

 Напаѓачот на Саудиска Арабија на Ал Наср, Кристијано Роналдо ја бележи својата најефикасна сезона во последните осум години.

Португалецот сега има 45 гола по натпреварот од 30. коло на фудбалскиот шампионат на Саудиска Арабија. Тој во саботата постигна хет-трик против Ал-Вахда (6:0).

Триесет и деветгодишниот Роналдо Имаше повеќе голови во сезоната 2015/16. Тогаш Португалецот, кој настапуваше за Реал Мадрид, постигна 51 гол.

Кристијано потпиша договор со Ал-Наср во јануари 2023 година. Порталот Трансфермаркт ја проценува пазарната вредност на играчот на 15 милиони евра.

По победата над Ал-Вахда, избраниците на Роналдо се на второто место во поредокот во првенството на Саудиска Арабија. До крајот на шампионатот Ал-Наср треба да одигра уште четири натпревари.

Пожари во Скопје и Битола, 1.588 повици за 24 часа до ЦУК

 Два пожара на отворено се регистрирани изминатото деноноќие. Еден пожар во Скопје, друг во Битола, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожарникарите на Град Скопје од вчера во 14:10 до 15:10 часот гаснеле запалено ѓубре на улицата „Скупи“ во општина Карпош, на површина од 500 метри квадратни. Интервенцијата ја извршиле со едно противпожарно возило и двајца пожарникари.

Битолските пожарникари вчера од 14:11 до 15:15 часот со едно противпожарно возило интервенирале на запалена дива депонија во населбата „Баир“.

- Вкупно 1.588 повици се регистрирани на Единствениот повикувачки број за итни случаи - 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ - 54,85 отсто, а 45,15 проценти - за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 61,03 проценти, кон Итната медицинска помош - 35,66 отсто, кон пожарникарите - 1,84 проценти, а кон АМСМ - 0,37 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК, се наведува во денешното соопштение.

притисни ентер