Осум каратисти на Макпетрол ќе учествуваат на Европскиот шампионат во Хрватска - Канал 5

Осум каратисти на Макпетрол ќе учествуваат на Европскиот шампионат во Хрватска

Осум членови на карате клубот Макпетрол ќе се натпреваруваат на најсилниот турнир на континетот што ќе се одржи во Задар од 8 до 12 мај. 

Осум каратисти на Макпетрол ќе учествуваат на Европскиот шампионат во Хрватска

Тие изминативе денови одржаа интензивни подготовки во Струга, а по нивното успешно комплетирање, заминаа за Хрватска.

Пет спортисти од вкупно осум, кои се повикани за националниот тим, ќе настапат во поединечните категории во дисциплината кумите, а тоа се: Петар Заборски (-75кг.), Петар Спасеновски (-84кг.), Данило Божовиќ (+84 кг.), Симона Заборска (-55кг.) и Ангела Мојсовска (-68кг.) За дисциплините борби во екипна конкуренција се повикани: Викторија Јовановска, Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ.

Сите горенаведени натпреварувачи, кои ќе настапат во поединечна конкуренција за македоднската препрезентација се пријавени и во екипна конкуренција во составите на машкиот и женскиот кумите тим за Европското првенство во Задар.

- Во реализацијата на програмата за успешна подготвеност, нашите сениори од самиот почеток на годината, учествуваа на сите највисоко рангирани првенства и светските карате премиер лиги. Завршните подготовки, исто така, се многу значаен сегмент за правилно темпирање на формата, како финален дел од планот за подготвеност на спортистите за овој шампионат. Со малку спортска среќа, која секогаш е неопходна, очекуваме да имаме и добар настап на ова највисоко рангирано континентално првенство за оваа година, изјави Бошко Заборски, тренер на Макпетрол.

На Европското првенство во Задар, пријавени се 600 спортисти од 50 држави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија го презема имотот на европски компании со порака: Нека се плашат

Русија ги таргетира европските компании во нов бран на преземање на управувањето со странски средства, а Кремљ го оправдува овој потег со обвинувања дека Европската Унија е директно вклучена во војната во Украина. 

Русија го презема имотот на европски компании со порака: Нека се плашат

Информациите за преземањата ги потврдуваат извори од владата и самите компании, објавува Ројтерс.

Русија овој месец ги стави средствата на швајцарскиот прехранбен гигант „Нестле“, германскиот трговец на големо „Метро АГ“ и францускиот малопродажен ланец „Ашан“ под привремена администрација. „Дојде време за асиметрични мерки. Нека размислат какви чекори ќе преземат и какви санкции ќе воведат“, изјави висок владин извор кој е директно запознаен со овие мерки.

На прашањето кои компании би можеле да бидат следно таргетирани и дали руските филијали на италијанската банка „УниКредит“ и австриската „Рајфајзен“ ќе завршат под привремена администрација, анонимниот извор одговори: „Нека се плашат“. Еден руски корпоративен извор, кој исто така сакаше да остане анонимен, ги обвини европските компании дека намерно го забавуваат развојот на нивните руски подружници и со тоа ѝ штетат на руската економија.

Висок менаџер на една од европските компании што сè уште работат во Русија изјави дека претприемачите очекуваат оваа ситуација да продолжи во догледна иднина. Кремљ изјави дека одлуките биле поттикнати од „зголемената вклученост на овие непријателски земји во директни непријателства на бојното поле“ против Русија, но наговести дека потезите се реверзибилни.

„Во моментов, не гледаме никаква основа за промена на одлуката. Не слушаме никакви разумни гласови кои повикуваат на дијалог или напори за корекција на ситуацијата“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Европската унија ја смета Русија за одговорна за продолжувањето на војната и тврди дека Москва не покажува вистинска волја за мировни преговори. Минатата недела, Унијата ги обнови санкциите за повеќе од 3.000 поединци и субјекти.

Војната што ја води Европа

Песков не даде докази или детали за тоа како европските земји се вклучени во воените операции. Руските претставници претходно ги наведоа испораките на оружје, вклучително и производството на беспилотни летала во ЕУ, како причини. Тие, исто така, го наведоа обезбедувањето информации за разузнавање и избор на цели.

„Ако признаете дека вашето оружје се користи против нас и ние го соборуваме, наречете го како сакате, но не се сомневам дека ова е војна што Европа ја води против нас“, изјави министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров. Русија, исто така, ја критикува ЕУ за замрзнување на околу 210 милијарди евра од нејзината државна актива, што беше реакција на војната. Покрај тоа, Москва се спротивставува на мерките насочени против активата на руските компании во Европа и на Западот.

Европската унија, која цврсто ја поддржува Украина од почетокот на војната, ја обвини Русија за напади на европско тло. Некои владини и разузнавачки претставници, исто така, ја споменаа можноста за идна руска инвазија, што Москва го негира.

Од почетокот на војната, Русија воведе привремена администрација во 135 компании поврзани со странски корпорации. Според податоците на руската новинска агенција ТАСС, огромното мнозинство од овие компании доаѓаат од земјите на ЕУ, а меѓу нив се францускиот Данон и данскиот Карлсберг.

Пред овие последни потези, руската адвокатска фирма НСП го рангираше бројот на погодени западни компании на 22. Во својот последен годишен извештај, Европската бизнис асоцијација соопшти дека има 330 компании-членки кои работат во Русија, што е намалување од 400 претходната година.

Ниедна голема американска компанија досега не била цел на слични мерки. Сепак, во некои помали компании е воведена привремена администрација, како што се оние во сопственост на американскиот фонд NCH Capital, кој поседува земјоделски средства во Русија.

Американската стопанска комора во Русија наведува дека околу 300 американски компании сè уште работат во Русија оваа година. Русија и Соединетите Американски Држави веќе разговараат за деловните можности откако ќе се воспостави мир во Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски од Брвеница: Денеска Македонија е подобро место за живеење од пред три години

Јас не велам дека е сè идеално. Јас не велам дека денеска ние сме најпрекрасното и економски најразвиеното место на светот, но велам дека е најубавата земја во светот. 

Мицкоски од Брвеница: Денеска Македонија е подобро место за живеење од пред три години

Да, си ја сакам, тоа е мојата татковина Македонија, исто како што вие си ја сакате таа истата наша заедничка Македонија.

Денеска Македонија е подобро место за живеење од пред три години, кога пред очи им играа фудбалчиња и баскет партии во канцеларии, наместо да работат и да испорачуваат проекти.

И да, има проблеми и сигурен сум дека и за три години од денеска ќе биде подобро место за живеење од денес, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски во Брвеница .

Пред Брвеница денес стои сериозна обврска. Започнатото да продолжи, а општината да остане сплотена и насочена кон работите што им се важни на жителите на оваа преубава општина. Треба да се избере човек што ја познава општината.

Токму од таа одговорност тргнавме кога ја донесовме одлуката Стојанчо Радически да ја преземе кандидатурата. Стојанчо или Цоки, како што многумина го знаат, е човек што е постојано присутен овде. Ги познава луѓето и секојдневието на Брвеница. Знае дека градоначалничката позиција не е позиција од која се гледа општината оддалеку, туку работа што секој ден те носи помеѓу луѓето.

Оваа кампања сакам да биде без навреди, без поделби, да биде чесна трка во која зборуваме за нашата општина и нејзината иднина, објави Мицкоски на ФБ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски на средба со францускиот амбасадор Ле Риголер: Нови обуки и продлабочување на полициската соработка со Франција

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со амбасадорот на Република Франција, Н.Е. Кристоф Ле Риголер, придружуван од полициското аташе Михаел Жано.

Тошковски на средба со францускиот амбасадор Ле Риголер: Нови обуки и продлабочување на полициската соработка со Франција

На средбата беше истакната долгогодишната соработка меѓу двете земји во областа на внатрешните работи, која трае повеќе од две децении, како и заедничката определба таа да продолжи преку конкретни активности, обуки и размена на искуства.

Амбасадорот Ле Риголер информираше за новата обука која започнува на Меѓународниот аеродром „Скопје“, а ја реализираат француски експерти од Жандармеријата за воздушен транспорт на Република Франција. Обуката е насочена кон размена на експертиза и практични знаења во областа на сигурноста и безбедноста на аеродромите и унапредување на професионалните капацитети на полициските службеници и лицата задолжени за обезбедување.

„Соработката со Република Франција има долгогодишен континуитет и за нас е особено значајно што таа се преточува во конкретни активности и обуки. Размената на знаење и искуство со француските експерти директно придонесува за унапредување на професионалните и оперативните капацитети на македонската полиција“, истакна министерот Тошковски.

На средбата беа најавени уште две обуки до крајот на годината – за спречување перење пари и за разузнавачки активности и работа во казнено-поправните домови.

Соговорниците разговараа и за можностите за проширување на соработката со Центарот за обука на МВР, преку креирање и реализација на обуки согласно потребите на идните полициски службеници.

Двете страни изразија задоволство од досегашната соработка и подготвеност таа дополнително да се продлабочува во областите од заемен интерес, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер