Заев: Нема дуел со Мицкоски, дури не каже дека е против бојкот

Премиерот Заев ја отфрли фрлената ракавица од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  Мицкоски за телевизиско соочување.

На дебата со опозицискиот лидер, ќе седне, откако Мицкоски јавно ќе изјасни против бојкот на референдумот.

Повикот за тв-дуел до Заев од Мицкоски доаѓа по соопштувањето на партискиот став на ВМРО-ДПМНЕ за референдумот – граѓаните да постапат по сопствено убедување.

Според првиот опозиционер прашањето за името задира во историјата и не треба да биде предмет на меѓупартиско препукување.

За ова прашање треба да одлучи нацијата, порача Мицкоски, подвлекувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ останува против капитулантскиот договор со Грција.

Зоран Заев мора да го надмине стравот и да престане да бега од дебата, која е основно демократско средство во политиката, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев бега од одговори бидејќи не може да го оправда губењето на идентитетот, историјата, културата и традицијата на Република Македонија. Капитулантското дело кое го потпиша Зоран Заев е без оправдување и на директна штета на Република Македонија, токму затоа Заев бега од дебата бидејќи не може да ја оправда штетата што и ја причини на државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Пред да одбие телевизиско соочување со Мицкоски, Заев преку видео обраќање со повик до граѓаните да излезат и да гласаат на референдумот.

Последен пат лидерите на двете најголеми политички партии во земјава се соочија на дебата пред околу 4 месеци, кога час и половина дебатираа околу преговорите за името, економијата, реформите, долговите, надворешната и внатрешна политика на земјава.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер