МакедонијаЗаев најави тужба за Петрушевски и ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека сум поврзан во случајот со запленетиот канабисПоранешниот премиер и екс-лидер на СДСМ, Зоран Заев, бара јавно извинување од ВМРО-ДПМНЕ и пратеникот Бране Петрушевски за, како што вели, лагите и клеветите за негова поврзаност со заплената на десетици тони медицински канабис. Тој во објава на ФБ категорично негира било каква поврзаност со случајот, а доколку не се извинат најави тужби против нив. Подеднакво одвратни се и останатите нивни лаги за мене, кои ги повторуваат речиси секојдневно откако се повлеков од политиката, како онаа дека градам некакви облакодери од 40 ката во Дубаи, дека вршам притисок за купување на болницата на д-р Жан Митрев, дека се мешам во работата на правосудните и други институции, вели Заев. -Јавно барам извинување од пратеникот Петрушевски и од партијата ВМРО-ДПМНЕ за сите тие лаги, клевети и навреди, вклучително и намерната злоупотреба на моето име во таа режирана драма околу конфискацијата на десетици тони медицински канабис, поради наводно несоодветно чување и складирање. Безобразна лага е дека сум на кој било начин поврзан со случаите со канабис. Безобразна и дрска лага е дека сум се јавувал во Царинската управа. Доколку не се извинат во законски предвидениот рок, ќе поднесам тужба против Петрушевски и ВМРО-ДПМНЕ, напиша Заев на социјалните мрежи. Пратеникот Бране Петрушевски, пак, одржа прес-конференција во која го прозва повторно го прозва Заев за вмешаност во последниот случај со заплена на марихуана, но извинување немаше. Според него околу 70 проценти од запленетата дрога била на фирма која е во сопственост како што вели на човек близок на Заев и апелира до јавното обвинителство да ја истражи неговата поврзаност со фирмата. -Јавувањето во јавност на Заев е директно погодување во центар и изблик на нервоза на Заеви кои се фатени директно на лице место во медот. Кое е лицето и фирмата поврзани со СДС? Станува збор за фирмата „ЦБД Медплант“ во сопственост на Тони Котев познат како М'гчев кој е поранешен претседател на општинскиот одбор на СДС во Ново село. Поточно формалната сопственост на фирмата е кај неговиот син Христијан Котев, изјави Петрушевски. Од СДСМ и денеска прашуваат како 5 тони дрога поминале преку македонската граница во Србија и кој ќе одговара за тоа. -Без поддршка, заштита и логистика од врвот на власта шверцот на огромна количина дрога преку границата не било возможно. Каде се камерите на „Safe City“? Каде е полиција? Каде се екипите на Мобилна царина? Каде се контролите? Мицкоски, Тошковски, Тарчуловски, Бобан Николовски, началници, раководители, инспектори, службеници. Кој се е вмешан и кој дозволил 5 тони дрога да поминат преку граница?, вели генералниот секретар Димитријевиќ. Реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. Одговорите за тоа како се шверцуваат 5 тони марихуана Димитриевиќ нека го праша Венко Филипче кој е во отворена комуникација и на команда од Зоран Заев и кој на 2 февруари панично ја напушта државата кон јужниот сосед велат од владејачката партија од каде прашуваат дали таму Филипче се сретнал со Заев и за што била средбата. Тагови: зоран заев канабис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРанче со училишен прибор и училишна униформа за секое прваче во Општина БутелОпштина Бутел и оваа година продолжува со поддршка за најмладите ученици и нивните семејства.На 1 септември, секое прваче во општинските основни училишта ќе добие висококвалитетен анатомски ранец со потребен училишен прибор, како и училишна униформа. Целта на оваа мерка е на сите првачина да им се обезбедат потребните услови за непречен и успешен почеток на учебната година, а истовремено да им се овозможи значително финансиско олеснување на родителите. Вредноста на училишниот пакет и униформата претставува заштеда од околу 9.000 денари за секое семејство кое годинава има прваче. Покрај висококвалитетниот анатомски ранец, пакетот ќе содржи и помагало за броеви, блок, дрвени боички, фломастери, пластелин, моливи, тетратка, острилка и гумичка. Со оваа активност, Општина Бутел продолжува да инвестира во квалитетно образование и подобри услови за најмладите, создавајќи средина во која секое дете ќе има можност да учи, расте и да го развива својот потенцијал. Вложувањето во децата е вложување во иднината на Општина Бутел. Општина БутелТагови: Општина Бутел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30
МакедонијаПриведено лице од скопско, барано за издржување двегодишна казна затворНа 24.08.2026 во 17:25 часот во с.Морани, скопско, врз основа на судска наредба, полициски службеници од единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го приведоа Б.А.(20) од с.Студеничани, скопско. Претходно, тој со возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници, но набргу потоа со возилото удрил во бетонски ѕид, а потоа, движејќи се наназад, удрил и во возило „шкода јети“, сопственост на МВР. Откако е приведен, извршени се дополнителени проверки и било утврдено дека бил баран за издржување казна затвор од две години за сторени кривични дела по член 292 и член 288 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУапсени се поранешниот претседател на Ерменија и неговиот син Поранешниот претседател на Ерменија, Роберт Кочарјан, и неговиот најстар син, Седрак, се уапсени во рамките на кривична истрага за корупција, соопшти денеска Антикорупцискиот комитет на Ерменија.Претходно денес, комисијата соопшти дека се спроведуваат претреси и други процедурални дејствија на неколку десетици локации поврзани со Кочарјан и членови на неговото семејство, пренесе порталот „Армен прес“. Шефот на кабинетот на Кочарјан, Баграт Микојан, изјави дека поранешниот претседател утрово бил одведен во Комисијата за борба против корупцијата. Од канцеларијата на поранешниот претседател исто така потврдија дека тој бил одведен во Комитетот од страна на припадници на органите на редот. Полицијата исто така влезе во становите на синовите на Кочарјан, Седрак и Левон, а пратеникот од партијата „Ерменска унија“, Месроп Манукјан, претходно на социјалните мрежи објави дека полицијата извршила претрес и во домот на Левон Кочарјан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30