Заев на традиционален деловен појадок со ССК

Решавање на сивата економија, скриените давачки и дигитализација на институциите побараа бизнисмените од Владата.

На традиционалниот деловен појадок доставија 80 барања. Очекуваат до крајот на годинава да бидат исполнети.

-Она кое најмногу им претставува потешкотии на компаниите се парафискланите давачки односно скриените давачки кои не само за фирмите, туку и за граѓаните претставуваат секојдневно оптеретување кои не се толку многу видливи обврски како сите оние останати обврски коишто ги имаме како што се даночните, вели Данела Арсовска, претседател на ССК.

Премиерот Заев ќе ги разгледа барањата. Вети дека ќе најде начин да се избори со сивата економија и исплатата на рака.

„Кешот што се дава во делот на платите, да го мотивираме на мотивирачки и привлечен начин за бизнисот да може навистина го пријави како бруто плата, заради тоа што досега деловните луѓе плаќајќи данок персонален плаќајќи и данок на добивка ги вадите дел од вашите заработени пари и давате по работниците сакајќи да ги задржите колку што е можно повеќе, пред се квалитетните работници, а тоа не влегува во бруто масата на плати коишто се исплаќаат во државата“ истакна премиерот Заев.

Вицепремиерот Анѓушев ги повика компаниите да аплицираат за мерките во планот за економски раст и да не се плашат дека со тоа ќе навлечат контроли од даночните власти.

-Лани имаше проблеми имаше нешто 600 фирми кои исполнуваа и не аплицираа сите, добија 100 на крај. Коа им се јавив зошто, имаше страв ако аплицираат ќе ја навлечат УЈП, уствари дека ќе си напраат проблем, тоа беше чест одговор. И малце имаа верба дека ќе е фер и транспаренто. Да ви кажам никој не го посети УЈП за тоа, стравот да си го елиминирате. Сите по закон добиваа, ако исполнуваат услови добиваат, вели Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања .

Голем број на бизнисмени, министери, дипломати и градоначалници беа дел од деловниот појадок.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер