Заев на презентација на концептот Отворено владино партнерство (ОВП) - Канал 5

Заев на презентација на концептот Отворено владино партнерство (ОВП)

Концептот Отворено владино партнерство приднесе земјата да се трансформира од заробена држава во отворен и прогресивен пример, вели Заев.

Заев на презентација на концептот Отворено владино партнерство (ОВП)

Премиерот Зоран Заев на денешната презентација на концептот Отворено владино партнерство (ОВП), на која присуствуваше и генералниот директор на ОВП, од канцеларијата во Њујорк Санџај Прадхан, истакна дека основната цел на Отвореното владино партнерство, а и на Владата се промовирање на транспарентност, поддршка на граѓанското учество, борба против корупцијата и искористувањето на новите технологии во јавната администрација.

– Република Северна Македонија е дел од иницијативата Отворено владино партнерство од самиот почеток во 2011 година, заедно со граѓанскиот и бизнис сектор. Десет години подоцна земјата има само придобивки од учеството во овој процес. Креирани се четири национални акциски планови. Во моментов, сме во фаза на креирање на петтиот акциски план, кој треба да го опфати периодот од 2021 до 2023 година. Имаме спроведено над 50 мерки и активности кои водат во поголема отвореност на работата на Владата. Мерките директно влијаат врз остварување на правата на граѓаните и го подобруваат нивниот статус, рече Заев на отворената седница.

Тој потенцира дека од особено значење е што во заложбите за Отворено владино партнерство е вметнат и локалниот елемент, потоа Собранието, познато по иницијативата Отворен Парламент и Судската власт или Отворено судство.

-Ние сме меѓу првите држави, кои го проширија опфатот со заложби речиси кон сите институции. Со ова покажуваме дека отвореноста и транспарентноста се главни стожери на работата на оваа Влада. За тоа ќе се залагаме и во идните акциски планови. Владата успеа преку концептот на транспарентност, отвореност и отчетност да ги доближи институциите до граѓаните. Тие се вклучени во процесите за креирање на сите владини политики, единствен начин да имаме политики, закони, стратегии кои одговараат на интересите и на потребите на сите граѓани, истакна Заев

Тој потенцира дека овој концепт многу придонел земјата да се трансформира од заробена држава, во отворен и прогресивен пример не само на Балканот, туку и ширум светот.

-Овие принципи го трасираа патот на реформите и начинот на којшто оваа Влада ја практикува власта. Тоа значи дека постои силна политичка волја за воведување реформи коишто континуирано ги отвораат институциите и ги трансформираат во вистински сервис за граѓаните, рече Заев.

Според премиерот, Владата со граѓанското општество и бизнис секторот е рамноправен партнер и покажала посветеност во унапредување на сите столбови и процеси кои се дел од заедничките заложби.

-Еден од најбитните процеси за земјата и Владата како една од клучните активности е секако воспоставување на посебен и функционален веб-портал наменет за информирање, вклучување и следење на имплементацијата на акциските планови на земјата, подигнувањето на квалитетот на управување, квалитетни услуги за граѓаните преку транспарентно, инклузивно и одговорно работење е одлика на оваа наша Влада. Во таа насока е и воведувањето на многу нови алатки во изминатите години кои водат кон унапредување на транспарентноста, одговорноста, отчетноста и инклузивноста на сите актери во општеството, како што е и овој посебен портал, рече Заев.

Тој го спомна и моделот на обврска за претходно јавно објавување на договорот со операторот по завршена јавна набавка, а пред да почне да се реализира.

-Тоа заштедува стотици милиони евра во државава. Има контрола од Антикорупциска комисија дури и за оние одлуки коишто важат за конфидејшн – секогаш сме под комплетен мониторинг на самиот наш систем, вели Заев.

Премиерот посочи дека преку промоцијата и поддршката на отвореното владино партнерство започнала и иницијативата Отворен трезор преку која се отвориле трезорските трансакции на национално и локално ниво, а Владата овозможиле поголем увид во трошењето.

-Алатката придонесува и кон намалување на корупцијата, но и заштеда на неефикасните трошења. Во тој контекст го креиравме и порталот за отворени податоци каде институциите во отворен формат ги објавуваат податоците кои се во интерес на медиумите, бизнис заедницата, граѓанските организации, но и на сите граѓани. Овие податоци понатаму може да се користат на најразлични анализи, планирања, развивање на нови бизнис идеи, нови сеопшти идеи во општеството и друго, рече Заев

Тој потенцира дека дигитализацијата и новите технологии овозможуваат брза и лесна комуникација со граѓаните и граѓанскиот сектор.

-Ниеден политичар повеќе нема оправдување дека немал доволно време или шанса да се консултира со заинтересираните страни. Тоа денеска е полесно од кога било. Ова е можност која ние ја користиме, а во иднина секако дека ќе ја користиме уште повеќе. Владиниот пристап за соработка со граѓанското општество е изразен и преку соработката со Фондацијата Отворено општество Македонија и другите граѓански организации кои со поддршка од Секретаријатот за отворено владино партнерство и МИОА го унапредуваат процесот за структурирано вклучување на граѓанските организации во ко-креацијата, развојот и мониторингот на новиот Национален акциски план 2021-2023 година, потенцира премиерот.

Преку оваа соработка со граѓанското општество координирана од Фондацијата беше воспоставен Советот за координација и следење на процесот на отворено владино партнерство што претставува прв модел на партнерство и еднаквост во одлучување во нашата држава.

Преку отворено владино партнерство Советот беше воспоставен, структуриран механизам за постојан дијалог меѓу властите и граѓанското општество. Во новиот Национален акциски план продолжуваме да се фокусираме на заложбите кои ќе водат кон унапредување на транспарентноста и отчетноста, борбата против корупцијата, достапност и квалитетот на јавните услуги и пристапот до права за граѓаните на Македонија.

Премиерот Заев нагласи дека сето тоа што го прави Владата е во интерес на граѓаните, на медиумите, на граѓанското општество, но и во интерес на бизнис заедницата затоа што, како што рече, одговорното, транспарентното и отчетното владеење е основен постулат на секоја владејачка структура.

-Со ова ние ги поставуваме стандардите на владеење и стандардите на политичко однесување, поточно градиме една нова политичка култура во Македонија што ќе биде обврска за секоја следна владејачка гарнитура, заклучи премиерот Заев. /МИА

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривична пријава за раководството на УХМР и битолска фирма за наместени набавки

Сомнежи за злоупотреби со јавни набавки во УХМР. МВР поднесе кривична пријава против девет вработени и едно правно лице, меѓу кои и поранешниот в.д. директор Ивица Тодоровски. 

Кривична пријава за раководството на УХМР и битолска фирма за наместени набавки

Според истрагата, со спорни набавки во 2023 година на две фирми им била овозможена противправна имотна корист од речиси половина милион евра. Тодоровски потпишал тендер со фирма кој бил спротивен на одредбите на Етичкиот кодекс на Светска метереолошка организација. Најголем износ се однесува на фирма од Скопје, на која според полицијата и била овозможена имотна корист од околу 475 илјади евра. Речиси 13 илјади евра добила битолска фирма која требало да печати промотивни материјали и да набави ситен инвентар.

-И.Т. во својство на в.д. директор на УХМР, иако знаел дека се правно нецелосни и процедурално неисправни, донел две посебни одлуки за набавка во различен период за ист настан. И покрај фактот што однапред имал добиено спецификација за потребни количини на услуги за вкупните потреби и обемот на настанот, постапката ја спровел врз основа на изменета спецификација по единечна количина,- -МВР.

Инаку во јуни 2023 година во Скопје биле организирани две работилници за управување со системот за брзи поплави, за кои Светската метеоролошка организација обезбедила 650 илјади евра. И ДЗР во својот извештај од тогаш изразил мислење со резрева за финансиските извештаи за дел од потрошените пари и во него е наведено дека се одговорност на тогашниот в.д директор Ивица Тодоровски. Дел од пријавените вработени, според МВР одобриле и пуштиле во исплата фактура без приложени докази, со измислени коефициенти и невистинити финансиски податоци.

Уште една кривична пријава за проневера во службата и перење пари МВР поднесе против 47-годишен скопјанец и едно правно лице. Како овластено лице во фирма што вршела технички прегледи, од 2021 до јануари 2026, доставувал лажни извештаи до надлежните институции за надоместоците наплатени при регистрација на возила и противправно се стекнал со околу 110 илјади евра.

-Изготвувањето на извештаите и лажирањето на податоците биле извршувани во содејство со лицето С.С., кои како овластени лица за изготвување и потпишување на фактури и доставување на извештаи до надлежните институции со цел прикривање на паричните средства на наплатените парични средства преку две правни лица и осигурително брокерско друштво од Скопје, на чии сметки биле наплаќани предвидените надоместоци,- -МВР.

Пријавите се доставени до скопското и ОЈО ГОКК кои треба да ги прверат наводите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: До крајот на годината нема да има поскапување на струјата

Цената на електричната енергија до крајот на годината ќе остане иста, а владата ќе се бори таа да остане иста и од 1 јануари – изјави денеска премиерот Мицкоски.

Мицкоски: До крајот на годината нема да има поскапување на струјата

Цената на електричната енергија до крајот на годината ќе остане иста, а владата ќе се бори таа да остане иста и од 1 јануари – изјави денеска премиерот Мицкоски, според кој приоритет на владата била одржување на енергетската стабилност.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Осми конгрес на СОНК и повлекување на Неделков по 16 години

Ќе се заложам за подобри услови и плати, почитување на стекнатите права, но и за враќање на достоинството на просветниот работник, порача на осмиот конгрес на СОНК Стојко Рамов кој како единствен кандидат го заменува Јаким Неделков.

Осми конгрес на СОНК и повлекување на Неделков по 16 години

Ќе се заложам за подобри услови и плати, почитување на стекнатите права, но и за враќање на достоинството на просветниот работник, порача на осмиот конгрес на СОНК Стојко Рамов кој како единствен кандидат го заменува Јаким Неделков, кој по 16 години минати на претседателското место се повлекува од челната синдикална позиција.

-Приоритет ќе ми биде склучување на колективниот договор за основно и средно образование, но и да се потпише колективен договор за детска заштита, нов колективен договор за култура. Сметам дека во идниот период следува доста работа, се надевам дека ќе наидеме на разбирање од социјалните партнери и дека ќе успееме да го подобриме економскиот и социјалниот статус на просветните и културните работници во Република Македонија,- -Стојко Рамов.

Го скршивме мразот на замрзнатите плати, а трасираниот пат кон успехот треба да продолжи бидејќи навистина има уште многу работи што треба да се завршат, порача Неделков истакнувајќи дека за најголемо достигнување и гордост сепак го смета тоа што не дозволил разни струи од надвор да влезат во редовите на Синдикатот.

-Во овој мандатен период најмалото зголемување во дејностите детска заштита и образование е над 70 %, а највисокото зголемување на платите во високото образование и наука е околу 100 %. Мојата најголема гордост е што не дозволив разни „струи“ од надвор кои имаат интерес го ослабнат СОНК, да влезат во нашите редови и да го ослабнат или растурат Синдикатот. Највистина сум горд што нашето членство остана единствено,- - Јаким Неделков.

Министерката за образование и наука Весна Јавска која присуствуваше на Конгресот порача дека очекува да продолжи партнерскиот дијалог и подвлече дека тешката реформа, што инаку вклучува затворање на голем број на училишта ширум земјава, или „оптимизацијата во образованието“ нема да остави ниту еден наставник без работа.

„Оптимизација“ значи подобрување на образовниот процес. Во принцип, генерално, најголемата корист ќе биде за учениците, но тоа не значи дека и наставниците нема да се чувствуваат подобро кога работат во подобри услови и поголеми групи. Овој процес, кажав, би требало да трае најмногу 4 години, во кои ниту еден наставник нема да го загуби работното место, но нови вработувања во овој период нема да има. - Весна Јаневска.

По 16 години, СОНК добива нов претседател, Рамов го презема претседателското место како единствен кандидат на осмиот конгрес, а до изборот беше еден од двајцата потпретседатели на СОНК и претседател на регионален огранок на синдикатот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер