Заев на Конгресот на ДПС на Црна Гора: Левичарските политики се иднината на регионот и на Европа

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, придружуван од министерка за труд и социјална политика, Мила Царовска и меѓународниот секретар, Дане Талески, имаше обраќање на Конгресот на Демократската партија на социјалистите на Црна Гора.

Во обраќањето, претседателот на СДСМ и премиер порача дека левичарските политики се политики на прогрес и просперитет на регионот и на цела Европа.

-Времето на политиките на популизам, национализам, радикализам помина. Левичарските политики ќе бидат иднината на регионот и на Европа, оцени премиерот Заев.

Тој пренесе поздрави како премиер, од мултиетничкиот народ во нашата држава и како претседател на СДСМ, од социјалдемократите во земјава.

-Република Северна Македонија почитува што под раководство на ДПС и Мило Џукановиќ ја донесовте независноста на Црна Гора, станавте членка на НАТО и сте лидер во интеграциите на ЕУ во Западен Балкан. Ова лидерство во регионот е изразено преку најголема просечна плата во земјата, лидер во растот на БДП, посочи претседателот на СДСМ и премиер, Заев.

Тој нагласи дека борбата за социјалдемократските вредности продолжува, за поголема социјална помош, поголеми пензии, плати, минимална плата, подобар достоинствен живот за граѓаните.

-Ќе повикам на нова преокупација во регионот што ја застапуваме и верувам ја поддржувате, да имаме 50 - 50 жени во политиката и на парламентарните избори и да дадеме шанси на младите луѓе, повика претседателот на СДСМ и премиер Заев на Конгресот на ДПС на Црна Гора.

Предлогот пред делегатите на оваа сестринска партија на СДСМ, е реизбор на Мило Ѓукановиќ за претседател на ДПС и на Душко Марковиќ за заменик претседател, инаку претседател и премиер на Црна Гора.

На Конгресот се присутни гости од БИХ, Србија, Албанија, Хрватска, амбасадори, меѓународни претставници, на Социјалистичката интернационала, а во видео обраќања пораки упатија премиерот на Финска, претседателот на словенечките Социјалдемократи и Претседател на Парламентот на Словенија, претседателот на Партијата на европските социјалисти, претседателката на Групата на социјалисти и демократи во ЕП, од СДП - Германија. Се слушнаа силни пораки на поддршка на европските перспективи на Западен Балкан и реформската определеност на државите. Како важни, посочени се социјалните и економските политики и владеењето на правото. На Конгресот е изразена и солидарност и подадена рака за помош кон пријателска Република Албанија по силниот земјотрес во Драч.

Тренерот на младинците ќе го води Јувентус до крајот на тековната сезона

Тренерот на тимот на Јувентус до 21 година, Паоло Монтеро ќе го предводи сениорскиот тим до крајот на сезоната, објави клубот од Торино на својот официјален сајт.

Педесет и двегодишниот Уругваец ќе го претставува тимот на натпреварите против Болоња и Монца.

Досегашниот тренер Масимилијано Алегри пред два дена доби отказ и покрај освоениот трофеј во Купот на Италија.

Алегри беше на чело на Јувентус од мај 2021 година. Под негово водство тимот освои 80 победи, 34 пати ремизираше и претрпе 35 порази.

На две кола пред крајот на сезоната во Серија А, Јувентус е на четвртото место со 67 бодови. /МИА

Во поплави во авганистанската провинција Фарјаб уште 18 лица го загубија животот

Во поплави кои повторно ја зафатија северната авганистанска провинција Фарјаб уште 18 лица го загубија животот, а двајца се повредени, соопшти Министерството за бегалци, цитирано од ДПА.

Уништени или оштетени се стотици куќи, близу 200 хектари земјоделско обработливо земјиште, над 100 дуќани, амбуланта. Угинаа и животни на фарма, се вели во соопштението на Министерството.

Поплавите ја влошија и така тешката хуманитарна криза во Авганистан, зголемувајќи го бројот на жртви од многуте природни катастрофи што ја погодија земјата во последниве години.

Властите во централната провинција Гор вчера соопштија за најмалку 50 смртни случаи како резултат на обилните дождови и поројните поплави кои блокираа голем број клучни патишта во областа. Слична загриженост изразија и властите во провинцијата Бадакшан, каде што надојдените води блокираа главен пат.

Претходно оваа недела, поплава ја зафати северната провинција Баглан и животот го загубија повеќе од 300 луѓе, јави ДПА. /МИА

Мицкоски: Ќе водиме принципиелна политика со соседите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар Христијан Мицкоски денеска најави водење принципиелна политика со соседите. 

Како идна Влада, како што рече, на денешното одбележување на годишнината од Разловечкото востание, коалицијата „Твоја Македонија“ ќе се залага за принципот „своето не го даваме, туѓото не го сакаме“, потенцирајки дека нема да се прават избрзани чекори, кои можат „многу“ да ја чинат државата.

-Вие сте свесни дека дека против природата не можеме, како народ сме од најмалубројните народи во Европа. Организацијата која што има често и привилегијата да ги брани интересите на еден од најмалобројните народи во Европа - македонскиот народ, треба да е мудра. Не треба да правиме избрзани чекори кои што може да не чинат многу. Подобро да се придвижуваме за милиметар, но тој чекор да биде цврст. Мора да сме трпеливи, мора да сме попаметни, тројно попаметни од сите и помудри, затоа што само така можеме да опстанеме во круг на многу предатори кои што верувајте не сакаат да ја видат Македонија успешна, не сакаат да ја видат Македонија просперитетна, среќна, Македонија полна со граѓани кои што се задоволни. Тоа го видовте уште во првите денови кога ние не бевме се уште разбудени од оној историски резултат на 8 мај, а веќе почнаа страстите да се вжештуваат, но не само наоколу туку и дома, рече Мицкоски.

Како идна Влада, додаде, победничката коалиција е подготвена сите тие предизвици да ги совлада, како што рече, трпеливо и со паметна политика која како таква политика ќе се води со соседите.

-Ве повикуваме на градење мостови, ги повикуваме сите на заедничка соработка во рамките на овој наш преубав Балкан. Што се однесува до меѓународната политика нема никогаш да не видите како коленичиме, како се вовлекуваме или како се понижуваме самите себе. Имав можност изминативе години да среќавам светски авторитети од Вашингтон преку Брисел и Берлин и останатите светски важни главни градови. Ништо повеќе за мене не е инспиративно отколку овој преубав македонски народ и ова преубава наша македонска држава, така што ќе имаме и кон нив една политика која што ќе се темели на аргументи, бидејќи никогаш не се плашиме да ги вкрстиме нашите аргументи со аргументите на нашите соговорници, додаде Мицкоски.

Мицкоски отфрли какво било беспотребно иритирање кон соседите, напоменувајќи дека сепак треба да се почитува елементарното човеково право кое е загарантирано.

притисни ентер