Заев на Форумот „Европа-Вахау": Македонија не бара членство веднаш, но бара почеток на преговори со ЕУ

Македонија не бара веднаш да стане членка на Европската унија, но сака по сите вложени напори да и се овозможи отворање на претпристапните преговори, порача премиерот Зоран Заев .

Македонија не бара веднаш да стане членка на Европската унија, но сака по сите вложени напори да и се овозможи отворање на претпристапните преговори, порача премиерот Зоран Заев денеска во своето обраќање на последниот ден од тридневниот Форум Европа -Вахау, кој се одржа во Гетвајг во Австрија.

Во фокусот на дискусијата на последниот ден од форумот, кој почна завчера, беа перспективите на Западен Балкан во однос на неговата целосна интеграција во Европската унија, при што учесниците, меѓу кои и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, заклучија дека за регионот клучна е веродостојната европска перспектива.

Заев нагласи дека Скопје не гледа никаква алтернатива за полноправното членство во ЕУ.

-Веруваме во Европски вредности можеби повеќе и од некои земји членки. Можеме многу да и дадеме на Европа. Ние сме дел од Европа и ги делиме истите вредности. Мора секогаш да имаме на ум дека Европа е формирана за да биде најмоќна заедница. И затоа Европа мора да ги отвори вратите. Веруваме и очекуваме дека оваа година нашата земја ќе добие датум за почеток на преговорите, истакна Заев во одговор на прашањето што би добила ЕУ со членството на Македонија.

Нагласувајќи дека за земјава нема друга алетрнатива, освен членство во ЕУ Заев пред присутните истакна дека Македонија направи низа реформи во правосудството, во јавната администрација, како и во безбедносните служби.

-Преку дијалог најдовме решение после 28 години. Создадовме модел за решение и притоа го зачувавме идентитетот на двете страни. И во моментов ги жнееме ефектите од овој договор. Сите земји членки на Унијата, можеме да ги донесеме бенефитите заедно. Петнаесет години сме земја кандидат за членство во Унијата и време е да го преминеме прагот, посочи Заев и додаде дека дури и земјите земји коишто се двоумеа за можноста да се проширува ЕУ полека го менуваат своето мислење.

Еврокомесарот за проширување, Хан изјави дека заедницата на Европа е можна само со прием на сите земји од Западен Балкан.

На прашањето зошто на ЕУ и е потребен Западен Балкан Хан истакна дека во земјите од Западен Балкан коишто не се членки на Унијата живеат околу 18 милиони луѓе и дека регионот има многу предизвици.

-И бидејќи Европа досега покажа дека може да се соочи со предизвиците, треба да му помогне на Западен Балкан зошто станува збор за регион со голем потенцијал, рече меѓу другото Хан и додаде дека „Европа ќе биде обединета и унифицирана, само ако во неа бидат обединети овие шест земји од Западен Балкан".

Хан нагласи дека неспоредлив е придонесот на Заев и Македонија за целиот регион на Западен Балкан. – И затоа треба да направиме се, за да и помогнеме не Северна Македонија", додаде тој.

Според Хан внатрешноевропскиот процес на обнова и процесот на проширување, кои како што појасни ќе траат со години, треба паралелно да се одвиваат. Меѓутоа укажа дека за такво нешто е потребна политичка волја.

Федералната канцеларка на Австрија, Бригите Бирлајн во своето прво јавно обраќање како австриска канцеларка истакна дека само обединета Европа може да се соочи со сите предизввици

Бирлајн потсети на отворањето на границите пред 30 години и пристапување на Австрија пред 25 години, оценувајќи го тоа како важна историска пресвртница.

Австрија, според неа, ја докажала стабилноста и доследноста во европската политика.

-Европа е пред големи предизвици, кои мора заедно да ги совладаме. Австрија е подготвена да даде свој придонес, додаде Бирлајн.

Јоана Микл Летнер, гувернерка на Долна Австрија, порача дека на регионот треба да му се даде веродостојна европска перспектива.

-На земјите од Западен Балкан треба да им се помогне во нивната обнова, а со државите како што се Македонија и Албанија треба да се почнат претпристапни преговори, нагласи таа.

Мики Лајтнер, некогашна министерка за внатрешни работи на Австрија, изјави дека е неопходно да се понуди веродостојна и конкретна перспектива тие земји да можат да станат членки на Унијата.

Според неа постојат само две можности – регионот да се препушти на Кина, Русија или некој друг или да стане дел од европското семејство на вредности.

-Откако кандидатката ќе ги исполни сите критериуми во однос на владеењето на правото, слободниот пазар и почитување на човековите права, не смее да има одложување и погрешни компромиси, додаде таа.

Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани изјави дека е неопходно заедничко изјаснување за силна и заедничка Европа.

Важна основа за тоа е јакнење на принципот на субсидијарност, заедничка надворешна политика, единствена политика кон мигрантите, како и заеднички буџет и повеќе пари за истражување и иновации.

-Стабилноста на Западен Балкан значи стабилност и на целиот регион, силните политички одлуки ни требаат и за засилување на економијата, заклучи Тајани на затворањето на форумот Европа – Вахау.

Синот на Шерон Стоун стана актер

23 годишниот Роан Џозеф Стоун тргна по актерските стапки на својата славна мајка, холивудската ѕвезда Шерон Стоун.

Сексапилната актерка не го криеше задоволството што нејзиниот наследник стана актер, пишува Daily Mail.

Шерон Стоун воодушевене од новиот ангажман на синот на интернет објави фотографија од Роан.

"Роан Џозеф Стоун. Прв ден на снимање. Добре дојдовте во семејниот бизнис, дете. Забавувајте се", напиша гордата мама.

Честитки дојдоа од сите страни. Обожавателите напишаа дека е убав и едвај чекаат да го видат на големите или малите екрани.

Да потсетиме дека Шерон го посвои Роан со нејзиниот поранешен сопруг Фил Бронстин во 2000 година.

Демократски сојуз: Полицијата да обезбеди услови за фер избори

Демократски сојуз на сите полицајци и припадници на службите за безбедност, им го честита 7 Мај, ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА и им посакува успешно извршување на сложените безбедносни задачи.

Празникот се совпаѓа и со изборите за претседател на државата и за пратеници, каде за жал, улогата на полицијата е клучна за обезбедување стабилност и услови за мирни и фер избори.

Овие денови се клучни за да спречите нерегуларности, притисоци, купување на гласови, организирање на „Бугарски воз“ или нарушување на изборниот процес на кој било начин (насилство итн).

Инаку полицијата и службите за безбедност извршуваат тешки, одговорни и сложени безбедносни задачи, но последните години се со ниски примања. Така, главен оперативец задолжен за спречување и откривање на тешки кривични дела прима плата од околу 45 илјади денари, а јавен обвинител околу 130 илјади денари.

Затоа предлагаме двојно зголемување на платите и нивно усогласување со платите на обвинителите и судиите.

Честит празник!

Екипата од Туминец повторно најуспешна на велигденскиот фудбалски турнир на Општина Пустец

Фудбалската екипа од село Туминец е победник на годинaшниот турнир одржан во Долна Горица, општина Пустец. Младите фудбалери од Туминец беа подобри во финалето против екипата на Горна Горица.

Фудбалскиот турнир организиран од Општина Пустец, традиционално се одржува по повод големиот празник Христовото воскресение - Велигден, кога Македонците, кои живеат и работат во други земји, главно во соседните, се враќаат во родните села.

На турнирот, што годинава беше посветен на Васил Јанкула, кој почина на трети минатиот месец, учествуваa екипи од сите села на општината.

Градоначалникот Пали Колефски ѝ го врачи пехарот на фудбалската екипа на Туминец, предводена од капитенот Драган Вурмо, која повеќе години по ред е победник на велигденскиот фудбалски турнир.

- Најпрво ви го честитам големиот празник, Христовото Воскресение - Велигден, со желби за здравје и благосостојба. Честитки за победата, а и на сите учесници за фер однесувањето на натпреварите. Моја порака и голема желба, е, да продолжиме со оваа убава традиција, посака Колефски.

Сите екипи, учесници, како и досега, соодветно беа наградени од општината.

притисни ентер