Мицкоски за одлуките на Врховен: Тоа е едно големо разочарување, но тука не се откажуваме и нема да очајуваме
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски
1Мицкоски за одлуките на Врховен: Тоа е едно големо разочарување, но тука не се откажуваме и нема да очајуваме
2Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски
3Сали–Бланар: Поддршката на Словачка за европската интеграција на Македонија останува силна и значајна
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ФудбалРоналдо му ја честита титулата на СпортингИлјадници навивачи на Спортинг се собраа во главниот град Лисабон и до раните утрински часови денеска го славеа успехот на својот клуб кој по 20 пат во историјата стана фудбалски шампион на Португалија.Спортинг ја освои титулата откако Бенфика загуби со 2-0 на гостински терен од Фамаликао, со што тимот предводен од Рубен Аморим стекна осум бодови предност на врвот на табелата на два натпревари до крајот на сезоната. Набргу по поразот од Бенфика, илјадници навивачи се собраа на централниот плоштад во Лисабон, каде што играчите пристигнаа со автобус со отворен покрив и еден по еден се качуваа на големата бина поставена на плоштадот, додека навивачите вееја знамиња и шалови. Капитенот на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо, кој настапува за саудиски Ал Наср, се огласи на социјалните мрежи за да му честита на Спортинг, клубот во кој ја почна својата професионална кариера. „Честитки шампиони!“ напиша Роналдо на Инстаграм. Спортинг ја врати титулата три години по последниот трофеј во 2021 година, кога прв пат стана шампион по пауза од речиси две децении. Шампионската прослава во 2021 година се одржа за време на пандемијата на Ковид – 19 и беше во сенка на судири меѓу полицијата и навивачите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МакедонијаМицкоски за одлуките на Врховен: Тоа е едно големо разочарување, но тука не се откажуваме и нема да очајувамеЗа лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тенденциозни се обидите од власта и Мицкоски да се наметне дека судството е под контрола на СДСМ и ДУИ.Одлуката на Врховниот суд за укинување на пресудата за автобуската несреќа кај Ласкарци за премиерот Мицкоски е големо разочарување и последица на, како што рече, малкумина рецидиви од претходната власт на СДСМ и ДУИ кои, според него, се уште делуваат во правосудниот систем. Коментирајќи го укинувањето на пресудите за Ласкарци и Стевчо Јакимовски, Мицкоски кажа дека добро е ваквите примери да ги следат во ЕУ, кога се зборува за правосудството во земјава. Несреќата кај Ласкарци со голем број жртви и лица кои останале со траен инвалидитет, според премиерот, треба да биде доволна причина правосудството да постапува во интерес на правдата. -Гледате така згрчевито се борат, ги амнестираат, така се случи со модуларната болница, така и сега со Ласкарци. Понекогаш имам и чувство дека со ветерници се бориме, како да е сето ова Дон Кихотовска битка. Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат на слобода луѓе за коишто постои основано сомнение, односно правосилна судска пресуда, и како последица на нивното работење имаме повеќе десетици мртви, како ништо да не било. Тоа за нив ништо не значи бидејќи од тој којшто ги назначил, нивниот стопан, нивниот газда, добиле таква наредба. Тоа е едно големо разочарување - изјави Мицкоски. За лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тенденциозни се обидите од власта и Мицкоски да се наметне дека судството е под контрола на СДСМ и ДУИ, а последните одлуки на Врховен според него се доказ дека единствен начин за враќање на довербата во правосудството е отворањето на преговорите со ЕУ и создавање на судство и обвинителство по европски терк. -Сметам дека во ситуација во којашто довербата во судството е исклучително ниска, единствен начин на којшто можеме да почнеме да ја враќаме довербата во правосудниот систем е тука да има европско правосудство. И тоа е концептот на продолжувањето кон ЕУ, на отворањето на кластерите, преговорите, затоа што тоа значи зајакнување на системот. Тоа значи присуство тука на европско обвинителство, на судови по европски критериуми во којшто никој никогаш нема да биде поштеден, изјави Филипче. Инаку, во речиси сите извештаи на ЕК за земјава главните забелешки се однесуваат на состојбите во правосудството, борбата против корупцијата и владеењето на правото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МакедонијаНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо ЈакимовскиВрховниот суд се уште не го објавува образложението за укинувањето на пресудата на Апелациониот суд Скопје за автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 патници, а 38 беа повредени. Станува збор за второстепената пресуда со која на дел од осудените им беа зголемени затворските казни изречени првично од Кривичниот суд. Предметот сега се враќа на повторно постапување и одлучување пред Апелација. Од таму за Канал 5 велат дека сè уште е рано да се прејудицира во која насока ќе се движи предметот. Судот повторно ќе треба да одлучува по жалбите. Во зависност од причините поради кои Врховниот суд ја укинал претходната одлука и од законските услови, Апелација може да ја потврди или преиначи првостепената пресуда, а можно е предметот повторно да биде вратен и пред првостепениот суд. Пет години по несреќата, во јануари 2024 година, шестмината обвинети возачот Маноил Трифуновски, сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули и одговорниот за транспорт Ремзи Мифтари како и тројца од станицата за технички преглед беа осудени на затворски казни. Апелација претходно ја прифати жалбата на Обвинителството и на дел од осудените им ги зголеми казните. На Белули казната од четири беше зголемена на десет години затвор, на Мифтари од шест на десет, додека Ѓорѓиевски и Дуковски вработени во станицата за технички прегледи, наместо по пет, добија по седум години затвор. Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески, коментирајќи ги реакциите, нагласи дека Врховниот суд не ги оценувал обвиненијата, туку законитоста на судските одлуки. „Одлуките на повисоките судови се во врска со одлуките на пониските судови. Врховниот суд не ги ценел обвиненијата, туку одлуките на второстепениот и првостепениот суд“, рече Савески. Освен за случајот Ласкарци Врховен ги укина и пресдуите на Кривичен и на Апелација за поранешниот градоначалник на карпош Стевчо Јакимовски и предметот го врати на повторно судење пред Кривичниот суд. Јакимовски со оваа одлука практично треба да излезе од затвор откако ќе ја добие одлуката. Неговиот адвокат Виктор Цветковски, за Канал 5 вели дека е задоволен од насоката во која се движи постапката. „Сите рокови за излез на Јакимовски течат од моментот на приемот на пресудата. Додека ниту една од странките не ја добие пресудата во писмена форма, не може да се постапува само врз основа на објавата на веб-страницата на Врховниот суд. Во самата пресуда треба да бидат наведени образложението и причините врз основа на кои е донесена одлуката, како и насоките за понатамошното постапување на пониските судови“, вели Цветковски. Практично, со одлуките на Врховниот суд, осудените во предметот „Ласкарци“, како и Стевчо Јакимовски, ќе можат од слобода да ги следат понатамошните судски постапки. Предметите, сепак, не се завршени, а конечниот исход ќе зависи од новите одлуки на пониските судови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МакедонијаСали–Бланар: Поддршката на Словачка за европската интеграција на Македонија останува силна и значајнаПрвиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, во рамки на посетата на Братислава, оствари средба со министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар.На средбата беа потврдени одличните односи меѓу двете земји и континуираната поддршка на Словачка за европската перспектива на Македонија и на Западен Балкан. Сали му се заблагодари на министерот Бланар за гостопримството и за континуираниот ангажман на Словачка во одржувањето на политиката на проширување високо на агендата на Европската Унија, особено истакнувајќи ја активната улога на Братислава во рамки на групата „Пријатели на Западен Балкан“. „Европската иднина на Македонија е наша стратешка определба и остануваме целосно посветени на реформите и исполнувањето на обврските што произлегуваат од процесот на пристапување. Истовремено, од суштинско значење е процесот да остане кредибилен, предвидлив и заснован на заслуги, при што исполнувањето на договорените обврски ќе биде проследено со конкретен напредок“, истакна Сали. Во овој контекст, беше разговарано и за значењето на добрососедските односи и потребата билатералните прашања да се решаваат преку дијалог, меѓусебно разбирање и почитување, притоа зачувувајќи го европскиот и реформскиот карактер на пристапниот процес. Сали истакна дека Македонија останува посветена на конструктивен дијалог со Бугарија и на градење одржливи добрососедски односи, нагласувајќи ја важноста европскиот процес да обезбеди предвидливост и сигурност дека исполнувањето на договорените обврски ќе овозможи напредок кон следните фази од преговорите. Соговорниците разговараа и за постепената интеграција на земјите кандидати во политиките и единствениот пазар на ЕУ, спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан, како и за можностите за продлабочување на билатералната соработка и размена на словачкото искуство во процесот на европска интеграција. Сали нагласи дека поддршката од пријателски и партнерски земји како Словачка е значајна како за напредокот на Македонија кон ЕУ, така и за зачувување на кредибилитетот на политиката на проширување во целиот Западен Балкан. Кабинет на министерот за европски прашањаТагови: Беким Сали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05