Заев: Македонскиот јазик со својата посебност е признат во целиот свет

 Нашиот македонски јазик ги помина сите фази на создавање и кодификација, на пробив и препознавање.

Оваа Влада искрено и силно е посветена во негувањето и унапредувањето на македонскиот јазик, бидејќи нашиот јазик е нашиот национален и културен идентитет, напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев, по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, кој Владата пред две години го прогласи за празник во чест на 5 мај 1945 година кога е донесено Решението на Президиумот на АСНОМ за усвојување на азбуката на македонскиот јазик.

Наведува дека за унапредување на македонскиот јазик, Владата иницираше измени и дополнувања на Законот за употреба на македонскиот јазик и ги слуша, како што вели, сите забелешки и сугестии во насока на негова промоција. Посочува и дека Владата ја продолжува поддршката на голем број книжевни дела од издавачката дејност на Институтот за македонски јазик, како придонес за збогатувањето и унапредувањето на македонскиот јазик.

– Нашиот македонски јазик ги помина сите фази на создавање и кодификација, на пробив и препознавање, и денес со својата посебност е признат во целиот свет, впишан во личната карта на нашата држава во големото семејство на народи и на земји членки на Обединетите нации, пишува премиерот.

Потсетува дека 2021 е година во знакот на 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската култура – Блаже Конески, како најзаслужен за утврдувањето на македонскиот стандарден јазик.

-Токму во чест на Џинот од Небрегово, чие дело е светски признато ова одбележување, е дел од Календарот на важни меѓународни јубилеи поддржани од страна на УНЕСКО, додава Заев.

Во објавата на Фејсбук премиерот наведува дека на македонски јазик се школувале, се школуваат и ќе се школуваат генерации успешни академици, доктори, инженери, новинари, културни работници… и дека тоа е јазикот кој се изучувал на триесетина универзитети низ светот.

– Македонски јазик е јазикот на Блаже Конески, Гане Тодоровски, Даница Ручигај, на Анте Поповски, Славко Јаневски, Матеја Матевски, Ката Мисиркова-Руменова, на Петре М. Андреевски, Видое Подгорец, Оливера Николова и на плејада други подоцнежни и сегашни литерати кои низ годините наназад оставија илјадници книги напишани од нивното македонско перо. Сѐ дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, сѐ дури постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик. Тие две нешта не можат едно без друго, затоа што тие постоеле, постојат и ќе постојат во убава и нераскинлива симбиоза, напиша Заев на својот фејсбук-профил.

Египет испраќа делегација во Израел за да се обиде да постигне договор за примирје

Претставници на палестинската болница вчера соопштија дека најмалку пет лица загинале во воздушни напади во Рафа.

Египет испраќа делегација на високо ниво во Израел со надеж дека ќе постигне договор за прекин на огнот со Хамас во Газа, истовремено предупредувајќи дека евентуалната нова израелска офанзива врз јужниот град Рафа на границата со Египет може да има катастрофални последици за регионалната стабилност, изјавија денеска двајца официјални претставници.

Претходно денеска, либанската милитантна група Хезболах истрела противтенковски ракети и артилериски гранати врз израелски воен конвој во спорна област долж границата, при што загина еден израелски цивил.

Претставници на палестинската болница вчера соопштија дека најмалку пет лица загинале во воздушни напади во Рафа.

Повеќе од половина од 2,3 милиони жители побарале засолниште во тој град. /МИА

Итна евакуација на две болници во Киев поради стравувања од руски напади

Градската државна на Киев извести дека итно евакуира две болници во Киев, од кои едната е детска болница, поради информациите за можен руски напад врз овие објекти, пренесува Украинска правда.

Во соопштението од Градската управа на Киев се наведува дека на интернет се споделува видео со најава за руски напад врз овие медицински установи бидејќи, наводно, внатре се (украински) војници, додавајќи дека „тоа е целосна лага и непријателска провокација која се користи за напад врз социјалната инфраструктура на главниот град на Украина“.

„Со цел да се заштитат болните деца, нивните родители и медицинскиот персонал, властите во Киев прават се што е можно да ги префрлат пациентите и медицинските лица во други медицински установи“, се истакнува во соопштението. /МИА

Пленковиќ: Милановиќ повеќе не постои

Премиерот на техничката влада на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска изјави дека и трет мандат ќе остане претседател на извршната власт, а на Зоран Милановиќ му порача дека повеќе не постои како претседател на Републиката.

Милановиќ како претседател на Републиката повеќе не постои … Тој го знае тоа, тоа го знаат сите експерти по уставно право. По овој тежок пораз и тој да си поднесе оставка, наведе Пленковиќ.

Тој оцени дека Милановиќ и лидерот на Социјалдемократската партија, Пеѓа Грбин требало веднаш да ја напуштат политиката на 17 април по поразот на изборите. /МИА

притисни ентер