Заев ќе се сретне со вработените во ДПИ, но останува на ставот за разрешување на Пауновски

Премиерот Заев утре ќе се сретне со вработени во ДПИ од кои директно на рака ќе ја добие петицијата со која бараат да ја преиспита најавата за разрешување на директорот на институцијата Стојко Пауновски. 

На прашање дали како што најави ќе го разреши Пауновски, Заев рече дека веднаш по средбата, на владина седница ќе го потврди тоа што претходно го кажал.

Пауновски преку медиумите пред неколку дена се изјасни дека поголемиот дел од 35-те прераспределени рамковни административци поради несоодветно образование не се прифатливи за Инспекторатот и тврдеше дека за истото блговреме писмено ја известил владата, но не добил повратен одговор.. Преиерот пак тврди дека Пауновски не побарал средба и не предложил начин за решавање на проблемот..

Пауновски денеска не сакаше да го коментира образложението потпишано од вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски и првиот вицепремиер Артан Груби дека е неприфатливо да не се почитуваат препораките на Владата и дека Заев имал неуспешен обид за комуникација со него. За најавите за негово разрешување претходно само кратко ни одговори:

„Ќе ја почитувам одлуката каква и да е”, вели Стојко Пауновски, Директор на ДПИ.

Инаку последниот извештај на инспекторатот кој се однесува на втората половина на минатата година покажа дека пазарната инспекција направила речиси 15 илјади надзори, со 176 инспектори. Како еден од пробелмите се посочува висока просечна старост на инспекторите, со оглед дека тие што се над 55 години не смеат да одат во ноќни контроли...

Сите спортски настани во Иран се откажани поради смртта на претседателот на земјата

Иранските власти одлучија да ги откажат сите спортски настани во земјата поради смртта на претседателот на земјата Ебрахим Раиси, пренесе агенцијата ИРНА.

Раиси загина во хеликоптерска несреќа. Инцидентот се случи вчера попладне.

Заедно со шефот на државата, во хеликоптерот се наоѓале и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан и други членови на делегацијата. Меѓу нив се имамот на Табриз Мохамад Али ал-Хашем, шефот на провинцијата Источен Азербејџан Малек Рахмати, екипаж на хеликоптер и еден телохранител.

Ирачкиот премиер изрази сочувство до иранскиот народ

Ирачкиот премиер Шија ал-Судани изрази солидарност со иранскиот народ по смртта на Ебрахим Раиси.

„Со длабока тага и жалост ја примивме трагичната вест за смртта на претседателот на Исламската Република Иран, Ебрахим Раиси, министерот за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахиан и нивните придружници, како последица на несреќа во северен Иран“, наведе Ал Судани.

„Изразуваме искрено сочувство до врховниот лидер на Исламската Република Али Хамнеи и до нацијата на Иран, нејзината влада и народ. Ја изразуваме нашата солидарност со братскиот ирански народ и со претставниците на Исламската Република за време на оваа болна трагедија“, додаде ирачкиот премиер.

Мадуро изрази сочувство до Иран за „безусловниот пријател“ Раиси

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изрази сочувство до Иран и неговиот врховен лидер Али Хамнеи, велејќи дека Ебрахим Раиси е „безусловен пријател“ на Венецуела.

„Топла прегратка од Боливарската Република Венецуела. Ти, Иран, си пример за достоинство, морал и отпор“, напиша Мадуро во објавата на социјалните мрежи.

притисни ентер