Заев: Ќе раководам со финансии бидејќи ова е економска година

Премиерот Заев попладнево ги објави имињата на новите министри. Најголемо изненадување е тоа што премиерот покрај претседател на владата ќе биде и нов министер за финансии.

Освен премиерската функција Зоран Заев ќе ја извршува и финкцијата министер за финансии на местото на Драган Тевдовски. Ова е најголемото изненадување како дел од владината реконструкција која опфаќа уште пет нови министри. Заев вели дека на оваа позиција ќе биде одредено време, и не ја исклучи можноста да биде менаџер на државната каса до следните парламентарни избори.

На чело на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство доаѓа Трајан Димковски, кој беше советник на претходниот министер Љупчо Николовски. Од пратеничките клупи во Министерството за локална самоуправа заминува Горан Милевски од ЛДП. Нов министер за животна средина и просторно планирање ќе биде Насер Нуредини. Тој е инвестициски банкар и финансиски советник за банкарство во Лондон и во Виена. Досегашниот министер за животна средина Садула Дураки ќе биде на чело на новото министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. А за култура нов министер ќе биде Хусни Исмаили.

Реакција околу новата распределба на ресорите засега има од НДП од каде велат дека Министерството за локална самоуправа им припаѓа ним.

,,Премиерот не може да одлучува без наша согласност, ова министерство да му го доделува на внатрешен партнер на партијата СДСМ, со кој има внатрешни проблеми, за да ги задоволи неговите коалициони партнери а во штета на владината коалиција.

Разрешени се вицепремиерот за спроведување на рамковниот договор Хазби Лика и министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима Зоран Шапуриќ. Заев им се заблагодари и на досегашните министри за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, за култура Асаф Адеми.

Списокот со новите министри денеска ќе биде доставен до Собранието, по што се очекува предлогот да биде ставен на усвојување на собраниска седница во текот на следната недела. По реконструкцијата на Владата, премиерот Заев претходно најави и дека ќе следуваат промени во вториот и третиот ешалон со кој треба да бидат опфатени дваесетина директори на претпријатија.

Курти ѝ се пожалил на американската државна потсекретарка за заканите од Србија кон Косово

Курти ја изрази својата загриженост поради постојаните закани на Србија кон косовската држава.

Косовскиот премиер, Албин Курти на денешната средба со потсекретарката за јавна дипломатија на Стејт департментот на САД, Елизабет Ален, која престојува во Косово, ја изрази својата загриженост поради постојаните закани на Србија кон косовската држава, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти владината служба за информирање, Курти на средбата со Ален рекол дека „авторот и водач на терористичката и паравоена српска група“, која го изврши нападот во Бањска во северно Косово во септември минатата година, Милан Радоичиќ, сè уште е на слобода во Србија.

Косовскиот премиер изразил и жалење што барањето на Косово за членство во оваа институција не е ставено на агендата на Комитетот на министри на Советот на Европа за 17 мај.

„На средбата се разговараше и за односите меѓу Косово и Србија и за процесот на дијалог со посредство на Европската унија. По ова прашање премиерот Курти ја истакна важноста од целосно и безусловно спроведување на основниот договор и неговиот анекс. Во однос на патот на Косово кон евроинтеграциите, премиерот Курти изрази жалење што Комитетот на министри на Советот на Европа одби да го вклучи Косово во агендата за гласање на 17 мај, со оглед на тоа што Косово ги исполни сите критериуми за членство“, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот.

Во текот на разговорот, Курти ја запознал Ален со „случувањата во земјата, напредокот во владеењето на правото, социјалните политики кои ги поддржуваат жените и децата, реформите во образованието со цел поврзување на образованието со пазарот на трудот, како и политиките и инвестициите во енергетиката“.

Курти изјави дека САД се сојузник и историски партнер на Косово и очекува зајакнување на меѓусебните односи во иднина, особено на полето на економијата и трговијата.

Пред да се сретне со Курти, американската дипломатка, Ален претпладнево се сретна и со претседателката на Косово, Вјоса Османи, со која потпиша договор за разбирање меѓу владите на САД и Република Косово, против манипулациите со информации од други држави. /МИА

Идентификувана точната локација на падот на хеликоптерот Раиси

 Командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) во Источен Азербејџан, Асгар Абасголизадех изјави дека ИРЦГ откриле сигнал од хеликоптерот и од мобилен телефон на еден од екипажот на местото на инцидентот.

- Во моментов, заминуваме со сите воени сили во областа и се надевам дека ќе им дадеме добри вести на луѓето, посочи Абасголизадех

Претходно, иранскиот заменик-претседател за извршни работи Мохсен Мансури изјави дека двајца патници од хеликоптерот со кој патуваше претседaтeлот Ебрахим Раиси, комуницирале со спасувачките сили.

Мансури истакна дека тоа значи оти несреќата најверојатно била со помал интензитет. /МИА

Се зголемува бројот на земји кои му нудат помош на Иран во потрагата по хеликоптерот на Раиси

Саудиска Арабија изрази подготвеност да обезбеди каква било помош за Иран по уривањето на хеликоптерот со кој патуваше иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

Во соопштението до саудиското Министерство за надворешни работи се наведува Кралството ги следи извештаите за несреќата со „голема загриженост“.

И Катар соопшти дела е подготвен да му помогне на Иран во потрагата по хеликоптерот.

Во меѓувреме и турското Министерство за надворешни работи соопшти дека Иран „побарал техничка поддршка во потрагата“ и оти се разговара каква помош би можела да биде испратена што е можно поскоро.

- Се надеваме дека иранските власти, вклучително и иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи, Хосеин Амирабдолахиан, се здрави и здрави, се посочува во соопштението на турското МНР.

Претходно, Европската комисија на барање на Иран ја активираше услугата за сателитско мапирање за да помогне во лоцирањето на хеликоптерот на иранскиот претседател. Помош на Иран му понудија и Русија, Ирак и Азербејџан. /MИА

притисни ентер