Заев: Ќе ја прифатам секоја иницијатива што ќе придонесе за промена на одлуката на Европскиот совет

Ја поддржувам секоја иницијатива која ќе придонесе да ја смени горчината од одлуката кај нашите граѓани, и веднаш ја прифатив поканата на премиерот Конте.

Премиерот Зоран Заев изјави дека ја прифатил поканата на италијанскиот премиер Џузепе Конте да го посети Рим, бидејќи смета дека италијанската иницијатива може да приодонесе кон поскора промена на одлуката на Европскиот совет за датумот за преговори.

-Ја поддржувам секоја иницијатива која ќе придонесе да ја смени горчината од одлуката кај нашите граѓани, и веднаш ја прифатив поканата на премиерот Конте. Веројатно ќе разговараме за таа идеја. Знам дека Италија сака да организира една посебна иницијатива на следниот ГАК – Советот за општи работи на ЕУ, каде повторно ќе го отвори ова прашање. Наша определба останува се повеќе и повеќе да докажуваме пред ЕУ колку беше историска грешка нивната одлука, а согласно тоа да се надеваме дека одлуката час поскоро ќе биде променета, рече Заев на новинарско прашање пред обраќањето на конференцијата на Светската царинска организација во Скопје.

Тој посочи дека има навистина добри релации со сите светски лидери и оти одлуката на Франција е нејзино внатрешно право.

-Колку и одлуката да не ни се допаѓа тоа е нивно внатрешно право и право на ЕУ. Ние ќе го почитуваме и ќе продолжиме да ги разубедуваме, низ пријателство, вели Заев.

За договорите со Грција и Бугарија рече дека ќе бидат целосно имплементирани.

-Договорите се направени билатерално и се важни за нашата земја и за Бугарија и Грција. Одржав состанок пред мојата посета во Брисел со сите институции каде има конкретни забелешки на имплементацијата. Мониторингот треба да стигне на крајот на месецот. Верувам дека стопроцентно ќе ги имплмемнетираме договорите, бидејќи тоа е веќе закон.

Најсмешен крадец во обид: Панталоните ѝ останаа на оградата, се покри со дуксер (ВИДЕО)

Следната приказна доаѓа од чилеанската општина Маипу, каде надзорните камери снимија бизарна сцена.

Во преден план гледаме жена која се обидува да прескокне метална ограда и да влезе во луксузен станбен комплекс. Сепак, работите брзо тргнаа наопаку.

Таа не очекуваше дека панталоните ќе ѝ се зафатат на металните шилци, па следеше „мачна борба на обидот за кражба“, пишува Прото тема.

По две минути останала без делови од облеката и обувките, а интимните делови морала да ги крие со дуксерот.

Локалните медиуми јавуваат дека таа го пребарала дворот и по извесно време заминала.

Останува нејасно што се обидувала да направи, а некои извори наведуваат дека „имала соучесник“.

Прв пат отишла кај момчето на гости, па направила хаос- го парчосала тоалетот (ВИДЕО)

На мрежите повторно се ажурираше приказната за Кенеди Калвел од Ванкувер, а во неа се опишува нејзиното „фијаско“ по првата посета на нејзиното момче.

Девојката објави неколку видеа на TikTok кои „собраа“ милиони прегледи и станаа вирални, пишува New York Post.

@kennedyallegedly Great first impression #boyfriend #poopoo #fml

Кенеди дошла во куќата на своето момче Ник во Торонто за заедно да ги поминат празниците, а недолго потоа побарала да оди во тоалет.

Проблемот настанал кога таа не можела да пушти вода во тоалетот.

„Го отворив резервоарот и ја повлеков рачката. Сепак, ништо не се случи. Кога сфатив дека не можам да го решам проблемот, почна да ме фаќа паника“, рекла таа.

Додека се вртела околу бањата, обидувајќи се да се извлече од непријатната ситуација - и паднал керамичкиот капак! Се разбира, се скрши, а парчиња летаа на сите страни.

„Во шок стоев сред бањата. Се најдов во непријатна, глупава ситуација. Што би можела да направам освен да направам видео на TikTok“, објасни таа.

@kennedyallegedly But seriously what do I do #embarrassing #plumber #awkward #helpme ♬ Monsters, Inc - Gustav Lundgren & Unit

Родителите на нејзиното момче не биле дома, но Кенеди го почувствува притисокот без оглед на тоа.

„Сфатив дека морам да го известам Ник за сѐ што се случи. Не можев да избегам низ прозорецот, ниту да го обвинам миленичето“.

Кога му кажала на момчето што се случило, тој почнал да се смее. Веднаш им се јавил на родителите и рекол дека „случајно го скршил капакот на казанчето“.

Таткото и мајката не се налутиле, а ситуацијата ја дочекаа со насмевка.

„И тие се смееја. Имаат четири сина и се навикнати на дефекти во куќата. Сепак, рекоа дека Ник морал да купи нов капак со свои пари“, изјавила девојката и додала дека се понудила да ја плати штетата.

Студенти исвиркаа холивудска ѕвезда поради неговата поддршка за Израел (ВИДЕО)

Познатиот комичар Џери Сајнфелд доби почесна диплома од Универзитетот Дјук во Северна Каролина, а по тој повод одржа говор пред студентите.

Меѓутоа, во моментот кога беше најавен неговиот говор, дел од студентите почнаа да свиркаат и да извикуваат „слободна Палестина“, а некои демонстративно го напуштија стадионот веејќи палестински знамиња.

Имено, иако комичарот во својот говор не го спомна Израел, некои студенти протестираа поради неговата отворена поддршка за Израел по нападот на Хамас на 7 октомври минатата година.

притисни ентер