Заев : Или уставни измени или предвремени избори

Премиерот Зоран Заев вечерва се обрати од прес центарот на ,,Коалицијата ЗА европска Македонија” . Рече дека доколку нема двотретинско мнозинство во Собранието, ќе се одржат предвремени избори до крајот на ноември.

,,Денес е важен ден за нашата држава и граѓани . Граѓаните гласаа и порачаа дека патот и светлата иднина на нашата земја се во ЕУ и НАТО . Граѓаните покажаа демократска зрелост, одлуката не беше лесна , но мораше да биде донесена. Конечно секој граѓанин донесе своја сопствена одлука. Да им се заблагодарам на сите граѓани и на тие што гласаа за и на тие што гласаа против . Конечно одлучија гласовите на тие што гласаа. Благодарност до членовите на ВМРО -ДПМНЕ , кои презедоа одговорност и гласаа по сопствгена волја. На референдумот гласаа повеќе од 650 00 граѓани . Од нив повеќе од 90 проценти гласаа За и дека Македонија го прифаќа Договорот со Грција и Македонија да стане членака на ЕУ и НАТО. Европска Македонија доби повеќе гласови ЗА од кои било победник во историјата на независна Македонија. Дури и ако имаше цензус , овој резултат ќе значеше јасна одлука и јасна определба за европска Македонија. Македонија поддржаа За со една цел за иднината на нашата земја. Сега кога имаме мнозинска иразена волја за европска Македонија , време е пратениците да го следат гласот на граѓаните. Гласот на граѓаните е јасен повик . Како премиер на горда европска Македонија да се обединиме и да ја однесеме нашата земја каде што припаѓа, во ЕУ и НАТО. Подобар Договор со Грција нема и нема да има , подобра иднина во ЕУ нема и ќе нема . Да ги ставиме националните , стратешките интереси над политиката . Ова прашање е поголемо од политиката. Ова е момент кога пратениците имаат обврска да ја направат Македонија убаво место . Во спротивно преостанува организирање предвремени избори веднаш . Време е да ја испишеме историјата заедно .“, рече Заев во обраќањето.

Заев одговори на новинарски прашања за одбивањето на лидерот на ВМРО -ДПМНЕ Мицкоски за предвремени избори и рече дека ќе направи се. Ќе бара средба . Тој дава и 40 дена и крајот на ноември е примамлив за избори . Има доволно време ако одлучиме да одиме на извбори . Десетина дена да се обидеме за одлука на Парламентот . Но , ако нема двотретинско мнозинство нема друга алтернатива. Апелирам пресериозен прериод доаѓа и ќе предизвикаат последици . Верувам дека ќе изнедриме сила , а граѓаните ни дадоа чиста кристална порака.

Заев рече и дека доаѓа златно време за Македонија и порача да ги искористиме за економски раст , за подобар стандард . Да ги ставиме националните интереси и интересите на нашите граѓани пред политичките. На прашањето за оставка по референдумот , Заев со одговор дека , доколку мнозинството беше , против ќе го направел тоа , но сега не само што нема намера да поднесе оставка , туку ќе продолжи и да ја внесе Македионија во НАТО и ЕУ.

Протест на британските плажи поради загадување на водата

Илјадници луѓе ширум Велика Британија се собраа вчера на плажите, реките и езерата за да побараат промени на нивоата на загаденост на водата во земјата.

Демонстрантите се собраа во областите за капење од Западниот Пјер во Брајтон до плажата Гилингвасе во Фалмут по извештаите дека милиони литри вода од канализација биле испумпани во Виндермер во областа Лејк за повеќе од 10 часа во февруари.

Ситуацијата од опозициските политичари беше окарактеризирана како „скандалозна“, додека Лондон рече дека ситуацијата е „целосно неприфатлива“ и дека Агенцијата за животна средина има овластување да покрене кривично гонење.

Испумпувањето се случило во пумпната станица на компанијата во Бонс-он-Виндермер, Камбрија, ноќта на 28 февруари, пишува „Индипендент“.

Пумпите за итни случаи испуштија повеќе од 10 милиони литри вода од канализација во местото на светското наследство на УНЕСКО, откако главните пумпи беа нагло прекинати поради дефект на телекомуникациите. /МИА

Брајтон објави за заминување на тренерот Де Зерби

 Прес-службата на премиерлигашот Брајтон објави дека Роберто Де Зерби ќе ја напушти функцијата главен тренер на клубот на крајот од сезоната 2023/24.

Раководството на Брајтон се договорило со 44-годишниот фудбалски стручњак за предвремен раскин на договорот кој е со важност до летото 2026 година.

Претходно беше објавено дека Баерн Минхен е заинтересиран да го покани италијанскиот тренер.

Де Зерби дојде во Брајтон во септември 2022 година. Под негово водство тимот освои 38 победи, 20 пати ремизираше и претрпе 30 порази.

Оваа сезона Брајтон е на 10. место во поредокот во Премиер лигата, со 48 бодови од 37 натпревари. /МИА

Традиционалната манифестација „Денови на Кирил Пејчиновиќ“ се одржа во Тетово

Културно уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“ од тетовско Теарце вчера ја одржи традиционалната манифестација „Денови на Кирил Пејчиновиќ.

Годинава, сите учесници учествуваа на дефилето низ Теарце, а потоа концертот се одржа во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово.

Покрај домаќините, со своите настапи учествуваа гости-играорци КУД „Чигра“ од Инџија и КУД „Симонида“ од Ранилуг, двете од Србија, потоа македонските КУД „Брвеница“ од Брвеница, Група Сербез при фолклорен ансамбл „Гоце Делчев“ од Битола.

-Овие млади играорци покажаа и докажаа дека се вистински амбасадори на македонскиот фолклор и култура. Благодарноста до нашите гости кои го збогатија вечерашниот коцнерт, истакна на концертот Гоце Симјановски, претседател на КУД „Кирил Пејчиновиќ“.

Домаќините од КУД „Кирил Пејчиновиќ“ наспатапија со повеќе возрасни групи кои ги изведоа кореографиите „Драчевка“, Елено моме“,и „Малешевка“ и други ора и песни. /МИА

притисни ентер