Заев и обвинетиот за „27 април“ Илија Петрушевски си подадоа рака

Премиерот Зоран Заев денеска се појави како сведок во случај поврзан со настаните од 27-ми април во Собранието.

Му се судеше на Илија Петрушевски, вработен во затворот Идризово обвинет за насилство сторено во Собранието, за време на крвавиот четврток во 2017.

Обвинетиот Петрушевски рече дека не чувствува вина за кривичното дело за кое се товари и тврди дека воопшто не го удрил и не го допрел Заев кобната вечер туку бил само присутен.

Заев рече дека воопшто не се сеќава дали човекот бил во прес салата критичната вечер, а обвинетиот тврдеше дека воопшто не го удрил премиерот и му се извини, па двајцата се ракуваа.

Тој не побара отштета и како премиер му порача на судот да ги земе сите околности во предвид и да донесе правична одлука за она што се случило.

– Очекував во секоја секунда да го изгубам животот. Чувствував страв, животот ми беше загрозен. Имав чувство кое никогаш дотогаш не сум го имал, дека ќе ми заврши животот. Очекувам социјалниот аспект и судот да го има во предвид, јас не побарав никаква штета ниту надомест на штета од страна на обвинетите лица во овој случај. Секако одмереноста на крајот останува на судот. За мене е многу значајно судот да дели правда имајќи ги сите овие аспекти предвид и верувам дека и граѓаните тоа го очекуваат. Нема да го вратиме ние времето. Секако ако би можеле да го вратиме тогаш најголемата добивка ќе биде да не се повтори делото односно да не го направи некој тоа. Но, имајќи предвид дека нема да го вратиме времето, можеби ние ќе останеме со нашите лузни, но да внимаваме на тоа, на децата да не оставаме лузни, заради тоа што се работи на родители на деца, изјави Заев.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер