Заев и Ахмети ќе договараат консензуален кандидат

Зоран Заев и Али Ахмети денеска ќе разговараат за утврдување на заеднички кандидат за претстојните претседателски избори.

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во Собранието на Северна Република Македонија каде е закажана седница за пратенички прашања ќе разговараат за утврдување на заеднички кандидат за претстојните претседателски избори.

Заев вчера пред координацискиот состанок на партијата изјави дека не се многу далеку од изборот на заеднички кандидат со политичките партии со кои разговараат за тоа, вклучувајќи го и коалицискиот партнер во Владата, ДУИ.

– Во текот на постапката за селектирање на заеднички кандидат вечерва ќе имаме и доста телефонски контакти и други видови на разговори со нашите секретари коишто се во комуникaција со органите на политички партии со коишто разговараме за да видиме дали има евентуално исчекор или можност да се дојде до заеднички кандидат. Информациите ми се позитивни, не сме многу далеку. Верувам дека имињата ќе бидат конечната причина за изнаоѓање на заеднички кандидат, рече Заев.

Тој потврди дека денеска ќе се сретне со лидерот на ДУИ Ахмети и оти првпат ќе има информации за ставовите за најголемиот партнер во коалицијата.

-Верувам дека тие веќе разговарале и имаат свои гледишта.Сигурно ако разговарале во функција на заеднички кандидат, имаат имиња, имаат свои анализи. Ние споделивме наши анализи, а тие имаат свои анализи. Утре додека траат пратеничките прашања, ние ќе ја оствариме самата средба на која ќе имаме подетални информации за тоа да ли е возможно СДСМ и ДУИ, а секако и сите други политички субјекти со кои разговаравме, да дојдеме до едно заедничко име за кандидат за претседател на РСМ, појасни Заев.

Во врска со случувањата во Собранието од координацијата ќе произлезе дали за тоа ќе разговараат и на средбата со Ахмети притоа оставајќи ги сите опции отворени во врска со понатамошното коалицирање.

-Коалицијата не е создадена за еден ден. Таа има свои стратешки орпеделби и заедничка програма на Владата. Ќе сакаме да ги слушнеме и аргументите од нашите партнери за да можеме на крајот да носиме заклучоци за ваквите прашања. Да им дадеме шанса на аргументите, да разговараме заедно сите како што и им личи на демократските партии, рече лидерот на СДСМ.

За тоа како ја коментира изјавата на потпретседателот на партијата Мухамед Зекири дека имаат 61 пратеник без ДУИ, Заев не се согласи со тоа, појаснувајќи дека заедно со коалицијата имаат 68 пратеници, а без ДУИ 58. Остави простор да се слушнат аргументите на сите пратеници, вклучувајќи го и Зекири, но и од ДУИ, за да можат на крајот да донесат заклучок.

Ахмети, пак, вчера по средбата во скопското седиште на партија со шефот на албанската дипломатија Гент Цакај, изрази уверување дека со владиниот коалициски партнер ќе најдат решение за консензуален претседателски кандидат.

Тој рече и дека нема проблеми во функционирањето на владеачката коалиција, коментирајќи ја при тоа изјавата на потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири дека е можна влада без ДУИ.

-Ве уверувам дека нема преписки меѓу коалициските партнери. Можно е да постојат разлики за одредени прашања што не го загрозуваат интегритетот или моралот на ДУИ или СДСМ. Земјата има потреба за повеќе мир, комуникација и соработка помеѓу политичките сили на власт и опозицијата. Ниту опозицијата не може да се исклучи од овие важни процеси. Доколку може да има влада без ДУИ би рекол дека се прави голема грешка, но тоа може да биде изјава на член или на функционер на СДСМ кој нема одговорност за големата историска мисија што ја има Република Македонија. Јас во оваа ситуација имам одговорност пред граѓаните на Македонија било да се Албанци, Македонци, Турци, Роми, Срби, Власи и во оваа ситуација не се служам со политичка емоција за дневна политика, за рејтинг итн. Јас сум за национална политика, која е корисна за сите граѓани, рече Ахмети.

Во Собранието денеска попладне Заев ќе има средба и со претседателот на Демократската партија на Турците Бејџан Илјас, а тема ќе бидат следните претседателски изјави. /МИА

ИДФ ги повика Палестинците да ги евакуираат крајбрежните населби во северниот дел на Газа

Израелската армија ги повика Палестинците во крајбрежните населби во северниот дел на Газа да ја евакуираат областа додека ја продолжува операцијата во Џабалија.

Портпаролот на Израелските безбедносни сили (ИДФ) на арапски јазик, Авичај Адри, објави список на нови зони што треба да се евакуираат, а на палестинските цивили им беше кажано да се преселат во засолништа западно од градот Газа, пишува „Tајмс оф Израел“.

Минатиот викенд, ИДФ издаде предупредување за евакуација на градот Џабалија, пред да биде извршен нападот.

Оттогаш, армијата двапати ја прошири зоната за евакуација, а најновата најава ги вклучува областите Ал-Ататра и Ал-Карам во Појасот Газа. /МИА

Протест на британските плажи поради загадување на водата

Илјадници луѓе ширум Велика Британија се собраа вчера на плажите, реките и езерата за да побараат промени на нивоата на загаденост на водата во земјата.

Демонстрантите се собраа во областите за капење од Западниот Пјер во Брајтон до плажата Гилингвасе во Фалмут по извештаите дека милиони литри вода од канализација биле испумпани во Виндермер во областа Лејк за повеќе од 10 часа во февруари.

Ситуацијата од опозициските политичари беше окарактеризирана како „скандалозна“, додека Лондон рече дека ситуацијата е „целосно неприфатлива“ и дека Агенцијата за животна средина има овластување да покрене кривично гонење.

Испумпувањето се случило во пумпната станица на компанијата во Бонс-он-Виндермер, Камбрија, ноќта на 28 февруари, пишува „Индипендент“.

Пумпите за итни случаи испуштија повеќе од 10 милиони литри вода од канализација во местото на светското наследство на УНЕСКО, откако главните пумпи беа нагло прекинати поради дефект на телекомуникациите. /МИА

Брајтон објави за заминување на тренерот Де Зерби

 Прес-службата на премиерлигашот Брајтон објави дека Роберто Де Зерби ќе ја напушти функцијата главен тренер на клубот на крајот од сезоната 2023/24.

Раководството на Брајтон се договорило со 44-годишниот фудбалски стручњак за предвремен раскин на договорот кој е со важност до летото 2026 година.

Претходно беше објавено дека Баерн Минхен е заинтересиран да го покани италијанскиот тренер.

Де Зерби дојде во Брајтон во септември 2022 година. Под негово водство тимот освои 38 победи, 20 пати ремизираше и претрпе 30 порази.

Оваа сезона Брајтон е на 10. место во поредокот во Премиер лигата, со 48 бодови од 37 натпревари. /МИА

притисни ентер