Заев: ЕУ бара прво да се осмисли ветингот па да се спроведе

За спроведување на ветингот во судството ЕУ бара прво да се најдат начините тоа да се осмисли, па да се спроведе, гледајќи го искуството на Албанија каде беа испразнети повеќе од 200 места кои не можеа потоа да се поплнат, изјави премиерот Зоран Заев.

На прашањето дали ЕУ се противела на ветингот во судството, тој појасни дека аргументите на Брисел биле дека треба да се оди на индивидуална одговорност, и дека нема капацитет – ресурсен центар кој при евентуален ветинг би ги надополнил испразнентите места.

-Но, сега веќе Академијата продуца 60 кандидати, веднаш на почетокот на 2020 ќе продолжат со нови 60 кандидати. Преговараме со ЕУ и сакаме да постигнеме т.н. „брза лента" која ќе ни даде можност сите правници со над пет години работно искуство, алидирајќи пред се на стручните соработници во обвинителствата и во судовите, адвокати но и други правници кои имаат веќе практично искуство да можат три до четири месеци да одат на тестирање, да го полагаат испитот и да можат да бидат идни јавни обвинители и судии. Секако, како земја кандидат за членство и тоа допрва ќе го преговараме со ЕУ. Нашите аргументи се – ние сме мала земја, ако не ги искористиме капацитетите кои веќе имаат практично искуство тогаш не би можеле да ги користиме сите можности кои ни стојат како држава. Верувам дека ќе се разгледаат сите варијанти, она што значи поголема продукација на идни кадри за јавни обвинители и за судии, но и ваквите брзи ленти ќе овозможат еден процес, кој како изразена политичка волја на општетсвото можеме да го надополниме, рече Заев по денешната посетата на „Римес".

При тоа премиерот нагласи дека во процесот на ветинг не може да учествуваат политичарите.

-Ваквиот процес мора да ги извади политичарите надвор од ваквите комисии за спроведување на ветинг, тоа мора да бидат стручни експерти, препорачувам и меѓународни кои ќе влезат внатре за да се спроведат процесите. Следува за нашата земја сериозен месечен, па и повеќегодишен процес на севкупна трансформација на општетството, тоа е преговарачкиит процес. Верувам низ тие процеси ќе ги пронајдеме и најдобрите решенија и во правосудството, рече премиерот Зоран Заев./МИА

СДСМ: Не смееме да дозволиме да се повтори 27 април

27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори.

27 април е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ.

Вооружени насилници на 27 април 2017 година, поттикнати од ДПМНЕ, упаднаа во Собранието обидувајќи се да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во парламентот, да го загрозат уставниот поредок, ја доведоа државата пред амбис, на раб на граѓанска војна.

Сеќавањата на крвавите лица на пратениците, нападнати со шипки и столици, влечењето за коса, дивеењето на насилниците, кои кршеа и уништуваа се пред себе во храмот на демократијата, се свежи и по седум години.

Насилниците поддршка имаа и од Христијан Мицкоски, кој тој ден беше пред македонското собрание.

Наместо извинување и осуда, Мицкоски стои во одбрана на осудените насилници за крвавиот четврток.

Ништо не е сменето во ДПМНЕ. Тоа е истата партија која сака одново да гази врз слободата, врз демократијата, да се пресметува со неистомисленици, да шири омраза и поделба меѓу граѓаните.

СДСМ, заедно со граѓаните нема да дозволи да се заборави 27 април, нема да дозволи никогаш да се повтори.

Со глас за СДСМ и Коалицијата на 8 мај граѓаните гласаат за слобода, демократија и европски вредности.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони

Руските вооружени сили денеска ја нападнаа енергетската инфраструктура во три украински региони, соопшти украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко.

Нападнати се објекти во областите Дњепропетровск, Ивано-Франковск и Лавов.

Халушченко информираше дека во нападот е оштетена енергетската опрема, а најмалку еден работник е повреден.

Тој на својот канал во апликацијата „Телеграм“ напиша дека сега се откстрануваат последиците од нападот.

Одбележување на Европската недела на имунизација во Градски парк во Скопје

 Под мотото „Заштитуваме генерации“, со детските ликови „Биби и Боби“ и детска балетска претстава, денеска во  Градскиот парк во Скопје, на отворената сцена „Школка“, ќе биде одбележана Европската недела на имунизација.

На настанот организиран од Министерството за здравство, заедно со Институт за јавно здравје, СЗО и УНИЦЕФ, поддржани од УСАИД и ЕУ, обраќања ќе имаат евроамбасадорот Дејвид Гир, специјалната претставничка на СЗО д-р Ане Јохансен, претставничката на УНИЦЕФ д-р Патриција ди Џовани и претставник од Министерство за здравство.

- Заедно да ја подигнеме свесноста за важноста на имунизацијата, како значаен сегмент за градење колективен имунитет, спречување епидемии и обезбедување здрави поколенија, истакнуваат од Министерство за здравство.

притисни ентер