Заев: Дојде време Европа да ја донесеме овде

Дојде време Европа овде да ја донесеме во Крушево, во Македонија, порача премиерот Зоран Заев на денешната трибини на „Излези За европска Македонија“ во Крушево.

Тој посочи дека референдумот на 30 септември ќе каже јасно во кој правец треба да се движи Македонија.

- На 30 септември носиме историска одлука. Нашиот народ и претходно носел историски одлуки. Овде во Крушево на Илинден ја создал првата република на Балканот и втората во Европа. Крушево ја донесе и девизата обединети во нашата различност. Ајде да и докажеме на Европа дека Македонија е Европа, рече Заев.

Нашата генерација има чест да ја испишеме модерната историја и за неа да учат нашите деца и внуци.

- Конечно нашиот народ треба да дојде до она што е најпосакувано - да бидеме членка на НАТО и ЕУ. Не ни е лесно, бидејќи треба да ставиме географска одредница на името, но добиваме конечно вековно признавање на нашиот народ и јазик. Тоа ги отвора портите да имаме достоинствен живот и овде да го живееме. Убеден сум дека она што го постигнавме со Договорот со Грција е конечно постигнување на она што го сакале нашите претци. Со него добивме наше парче земја која е призната од целиот свет и никој повеќе нема да не понижува со ФИРОМ и слично, потенцира Заев.

Посочи дека за Македонија нема план „Б“ и повика доколку има некој да го каже.

- Доста младите ни бараат подобар живот во странство. Имаме можност да донесеме одлука која ќе им овозможи овде да можат да најдат подобар живот, потенцира Заев.

Немаме ни една причина, додаде, да бидеме понижени и нелагодни, бидејќи имаме добар Договор. - Ова е најдобриот Договор и носи само добро и за Македонија и за Грција. Должност ние на 30 септември да излеземе и да кажеме „За“ за европска Македонија, рече Заев и им порача на младите да излезат и да гласаат за нив, а на повозрасните да излезат и да гласаат заради младите и нивната иднина.

Го повика лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски да застанат заедно за иднината на Македонија.

- Треба заедно да застанеме сполтени, да ги заборавиме нашите политички несогласувања, бидејќи политичарите доаѓаат и си одат а Македонија е вечно тука. Затоа да излеземе и да гласаме ЗА европска Македонија, посочи Заев.

На трибината се обрати и крушевскиот градоначалник Томче Христоски кој нагласи дека жителите на Крушево стојат и понатаму зад идејата на илинденците.

- Нивната визија ја продолжуваме со европска Македонија, рече Христоски.

Лазарини: Од Рафа избегаа 800.000 луѓе, нема безбедно место во Газа

Од почетокот на израелската копнена операција во Рафа на 6 мај, од овој град избегнале 800.000 луѓе, соопшти синоќа шефот на Агенцијата на ОН за помош за палестинските бегалци (УНРВА) Филипe Лазарини.

Тој посочи дека луѓето се кријат во урнати згради, во области каде што е прекинато водоснабдувањето, а санитарни јазли не постојат.

„Кога луѓето бегаат, тие се без безбеден премин или заштита. Секој пат се принудени да ги остават зад себе неколкуте работи што ги имаат: душеци, шатори, прибор за готвење и основни потреби што не можат да ги понесат со себе или да платат транспорт“, истакна Лазарини на платформата Икс.

Тој нагласи дека Ал-Маваси, наводната безбедна зона во близина на Рафа, всушност е песочна област со големина од само 14 квадратни километри, во која се наоѓале 400.000 луѓе пред последната израелска ескалација. /МИА

Северозападна Индија ја зафати топлотен бран, температурата во Њу Делхи достигна 47,1 степен

Топлотен бран зафати делови од северозападна Индија, а главниот град Њу Делхи е ставен во состојба на готовност поради опасно топло време.

Температурата во Њу Делхи достигна 47,1 степен Целзиусов, а блиските држави Пенџаб, Харајана и Раџастан исто така забележаа пораст на температурата што се очекува да се задржи во следните неколку дена.

Индискиот метеоролошки оддел ги предупреди луѓето да не излегуваат на Сонце во попладневните часови, да пијат многу вода и да носат соодветна облека. На ранливите лица, особено на постарите, им е препорачано да не излегуваат надвор.

Во април, мај и јуни секогаш има високи температури во поголемиот дел од Индија, но жештините станаа поинтензивни во текот на изминатата деценија./МИА

Усик стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век

Украинскиот боксер Олександар Усик го победи Британецот Тајсон Фјури во главната борба на боксерската вечер во Ријад и ја освои титулата апсолутен светски шампион во тешка категорија. 

Борбата траеше сите 12 рунди. Судиите со поделена одлука му ја доделија победата на Украинецот - 115:112, 113:114, 114:113.

Триесет и седумгодишниот Усик стана првиот неприкосновен светски шампион во тешка категорија по Ленокс Луис (41-2) во 2000 година и прв во ерата со четири појаси.

Претходно, во ерата на три појаси, само Ивандер Холифилд (44-10) беше апсолутен светски шампион во тешка категорија.

Сега украинскиот боксер има шест појаси: четири големи: ВБА (Супер), ВБЦ, ИБФ, ВБО и два помали: ИБО и Ринг.

За 35-годишниот Фјури ова беше прв пораз во кариерата. Пред оваа борба тој забележа 34 победи и една борба со негово учество заврши нерешено.

Усик сега има 22 победи во 22 борби./МИА

притисни ентер