Заев:Да се искористи олабавувањето на коронавирусот и стабилизација на пандемијата и да се оди на избори на 14 јуни

Денеска одржавме заедничка средба јас и претседателите на партиите од коалицијата „Можеме".

Ова е најголемата коалиција во земјата. Составена од различни политички партии, зад која застанаа сите етнички заедници во земјата и кои се обединети околу се она што е важно за граѓаните и за државата.

На овој состанок разговаравме за мерките коишто се преземаат за справување со коронавирусот и за заштита на здравјето на граѓаните, за економските мерки за помош на граѓаните и за повеќе актуелни политички прашања.

Заедничка оценка е дека нашата држава навремено и соодветно презеде мерки и дека добро се справува со коронавирусот. Благодарни сме на сите коишто дадоа и се уште даваат придонес во оваа борба со невидливиот непријател. Пред се тука се здравствените работници и сите здравствени институции, Вие новинарите и медиумските работници, полицијата и сите други којшто беа во служба односно целосно посветени во својата професија за да може да бидат од помош во справување со корона вирусот.

Секако не треба опуштуање и затоа заеднички апел е да граѓаните да се придржуваат и да ги почитуваат сите препораки од надлежните здравствени институции.

Низ плодна дискусија и конструктивна дебата, заеднички заклучивме дека на државата и се потребни избори веднаш,штом во првиот момент штом се создадат услови за нивно одржување.

Доколку продолжи да се намалува бројот на заразени и кризата е целосно под контрола тоа е најдобро од здравствен, од економски и од демоктратски аспект.

Во ситуација кога пикот на коронавирусот е поминат, кога интензитетот се намалува, треба да се одржат изборите затоа што во такви услови нема никаков ризик по здравјето на граѓаните. Особено имајќи предвид дека наесен се очекува нов бран од вирусот и би било неодговорно да се загрозува здравјето на граѓаните. Дајбоже да не се повтори кризата, но ако се повтори навистина ќе останеме надвор од било какви уставни можности.

Дополнително тоа би дало секако шанса на државата, со избрана политичка Влада и Собрание со полн легитимитет подобро да се подготви за новиот бран наесен доколку го има и економски подобро секако да се справи со последиците.

На државата, граѓаните им се потребни кредибилни и функционални институции со полн легитимитет кои капацитетите ќе ги вложат во мерки и политики во интерес на граѓаните.

Северна Македонија веќе два месеци е во вонредна состојба, повеќе од 4 месеци е со техничка влада и скоро три месеци е со распуштено Собрание.

Кризата со коронавирусот остава сериозни последици врз економијата и затоа потребни се Собрание и Влада со целосен легитимитет за да можат да преземаат конкретни чекори во надминување на економската криза.

Со тоа, уште повеќе се наметнува потребата од одржување на парламентарните избори, секако штом надлежните, здравствени власти тоа го одобрат.

Заеднички став на партиите во нашата коалицијата е да се искористи моментот на ослабување на коронавирусот и стабилизација на пандемијата и да се оди на гласање, на средината на месец јуни.

Охрабрува тоа што мисијата на ОДИХР најавува дека може да се организира и да прати набљудувачи. Тука е регионалниот контекст, неслучајно и други држави одат на избори во овој период.

Оваа коалиција е фаворит на изборите, кога и да се случат, но сега е одговорно, државнички, да се излезе пред граѓаните и да се соопшти кој период е најдобро да се одржат.

Ова се дел од ставовите и аргументите со коишто јас како претставник на коалицијата ќе ги предочам на средбата кај претседателот Пендаровски во вторник.

Очекувам да дефинираме датум за одржување на изборите, кој според нас е добро да биде во средината на јуни и да зборуваме за начинот на водење на кампањата. Очекувам дека ќе постигнеме консензус сите заедно и здраворазумски и одговорно ќе ги донесеме одлуките.

Се надевам и ги повикувам и претставниците и на другите партии да се водат од одговорноста, да се водат од државните интереси.

претседателот на СДСМ, Зоран Заев

Маск со повик вештачката интелигенција да се насочи кон вселената и да се насели Млечниот пат

Американскиот милијардер и извршен директор на компанијата за вселенски летови SpaceX (SpaceX) Илон Маск посочи дека на човештвото ќе му бидат потребни милион години за да ја колонизира галаксијата Млечен Пат.

Тој на конференцијата на Институтот Милкен во Калифорнија, што се одржува од 5 до 8 мај, рече дека вештачката интелигенција (ВИ) може да се користи за напредок на целата цивилизација и повика вештачката интелигенција да се насочи кон истражување на вселената.

Маск додаде дека размислувањата за населувањето на галаксијата го наведуваат да размислува за постоењето на вонземјани.

Во разговор со основачот на Институтот, Мајкл Милкен, тој истакна дека е загрижен за заканата од исчезнување на човештвото и како еден од главните ризици го спомена падот на наталитетот.

„Кога една цивилизација нема надворешна закана и напредува, наталитетот нагло опаѓа“, вели бизнисменот.

Авион излета од пистата при слетување во Киншаса, му отпадна моторот (ВИДЕО)

Боинг 737-300 на авиокомпанијата Serve Air Cargo излетал од пистата при слетување на аеродромот во Киншаса.

Иако екипажот не е повреден, авионот е тешко оштетен.

Авионот, со регистрација 9S-AKK, ​​полетал до аеродромот Киншаса (FIH) во главниот град на ДР Конго во неделата, 5 мај. На приближувањето до пистата 24 на надморска височина од 3,35 километри, левиот мотор на CFM 56 престанал да работи од непознати причини.

Сепак, екипажот го продолжил пристапот до аеродромот, надевајќи се дека ќе го приземји скршениот Боинг 737. Авионот 9S-AKK успеал да слета на пистата 24, а по активирањето на системот за превртување на потисок, кој се користи за забавување на авионот, Боинг нагло скршнал надесно и излетал од пистата.

Според The ​​Aviation Herald, екипажот не е повреден.

На фотографиите и видеата направени по несреќата јасно се гледа дека десниот мотор паднал од крилото, додека левиот мотор е целосно уништен.

Авионот бил отстранет по час и половина, а сообраќајот на аеродромот за тоа време бил во прекин. Brussels Airlines Airbus A330-200 на летот SN359 од Луанда (LAD) на пат кон Киншаса не можел да слета во главниот град на ДР Конго. Екипажот на белгиската авиокомпанија кружел над северна Ангола пред да добие дозвола да се приближи и да слета во Киншаса.

Боингот 737-300 бил отстранет подоцна со помош на кранови.

Авионот 9S-AKK бил стар 33 години и е испорачан на Малев како нов во 1991 година, кога е „крстен“ со името Шент Иштван (по првиот унгарски крал). Во 2005 година, авионот се преселил во флотата Kitty Hawk Aircargo и потоа бил претворен од патничка во карго варијанта.

Авионот се придружува на превозникот Serve Air Cargo во 2020 година.

Никол Кидман на Мет Гала во фустан на кој што биле попрошени 800 работни часа (ФОТО)

Креацијата, што ја носеше славната Никол Кидман, вклучувала неверојатни 800 часа рачна работа, со 3.000 пердуви внимателно нанесени на 150 метри свилена органза.

Секој од нив е рачно исечен, превиткан, плисиран и на крајот сошиен. Покрај тоа, уште 400 часа работа во ателјето биле потрошени за трансформирање на оригиналниот изглед на две одделни парчиња во едноделен вечерен фустан, објави Вог.

„Фустанот претставува природен момент од целосниот круг на времето – тоа е прослава на делото на Ричард што ќе живее, но и почит на уметничката визија на Баленсијага која продолжува беспрекорно да ја спојува илузијата на минатото, сегашноста и иднината“, додава Кидман. .

Со оглед на разиграната визија за модата на Никол Кидман, таа и нејзиниот стилист Џејсон Болден сакаа да се погрижат изгледот да биде повеќе од само почит на модната историја.

„Кога дојде време да зборувам за мојот прв настан на Мет Гала со Никол, навистина сакав да започнам во светот што ја инспирира. Таа е вистински уметник и вистински соработник, па разговорот започна со светот на Баленсијага и она што беше размислување. Никол беше неверојатно инспирирана од оваа фотографија на Ричард Аведон, а приказната зад неа беше тотално инспиративна“, вели Болден.

Додека Кидман чекореше по скалите на Мет Гала, правејќи впечатлива поза што го истакна драматичниот преден дел на фустанот, изгледот беше совршено прилагоден за принцеза од бајките, што очигледно беше нејзината намера.

„Обезбедувајќи дека, исто како и Заспаната убавица, ниту еден фустан не „спие“ вистински, почестена сум што вечерва носам креација на Баленсијага“, вели Никол, додавајќи:

„Голема благодарност до извонредните занаетчии за нивната посветеност и одржување на високата мода, и посебна благодарност до Ана Винтур. Ви благодариме на сите што не собравте сите заедно да ги славиме модата и уметноста.

Модниот код за оваа година е „Градина на времето“, концепт инспириран од истоимениот расказ на Џ.Г. Балард од 1962 година. Во основа, темата ја истражува врската помеѓу времето и природната убавина, оставајќи ја вратата широко отворена за посетителите да ја толкуваат овогодинешната мода како што сакаат.

притисни ентер