Заев: Бугарија не бара промена на Уставот и решението не е преку нов договор

 Бугарија не бара од Македонија промена на Уставот и решението не е преку потпишување на нов договор. 

Ние веќе имаме договор и треба да ги решаваме прашањата преку заедничките комисии, изјави денеска премиерот Зоран Заевна новинарско прашање дали се размислува за нов договор меѓу Македонија и Бугарија и дали Софија побарала промена на нашиот Устав.

-Договор ние веќе имаме. Тоа е Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија. Низ тој договор се решаваат историски поглавја што треба да бидат дел од нашето заедничко чествување низ кое ќе го градиме пријателството, а тоа е како дел од заедничката историја. Во договорот што е потпишан, потпишан е на македонси јазик и на бугарски јазик, се зборува за двата народа. Нашиот македонски јазик и македонски народ е впишан во ОН и признаен од целиот свет, заради тоа што се уште има дилема во наративот од пријателска Бугарија „ние ја признаваме реалноста за постоењето на акедонскиот јазик и македонскиот народ". Очекувам исчекор и израз на огромно пријателство, тоа го чувствува бугарскиот народ спрема македонскиот народ, тоа го чувствува македонскиот народ спрема бугарскиот народ, очекувам јасен недвосмислен исказ за потврда на нашиот македонски јазик и македонски народ. Ниту има потреба, ниту држави признаваат идентитет, ниту држави се повикани да признаваат идентитет, рече Заев.

Најави дека во следниот период ќе продолжат разговорите на заедничката Комисија за историските прашања, изразувајќи охрабрување да продолжат со засилена динамика. Истакна дека право и обврска на заедничката Комисија помеѓу Македонија и Бугарија да ги решаваат историските поглавја и историските личности заради определбата во договорот да преку нив заедно чествуваме и го зголемуваме пријателството помеѓу двете земји.

-Ја поздравувам уште еднаш работата на Комисијата, инвентивноста и меѓусебното разбирање и верувам дека ќе се изнајдат решенија на прашањата како што е следното Гоце Делчев и сите следни коишто ќе ги отворат. За една година имаме решенија за пет историски личности, во три историски периоди и тоа само по себе е потврда дека продолжуваме и понатаму да ги решаваме прашањата, токму во духот на пријателството, соработката и негувањето на добрососедските односи помеѓу двете земји. Вториот дел е на одлуката на Бугарија, таа е земја-членка на ЕУ и сите во декември, под раководство на германското претседателство, сите земји членки на ЕУ, треба да донесат одлука за првата меѓувладина конференција, оцени премиерот.

Изрази уверување дека Бугарија која и досега била голем поддржувач за нашите евроатлантски интеграции, ќе продолжи и во иднина да биде најголем поддржувач, бидејќи, како што кажа, во сите свои изјави бугарската страна тоа го потврдува.

-Верувам дека тоа ќе се случи во декември, но ако не се случи, тогаш треба да се знае дека се барало од нашата страна нешто што ние никако ниту смееме да разговараме, ниту би сакале да прифатиме. Но да оставиме простор да се разговара од страна на комисиите, дециден е Заев.

Повтори дека идентитетот е чувство и право на определба и секако е голема европска вредност.

-Очекувам бугарскиот народ преку сите свои претставници да има недвосмислено јасно потврдување на фактот на постоењето на македонскиот јазик и македонскиот народ затоа што пријателите, браќата тоа го прават. И не треба никојпат тоа да биде доведено во прашање. Впрочем, и како што слушам во изјавите и на Борисов и на другите дека тие ја прифаќаат реалноста за постоењето на македонскиот народ и македонскиот јазик и сакаат да дебатираат логично за историјата, за заедничкиот дел од историјата, за посебниот дел од историјата, но во духот на пријателството верувам дека ќе се изнаоѓаа решенија, повтори Заев.

Во врска со барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за лидерска средба за барањата на Бугарија, Заев рече дека нема потреба од лидерска средба, додавајќи дека со тоа само ќе се одмогне процесот на евроинтеграциите на Македонија.

-Навистина не гледам потреба за лидерска средба за нешто што е работа на комисиите. Во моментов ЕУ подготвува прва Меѓувладина конференција каде што секоја од земјите има право да донесе одлука, солидарно и консензуално се носат одлуките. Првата Меѓувладина конференција значи и официјален старт на преговорите и спроведување на одлуката од март на Европскиот совет за почеток на преговорите. Истовремено, како што знаете, јас го предупредив нашиот македонски народ и стојам на тоа предупредување дека постои можност и да не се одржи првата Меѓувладина конференција. И сите знаеме зошто, заради тоа што можно е една земја пријател, сосед, брат да не даде позитивно светло, рече Заев.

Истакна дека Мицкоски досега ниту имал став, ниту во нешто одговорно се втурнал за да помогне на историскиот исчекор на нашата земја, ниту пак, како што рече, сега гледам нешто како потребно дека тој ќе го помогне тој процес.

-Процесот се води меѓу министерствата за надворешни работи, разговараат луѓето, тоа е институционално поставен процес и верувам дека ќе се изнајдат решенија. Можеме само да го одмогнеме процесот ако за вакви прашања свикуваме лидерски средби или за слични прашања заради тоа што тоа не е прашање за кое што треба лидерите да се натегаат, да се минираат, да се пренамагаат се со конечна цел да остане државата да тапка во место, уназадена и да не ги продолжува понатаму евроинтеграциските процеси, заклучи премиерот одговарајќи на новинарски прашања по меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања" што се одржува во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков".

Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Со испраќање на порака за здружување на силите на патот кон Европската Унија, Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија вечерва го одржа завршниот митинг во Скопје, непосредно пред изборите закажани за среда.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на присутните граѓани им порача дека двојните избори на 8-ми се последниот повик за Европа и од тоа, нема да се откажат.

„Исто како што не се откажавме изминативе седум години кога се соочивме со многу предизвици. Кога се боревме со сите кризи, со пандемијата, со инфлацијата, со енергетските проблеми! Знаете и самите дека имавме многу подеми и многу падови. Но, во ниту еден момент, ниту се откажавме, ниту се предадовме, ниту се повлековме. Бевме рамо до рамо со граѓаните“, изјави на митингот претседателот Ковачевски.

Ковачевски додава дека во време на СДСМ платите се золемиле за 120% а пензиите за 55%, со антикризни мерки во висина од над 2,6 милијарди евра и 2,5 повеќе странски директни инвестиции со подобри платени работни места.

„ И ова, не е мала работа. Многу поголеми и поразвиени земји од Македонија едвај излегуваа на крај со кризите, а ние единствени од цела Источна европа успеавме да го зголемиме животниот стандард на граѓаните. Тоа го потврди и реномиран виенски економски институт. И горди да бидете сите на тоа, затоа што сите вие дававте поддршка на тие политики кои ги водеше СДСМ, и коалиционите партнери од коалицијата з аевропска иднина. И бидете горди што покажавме на дело дека социјалдемократијата и СДСМ, беа оние кои ги заштитија граѓаните, кои буквално ја спасија земјата од колапс.“, посочи Ковачевски на вечерашниот митинг.

Солидарноста, заедништвото, социјалната држава и правдата, потенцира претседателот Ковачевски, се оние кои помогнаа да се извлечеме од хаосот кои го носеа кризите, но и ни овозможија да одиме напред и да постигнеме одлични резултати.

„ Бидете горди што покажавме јасно дека социјалдемократијата не е само идеологија на хартија, туку е единствен начин како општеството и државата да се подобрат и да обезбедат прогрес и просперитет.

И денес имам уште една можност да порачам дека вистинските социјалдемократи се овде, тука на овој плоштад. ВО моментов се и на плоштадот во Битола, не се вистински социјалдемократи оние лажните кои се ујдисаа со наследниците на Ванчо Михајлов и кои заедно со него планираат да им зададат удар на вистинските социјалдемократи. Ама овие социјалдемократи се направени и настанале 1943 година, а оние социјалдемократи оние кои лажно се претставуваат дека знаат што е социјалдемократија па затоа се крстиле веројтно и ЗНАМ тоа се лажни измислени 2021 година, во БЕлата палата на 200 метри од тука. Бидете горди затоа и што СДСМ е единствената социјалдемократска опција, граѓанска партија, партија со традиција, партија која е длабоко вкоренета во историјата на Македонија.

Бидете горди и затоа што ние никогаш не сме се откажале кога требало да се донесат тешки одлуки за државата да оди напред. “, им порача Ковачевски на скопјани.

Тој ги наведе зачленувањето во Обединетите Нации, добивањето на кандидатски статус на Македонија за влез во Европската Унија и зачленувањето во НАТО како тешки, но исправни одлуки што се донесени во време кога СДСМ била на власт и порача дека исто така СДСМ заедно со граѓаните, ќе ја внесе земјата и во ЕУ.

Митрески: Да се обединиме против режимската ВМРО-ДПМНЕ, да гласаме за број 1 за концептот за европска иднина на државата

“Граѓаните имаа можност да видат два концепта, едниот, на СДСМ и Коалицијата за европска иднина кој води кон подобра иднина, кон прогрес, кон унапредување на животниот стандард, со конкретни и реални проекти, со визија Македонија да стане држава со европски вредности и конечно членка на ЕУ до 2030 година и оној на ВМРО-ДПМНЕ кој сака да не врати назад, во изолација, во безнадежност, во страв и агонија, во нови поделби и кавги по меѓуетничка основа“, порача носителот на ИЕ 5 Јован Митрески, на вечерашниот митинг во Битола.

Тој нагласи дека во кампањата можеше да се види и понуда на два сосема различни тима, на СДСМ и Коалицијата за европска иднина кои имаат визија, кои имаат одлучност и храброст да носат вистински одлуки во интерес на граѓаните, тимот на ВМРО-ДПМНЕ, истите оние луѓе кои беа послушници и главни извршители на Никола Груевски, кои Македонија ја доведоа до бездна.

„Тоа се истите оние кои со Груевски правеа криминали или ги штитеа неговите криминали и кои и ден денеска не се оградија од криминалите и од злосторството што на Македонија и го направија. И затоа ова се важни избори! Важно е на 8 мај да се направи вистинскиот избор бидејќи одлучуваме по кој правец ќе тргне државата. Немаме веќе време за губење. Нема да дозволиме повторно да ја заробат државата, да ја уназадат државата, ниту па некој да ја уништува иднината на нашите деца“, додаде Митрески.

Тој ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање и да гласаат за број 1, за конкретна, реална и осварлива Програма.

„Гласот за ВМРО-ДПМНЕ е глас за неизвесност, за враќање кон минатото, за нови кавги и поделби, за нови проблеми. СДСМ е силна партија, не се откажува и не потклекнува. Мора да се обединиме против режимската ВМРО-ДПМНЕ, која никогаш не работела во интерес на граѓаните“, порача Митрески од Битола.

Скопје, 6 мај 2024

СДСМ

Филипче: Пратениците на СДСМ ќе бидат гласот на граѓаните во парламентот

Доктор Венко Филипче, носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, кампањата ја заврши со посета на југоисточна Македонија. 

Доктор Венко Филипче, носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, кампањата ја заврши со посета на југоисточна Македонија. За време на посетата оствари средби со многу граѓани на кои им се заблагодари за поддршката во Изборна единица 4.

Филипче им порача на граѓаните на 8 мај да го дадат својот глас за напредок, стабилност и европска иднина на Македонија.

Тој рече дека како иден пратеник заедно со пратеничката група на СДСМ на граѓаните ќе им го олеснат пристапот до законодавниот дом, со отворање на канцеларии каде ќе ги слушаат нивните барања кои ќе се преточат во конкретни политики. Филипче порача дека граѓаните ќе бидат директно вклучени во тие процеси.

Носителот на листата на СДСМ и коалицијата во ИЕ 4, д-р Венко Филипче на граѓаните им вети дека ќе остане достапен за нив како во кампањата и после изборите, а тоа ќе го исполнат и другите пратеници од оваа листа.

Филипче истакна дека СДСМ е партија на граѓаните, а не салонско здружение и затоа секогаш ќе работи и ќе биде меѓу граѓаните.

Костадиновска – Стојчевска ги повика граѓаните на обединување и да гласаат за слобода и демократија

Коносителката на изборната листа на СДСМ во петтата единица, Бисера Костадиновска – Стојчевска од митингот во Битола испрати порака за обединување на граѓаните и прогресивните сили на 8 мај.

„Ве повикувам на обединување околу вистинските демократски вредности, околу слободата, стабилноста и понатамошниот прогрес на државата. Сега е време да покаже секој од нас одговорност и мудрост, да се остават на страна сите разлики и поделби и да ја гледаме големата цел, а тоа е каде и како оди државата после 8 мај.

Да гласаме за број 1, за Стево, СДСМ, за НОБ, за АСНОМ! Да ги продолжиме делата на нашите претци со кои делиме исти вредности“ – порача Костадиновска – Стојчевска пред жителите на Битола.

Според неа, вистинските антифашисти се борат за слобода на говор, слобода на делување, слобода на живот. Потсети на големите резултати на СДСМ, со кои партијата со право се нарекува државотворна и граѓанска.„Вистинска социјалдемократија значи кога се носат одлуки кои не се лесни за поединецот, ама се потребни за државата. И кога ќе кажеме дека СДСМ е државотворна партија, дека секогаш државата ни е пред се, тоа го докажавме и покажавме. И ќе продолжиме да го правиме тоа. Затоа што без разлика дали сме на власт или опозиција, секогаш граѓаните ни се на прво место. Ако не ни беа, немаше да зголемуваме плати, немаше да субвенционираме сметки за електрична енергија, немаше да работиме на привлекување на странски инвестиции и да отвараме нови работни места. Да работиме на мерки кои ке ни ги задржат младите дома“- рече Костадиновска – Стојчевска на митигнот во Битола.

Скопје, 6 мај 2024

СДСМ

САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија

САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти.

САД воведоа визни рестрикции против раководители на неколку транспортни компании од Колумбија кои превезуваат мигранти по морски пат.

Во соопштението објавено денеска се вели дека овие компании ловат ранливи мигранти со нудење сервиси чиј цел пред сѐ е овозможување незаконска имиграција во САД.

-Неколку компании обезбедуваат морски сообраќај и свесно овозможуваат незаконски транспорт на мигранти и ги изложуваат мигрантите на експлоатација и насилство, се вели во соопштението од американскиот Стејт департментот.

Оттаму наведуваат дека визните рестрикции промовираат одговорност за овие актери и испраќат сигнал дека никој не смее да профитира од ранливи мигранти, ниту криумчарите, ниту пак приватните компании или официјалните лица.

-САД ќе продолжат со мерките за визни рестрикции против безобѕирните сопственици на транспортни компании, раководители и службени лица како дел од пошироката стратегија за елиминација на практиките за експлоатација во рамките на и надвор од Западната хемисфера, и во соработка со партнери во владата и приватниот сектор, се вели во соопштението.

САД се судираат со историски зголемен приток на нелегална имиграција од Јужна Америка на американско-мексиканската граница. Проблемот со нелегалната имиграција е главна тема во предизборните кампањи во пресрет на претседателските избори закажани за во ноември, на кои најверојатно ќе учествуваат кандидатот на Републиканската партија Доналд Трамп и демократот Џо Бајден.

притисни ентер