Заев: Бугарија ќе поддржи почеток на преговори со ЕУ, не очекувам Франција да биде пречка - Канал 5

Заев: Бугарија ќе поддржи почеток на преговори со ЕУ, не очекувам Франција да биде пречка

Премиерот Зоран Заев очекува Софија да даде поддршка на почеток на преговорите на нашата земја со ЕУ и оти тоа е и обврска и од Договор за пријателство, добрососедство и соработка.

Заев: Бугарија ќе поддржи почеток на преговори со ЕУ, не очекувам Франција да биде пречка

-Бугарскиот и македонскиот народ се пријателски народи. Ние политичарите треба да им служиме. Јас верувам дека Бугарија ќе даде поддршка на добивањето датум за почеток на преговори на РМ со ЕУ. Толку долго очекувана одлука, веќе 15 години. Тоа е и обврска и од Договорот што го имаме, за кој мора двете страни да водат грижа за неговото исполнување. Јас сум среќен што постигнавме Договор за пријателство, добрососедство и соработка. Тој Договор заокружи значајни поглавја досега, веројатно застанавме за не така лесно поглавје, кое што треба преку комисиите, воспоставени од двете страни, да го решиме. Ние сме со намера да продолжиме да ги решаваме работите и да ги изнаоѓаме начините, од каде двете земји и двата народа ќе излезат како победници, рече Заев на новинарско прашање по свеченоста за доделување на наградите „11 Октомври" во Собранието.

Според него, идентетот не е прашање за кое може да се преговара во 21-от век и оти Бугарија го разбира тоа.

-Идентитетот не е прашање на кое се преговара во 21-от век. Современа европска Бугарија верувам дека тоа го разбира. Верувам дека низ решавањето и имплементација на Договорот со Република Бугарија ќе ги изнајдеме решенијата и на овие прашања затоа што идентитетот е чувство. Тие тоа го признаваат, јас му се полконувам на премиерот Борисов кој е европски политичар и кој на нашите пресови во Софија, но и овде спомна македонски народ, заради тоа што навистина 21-от век не ги овозможува перцепциите на ограничување на идентитетските прашања. Секако желни за поскоро решение на секое од овие прашања се испоставија и вака декларативни нивни очекувања кои верувам во најмала се тоа дека договорите треба да имаат реализација, но при тоа не смеат да бидат пречки, истакнува Заев.

Интересот РМ да почне преговори со ЕУ, додаде премиерот, не е само наш интерес, туку е интерес и на целиот регион, интерес и на Бугарија, а тоа е гаранција за мирот, стабилноста, безбедноста, иднината, економијата, соработката итн. и оти верува дека ќе се водат од тој интерес.

-Ние ќе ги отвориме поглавјата, паралелно тоа ќе се случува во годините пред нас. Имајќи предвид дека се години нанапред пред нас зарем не треба да го решаваме Договорот со Бугарија и да го имплементираме, зарем не треба да ги решаваме деталите од Договорот со Грција и да го имплементираме. Тоа е обврска, но и право на двете страни, така што логично е дека очекува и бугарската страна, очекува и македонската страна, очекува и грчката страна реализација на договорите, затоа што преку нивна имплементација ги јакнеме пријателставта и создаваме услови за унапредување на соработката, рече Заев.

Според него, играта на зборовите, на формулациите во изјавите е нешто на што треба да се внимава, но причина гледа и во притисок пред носењето на одлуката, со оглед дека Бугарија е во изборна година.

-Верувам дека во иднина уште повеќе пријателски ќе бидеме насочени, за да ги имплементираме обврските на двете страни, но и да се поддржуваме, едни со други. Очекувам Бугарија и Грција да бидат авангардата во поддршката на добивањето преговори со ЕУ, повтори премиерот.

На новинарско прашање Заев вели дека ќе го зачуваме македонскиот јазик, кој е впишан во ОН и е признат секаде.

За становиштето на Франција, Заев вели дека респектира ставови на поединечни земји, и оти дебата е отворена во функција на идните методолошки пристапи во преговарачките процес, но не очекува тоа да биде пречка за добивање датум за преговори.

-Франција е голем пријател на РМ. Информациите ни кажуваат дека се бара методологија која ќе ги убрза преговорите, но може и да ги врати назад кога не успеваат државите. И тоа е фер позиција затоа што ние не сакаме само да преговораме, да отвараме и затвараме поглавја, туку сакаме да се трансформираме кон подобро и да станеме еднаква, од сите можни аспекти, земја и народ со Европа и европските народи. Верувам низ потребата на Франција и други земји да се вгради една таква методологија, сепак, нема да биде пречка за донесување на одлуката за почеток на преговори со ЕУ. Нема земја која денес е членка на ЕУ или преговара со ЕУ која направила повеќе од РМ за да ја добие заслужената одлука за почеток на преговорите, вели Заев подвлекувајќи дека е оптимист и дека сепак не би сакал да избрзува со какви било заклучоци. /МИА

Најмалку 14 лица загинати во руски напад врз Киев

Најмалку 14 лица, вклучувајќи еден Американец, беа убиени во рускиот напад врз Киев во текот на ноќта, изјави украинскиот министер за внатрешни работи, Игор Клименко.

Најмалку 14 лица загинати во руски напад врз Киев

Во нападот во украинскиот главен град беа повредени 44 лица. Штети беа предизвикани на станбени згради, образовни институции и критична инфраструктура, напиша Клименко на Телеграм.

Порано, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека еден американски државјанин загинал во нападот. Американецот беше убиен од шрапнели, изјави подоцна Клименко.

Експлозии можеа да се слушнат во Киев цела ноќ. Масовниот руски напад врз украинскиот главен град се случи во позадина на самитот на Г-7 во Канада.

Седумте водечки демократии ја поддржуваат Украина откако започна војната пред повеќе од три години. Но, главната тема на овогодинешниот самит на Г7 е размената на удари меѓу Израел и Иран.

Вучиќ објави дека СНС нема да одржи митинг во Белград на 28 јуни

 Претседателот на Србија и член на Српската напредна странка Александар Вучиќ денеска изјави дека властите нема да организираат митинг на 28 јуни, на Видовден, бидејќи не сака конфликти со студентите во блокада, кои најавија протест во Бел

Вучиќ објави дека СНС нема да одржи митинг во Белград на 28 јуни

Вучиќ, во гостување во Утринскиот дневник на Радио и телевизија на Србија, рече дека претставниците на властите не сакаат да креваат тензии.

Според него, СНС никогаш не организирала контрасобири, па затоа нема да го стори тоа ниту на Видовден.

„Размислуваме за Нови Сад, без разлика дали на 28 јуни или на 5 јули. Секако сакаме да избегнеме конфликт бидејќи сме одговорни луѓе“, рече Вучиќ и додаде дека за три месеци „физички ќе ги брани блокадерите од нападите на огорчениот народ“.

Студентите во блокада најавија дека ќе организираат протест во Белград на Видовден, а вчерадел од српскките медиуми објавија дека СНС исто така планира да одржи митинг во тој ден.

ИДФ: Израелските одбранбени сили уништија една третина од иранските лансери за ракети

 Израелските одбранбени сили уништија една третина од иранските лансери за балистички ракети и успеаја да попречат „големи делови“ од плановите на Иран за напад врз Израел, изјави портпаролот на Израелските одбранбени сили

ИДФ: Израелските одбранбени сили уништија една третина од иранските лансери за ракети

Израелските одбранбени сили уништија една третина од иранските лансери за балистички ракети и успеаја да попречат „големи делови“ од плановите на Иран за напад врз Израел, изјави портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), бригаден генерал Ефи Дефрин.

Дефрин на прес-конференција изјави дека израелските воздухопловни сили воспоставиле „целосна воздушна супериорност“ над Техеран. ИДФ соопшти дека иранските напади се состоеле од околу 30 до 60 ракети поединечно и дека Иран се обидел да испука стотици балистички ракети одеднаш, но дека нападите на израелските одбранбени сили врз системи за лансирање балистички ракети во Иран ги попречиле нивните напади.

Дефрин изјави дека 65 ирански балистички ракети и десетици дронови биле лансирани врз Израел вчера вечерта и утрово, во два напада, од кои повеќето биле пресретнати, и дека осум лица биле убиени, а речиси 300 ранети во три напади.

притисни ентер