Заев: Бојкотот носи трња и троскот, ништо друго

Бојкотот носи трња и троскот, ништо друго. Ова го изјави премиерот Зоран Заев вечерва на трибина во Неготино. 

- Како мал пазар тешко се опстојува. Можеме само здружени заедно. Со понапредните, со големите пазари, каде што владее правото и европски вредности, каде што е вредно да се има квалитетен живот за живеење. Таму беа нашите аспирации. И можевме и порано да донесеме одлуки ако не се правеле вакви калкулации, но знаев јас дека можам да владеам. И дека можам уште четири години да добијам. Ама сфатив, после 27 години каде да ја водам Македонија, во ноќта, во бездната, во бунарот, да продолжиме да се лажеме, да изгубиме уште 27 години? Зошто? Немаме два животи, еден е пусти за живеење. Ајде да го живееме, да го направиме чекорот, порача Заев.

Истакна дека народот секогаш во историјата знаел да носи мудри одлуки и изрази уверување дека и овој пат ќе го стори тоа.

- Зошто? Оти си ја сака татковината. Оти чувствува одговорност за своите деца. И затоа донесовме праведна и фер одлука. И сите знаат дека направивме компромис. Ама компромисот не мрда од мртва точка, компромисот претставува спогодба помеѓу две или повеќе страни, од кои што двете страни се подготвени да направат заемни отстапки за да се договорат, рече премиерот.

Нагласи дека сите сме исправени пред историска одлука, свесни за придобивките од одлуката која треба да ја донесеме.

- Одлуката е сериозна и одговорна, се однесува на татковината и нашата иднина. Доста е изолираност и редно е да се интегрираме со другите и да бидеме граѓани на Европската унија. Одлуката ја носиме ние, рече Заев.

Потсети на изминатиот период на изолираност, се осврна и на договорот со Грција. Рече дека компромисот го движи светот, да се изнајдат решенија за се, ако се има желба.

Проговори за различните видови придобивки од соработката со соседите, кои, како што рече, „од непријатели ни станаа пријатели“.

- Има фајде од пријателството. Оваа генерација мора да ја зграпчи оваа шанса. Има историска шанса да одлучува и затоа одлуката е многу важна, истакна премиерот.

Потсети за жртвувањето и вековната борба на македонскиот народ, за да биде признаен од целиот свет. Сега има рече таква шанса, да се постигне тоа со пријателство и со признаен идентитет. Повика на соработка, со цел да се оди напред.

- Да се испише со златни букви и оваа страница од нашата историја. Бидејќи подобар договорот со Грција од овој, не може да се постигне, рече премиерот.

Премиерот потсети на војните и конфликтните ситуации во минатото, нагласувајќи дека со НАТО, загарантирана е безбедноста. Тоа пак е предуслов за нови инвестиции, фаќање чекор со развиените земји.

- Се што сме сакале е потврдено во овој договор. И плус тоа ги отворивме портите на НАТО и на ЕУ. Покажавме демократска зрелост. Покажавме европски манири. Покажавме европски односи. И тоа го препозна светот, секаде имаме големи пријатели. Затоа почитувани пријатели да немате дилеми, не знам кој што сака нека збори, не знам кој зошто ќе бојкотира, против себе ќе се бојкотира? Што ќе постигне, изјави Заев меѓу другото.

Рече дека НАТО и ЕУ значат поголеми плати, повеќе работни места, подобро здравство, подобро образование.

- Значат подобро и правично судство. НАТО и ЕУ значат вредности за кои што сакаме овде да ги имаме и да ги живееме. Затоа со сите земји кои што станале членки на НАТО и на ЕУ овие податоци се паралелата што ја влечиме овде со Македонија. Еве ја Бугарија од таа страна. Пред да стане членка на НАТО и на ЕУ и сега кога стана членка на НАТО и на ЕУ. Пред да стане, имаше невработеност од 17,2 посто, кога стана членка на НАТО и на ЕУ еве ја сега има 5,3 проценти невработеност. Странските инвестиции се зголемиле за 4 до 5 пати, нагласи меѓу другото на трибината на градскиот плоштад во Неготино.

Повика без страв да се излезе на гласање, без дилеми, бидејќи друга, резервна алтернатива нема. Да се зграпчи иднината. Повика на заедништво по ова прашање, најважно за Македонија.

На прашање на неготинец, премиерот проговори за европските вредности и предностите за земјоделството. На трибината беа присутни и градоначалникот Тони Делков и други политички личности. На трибината говореа и актерот Диме Илиев и Кристина Арнаудова кои рекоа дека ќе гласаат “за” на референдумот.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер