Заев - Атанасоф: Имаме потенцијали за воспоставување мостови за долгорочна соработка

Претседателот на Владата, Зоран Заев го прими амбасадорот на Аргентинската Република во нашата земја, со седиште во Софија, Алфредо Нестор Атанасоф, соопштуваат од Владата.

Премиерот Заев на средбата ги истакна традиционално пријателските односи меѓу двете земји, особено на мултилатерален план каде што Македонија и Аргентина споделуваат взаемна поддршка околу заеднички интереси.

Без разлика на географската далечина, истакна премиерот Заев, време е двете земји да ги поттикнат билатералните односи за што постојат потенцијали на двете страни, кои можат сериозно да ја зајакнат соработката на економски план, особено во земјоделието.

Амбасадорот Атанасоф на премиерот Заев му ги пренесе поздравите на премиерот и на министерот за надворешни работи на Аргентина, која целосно ја поддржува аспирацијата на Македонија во ЕУ, и потенцираше дека неговата посета има за цел да воспостави долгорочни мостови за соработка меѓу двете земји.

На средбата беше истакнато дека двете земји многу бргу ќе ги подготват сите неопходни меморандуми и договори за брза и ефикасна реализација на утврдените потенцијали за соработка.

Претседателот на Владата Заев предложи во текот на првата половина на идната година Македонија да биде домаќин на делегација на стопанските комори на Аргентина за да се поврзат бизнисмените од двете земји, што амбасадорот Атанасоф го оцени како особено добредојдена иницијатива и заради фактот што во неговата земја има интерес за заеднички инвестиции во нашата земја поттикнат од поволните политики за поддршка на директните странски инвестиции.

ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување на предлог-законот за академија на судии и јавни обвинители

Во Собранието опозицијата побара повлекување на предлог Законот за судии и јавни обвинители, кој според ВМРО-ДПМНЕ не може да се носи со европско знаменце.

Повеќе детали има Андријана Лазова.

Андријана кои се аргументите на власта и на опозицијата околу овој закон.

Целиот извештај погледнете го во видеото.

Средба Битиќи – Доер Вос: Германската поддршка за реформите во економијата е една од најважните

Вицепремиерот Битиќи, кој престојува во работна посета на Берлин, на средбата истакна дека германската поддршка е една од најважните за земјава.

Економската соработка помеѓу Македонија и Германија беше главна тема на разговор на работната средба во Берлин на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи со државната секретарка во германското Федералното министерство за економија и енергетика, Клаудија Доер Вос.

Вицепремиерот Битиќи, кој престојува во работна посета на Берлин, на средбата истакна дека германската поддршка е една од најважните за земјава, особено кога станува збор за реформите во економијата.

Битиќи, како што соопшто неговиот, кабинет констатира дека економската соработка на земјава со Германија е на исклучително високо ниво.

– Веќе традиционално оваа земја е прв трговски партнер на Македонија, како последица на голем број на директни инвестиции на компании од Германија. Беше потенциран и процесот на „near-shoring" кој подразбира преселба на голем дел од производството на компании од високоразвиените земји кои имаа сопствени капацитети во земјите од Далечниот Исток во нивна непосредна близина, а Македонија секако е една од дестинациите каде дел од ова производство ќе биде трансферирано, се наведува во соопштението.

Од таму информираат дека на состанокот вицепремиерот Битиќи ги претставил и преземените чекори за развивање на 20-годишна Национална развојна стратегија на земјава до 2041 година, во која ќе бидат опфатени сите аспекти на општественото живеење, а која треба да обезбеди одржлив економски раст.

Вицепремиерот Битиќи и државната секретарка Доер Вос, енергетиката, индустријата, заштитата на животната средина и спроведување на структурни реформи во економијата ги дефинираа како области каде би можела дополнително да се унапреди соработката.

Тие заклучија дека како една од конкретните мерки со кои директно ќе се помогне на инвеститорите, особено оние од преработувачката индустрија, а која е и дел од владината програма, е измената на царинскиот тарифник и негово прилагодување на царинските стапки во ЕУ. /МИА

Ковид пандемијата го отежнува пристапот до хормонска терапија за децата со низок раст

Билјана Стефановска  својата ќерка ја приметила на нејзината осма година дека до претходната година го носи ист број на патики и облека. 

Таа се обратила на доктор каде добила одговор дека детето мора да прима хормон за раст. Пред три годни само 100 деца примаа хормон за раст, Фондот за здравство дозволи доплнително 60 деца да се стават на листата за примање на овој хормон со што се намали времето на чекање на листата.

Докторите од клиниката за детски болести со апел до матичните доктори, родителите да ги следат децата, но и редовно систематски прегледи каде ќе се следи растот на детето до пубертетот.

На светскиот ден на одбележување на раст кај децата денот се посветува на родителите кои во време на пандемијата не ги носат своите деца на контрола дури и не примаат хормон за раст.

Во Македонија во овој момент 160 деца се на терапија на хормон на раст. Медицинските испитувања ги закажуваат матичните доктори до клиниката за детски болести.

притисни ентер