Заев: Ако нема датум, можно е да падне владата

Ако нема позитивна одлука за Македонија на самитот тоа веројатно ќе ја урне Владата, порачува премиерот Зоран Заев во изјава за српската новинска агенција Танјуг.

„Алтернатива за нас нема. Ако не се донесе одлука ние не можеме да се откажеме од ЕУ. Секако дека ЕУ е нашата иднина. Веројатно ќе ја уништи владата во Македонија. Но, ќе дојдат некои други и ќе го продолжат тој пат. Затоа што ние поради ЕУ го сменивме дури и нашето име. Направивме договори со Бугарија и Грција. Ги унапредивме односите со Србија, Албанија, Косово, со соседите во тој правец . Јас верувам дека ќе има се повеќе и повеќе мотивација за да продолжиме да работиме посилно за да покажеме уште повеќе успех“, рече Заев.

Латас во отворено студио на Канал 5: Корупцијата достигна ниво какво што Македонија немала

Драган Павловиќ Латас во отвореното студио вели дека корупцијата во Македонија достигнала досега невидено ниво.

Тој вели дека со резултатите на овие избори корупцијатаја одложивме за 5 до 10 години.

Претседателски избори: Силјановска Давкова 305.640, Пендаровски 141.984

Резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 62,23% од избирачките места и 59,40% од гласовите, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 64,05% од гласовите или 305.640 гласови. Стево Пендаровски освоил 141.984 гласови или 29,75%.

Во штабот на ЗНАМ е мирно, прес-конферениција на Димитриевски во 23 часот

Михаела Димовска е во штабот на ЗНАМ.

Во седиштето на движењето ЗНАМ во Скопје е мирно

Во штабот предмалку пристигнал и лидерот на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Прес-конференција е најавена во 23 часот.

притисни ентер