Заедничко интервју на Димитров и Рот за Die Welt

Вицепремиерот Никола Димитров  и германскиот министер за Европа, Михаил  Рот дадоа заедничко интервју за германскиот дневен весник Die Welt, соопшти Секретаријатот за европски прашања.

Велт: Бугарија ги блокира пристапните преговори поради јазичниот спор. Дали Ве изненади ставот на вашиот сосед? Затоа што претходно Бугарија ги поддржуваше овие преговори.

Никола Димитров: Сето ова започна во октомври, 2019 година. Во бугарскиот парламент се донесе политичка декларација. Претходно Софија вложуваше многу во нашата европска иднина. Со самитот на ЕУ - Западен Балкан во Софија во мај 2018 година и потоа во јуни, кога министерката за надворешни работи Захариева се бореше за зелено светло за нашите пристапни преговори. Но, со Декларацијата во Парламентот, бугарската влада ги стави билатералните прашања на масата на ЕУ. Притоа, ние имаме Договор за пријателство, механизми за расправа за овие теми, историчари од двете земји кои работат на овие теми. Јас сметам дека не е воопшто продуктивно политичарите да расправаат околу историски прашања. Ние сме регион со богата историја, но досега не успеавме на помладата генерација да ѝ понудиме доволно перспективи за во иднина. Оттука, идејата беше: да ги оставиме историчарите да расправаат околу историјата – а ние да се погрижиме за најважните прашања за моментов и за во иднина. Што значи не бевме изненадени, но сме разочарани. Европската Унија, врз основа на Договорот од Лисабон, е Унија која ја почитува културната и јазичната разноликост. И навистина е тешко да им се објасни на граѓаните на Македонија како дојде до тоа, нивниот јазик, македонскиот јазик, да биде пречка за пристап кон една заедница која ја цени јазичната разноликост како особено богатство. А, исто така, тешко е да се објасни и тоа зошто јазикот претставува пречка на патот кон добрососедските односи, кои патем треба да се засноваат на меѓусебна почит.

Велт: Кое би можело да биде решението?

Михаел Рот: Како уверен Европеец, секогаш останувам оптимист. Дадовме ветување дека во текот на нашето претседателство со Советот ќе се потрудиме да добиеме зелено светло за почеток на пристапни преговори со Македонија. И јас се чувствувам должен кон ова ветување. Преговорите не се неуспешни, но треба уште многу да се направи. На состанокот на Советот на министри скоро сите делегации уште еднаш ставија до знаење дека билатералните теми помеѓу две земји би требало и таму да останат. И дека сега треба да се фокусираме на централните прашања кои се важни за започнување на пристапните преговори. Ова мора да се направи затоа што нам итно ни е потребен позитивен сигнал за Западен Балкан. Мора да признаеме дека Македонија и Албанија во последниве години постигнаа извонредни резултати. Северна Македонија запиша историја со Договорот за пријателство со Бугарија, но и со решавањето на спорот за името со Грција, кој траеше скоро 30 години. Тоа сега треба и да се награди.

Велт: Г. Димитров, Вие лично учествувавте во преговорите за Договорот од Преспа со Грција. Што значи ја познавате сложеноста на ваквите прашања. Во што гледате начин за решавање на конфликтот со Бугарија?

Никола Димитров: Една од главните причини зошто успеавме да го решиме прашањето со нашите грчки пријатели беше таа што Договорот од Преспа не само што не влијаеше врз македонскиот јазик и идентитет, туку го потврди нашето право на самоопределување. Односите меѓу земјите функционираат врз основа на меѓународното право. Државите не ги признаваат јазиците или идентитетите, тие ги признаваат државите и владите. Живееме во Европа во 2020 година. Прашањето за тоа кој сум јас е прашање кое се однесува само на мене. Не дозволувам мојата земја да ми кажува кој сум јас, а да не зборуваме пак за друга земја. Јазиците на европските земји се нивна работа, тие се однесуваат само на соодветно засегнатите народи. Ова би можело да биде рамката која би ни помогнала да го избегнеме овој проблем.

Македонскиот, покрај словенечкиот и српско-хрватскиот, беше еден од трите службени јазици на поранешна Југославија. Во меѓувреме, преку политичкиот развој на регионот, ги имаме и српскиот, хрватскиот, црногорскиот и босанскиот. Како народите го нарекуваат нивниот јазик, тоа е нивно право. Воопшто не е продуктивно ова да го претвораме во политички спор помеѓу две земји.

ВЕЛТ: Како би го дефинирале македонскиот идентитет?

Никола Димитров: За германскиот аудиториум: Ние сме мала, но великодушна нација во средишниот дел на Балканот. Немаме излез на море, но имаме многу зелени планини и прекрасни езера. Процесот на самобитноста на македонската нација започнува во втората половина на 19-от век и кулминира со државност во 1944 година и таа не може биде разбрана без да се земат предвид влијанијата на другите национални идеи на Балканот. Впрочем, како што е случај со сите национални идеи во Европа и светот. Ние бевме една од шесте земји основачки на поранешна Југославија, стекнавме независност во 1991 год. и денес сме мултиетничка демократија. Мнозинството се Македонци, православни христијани. А тука се и Албанците, Србите, Ромите, Турците и други заедници. Она што го гледаме во Европа е надеж за добросостојба, но и заедница на вредности. Процесот на преговори нам ни е потребен за да ја донесеме Европа во нашата земја. Кога говориме за Европа во Македонија, тогаш луѓето под тоа подразбираат: независни судии, владеење на правото, слобода на медиумите, зајакнати институции, чист воздух. Како во метафоричка, така и во буквална смисла. Скопје е еден од најзагадените градови во Европа. Затоа сакаме да ги започнеме пристапните преговори. Веќе 15 години сме земја кандидат и бевме првата земја која ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација, но изгубивме цела една генерација поради спорот за името со Грција. Потоа во Брисел, на барање на Париз, беше разработена нова методологија за пристапни преговори. Сега последната пречка доаѓа од нашиот источен сосед.

ВЕЛТ: Но како ова конкретно може да се реши?

Никола Димитров: Сметам дека решението е да се фокусираме на решливите проблеми, а не на тоа нашиот идентитет да го направиме предуслов за европска иднина. Не е исправно Македонците во 2020 година да се одлучуваат за тоа дали сакаат да останат Македонци или да станат Европјани. Тоа си оди едно со друго, а предизвикот за национален идентитет во Европа е предизвик за Европа, бидејќи Европа е заедница на вредности која ја цени нејзината разноликост. Целите на градење пријателство со Бугарија, водење разговори за прием како и заштита на нашето право на самоопределување и на сопствениот идентитет, се надополнуваат меѓусебно. Значи, ние ќе продолжиме да преговараме, останаа уште неколку недели. И се надеваме дека со помош на германското претседателство со Советот на ЕУ ќе оствариме успех заедно со нашите соседи во Бугарија.

Велт: Каква моќ има германското претседателство со Советот за постигнување компромис?

Михаел Рот: Моментално сме во секојдневен близок контакт со двете страни. На крајот од денот ова е централниот аргумент: Западен Балкан не е наш „заден двор", туку „внатрешниот двор" на Европа. Стабилноста, мирот, регионалното помирување таму се од централно стратешко значење за Европа. А особено за соседството. И безбедноста и стабилноста на Бугарија би биле засегнати ако не постигнеме поголема стабилност во соседството. Во принцип се препознава и овој аргумент. Нашата преговарачка цел е да се разјаснат работите кои се повеќе од потребни за пристапните преговори, за што треба да води сметка и ЕУ. А потоа имаме неколку билатерални проблеми, кои, според бугарскиот став, произлегуваат од несоодветното спроведување на Договорот за пријателство. Во однос на ова ги охрабривме и двете земји да најдат решение кое овие билатерални прашања ќе ги доведе до еден структуриран процес, за да може да се решаваат чекор по чекор. Таквите пречки од минатото претставуваат многу чувствителни конфликти. За нив треба време и не може да се решат во рок од неколку недели. Бугарија и Македонија основаа комисија на историчари. Такво нешто не се случува преку ноќ. Па со оглед на тоа, ова не би требало да го оневозможи почетокот на пристапните преговори и отворањето на меѓувладината конференција во декември.

Велт: Г. Димитров: Какви би биле последиците за вашата земја ако пристапните преговори дополнително се одложат?

Никола Димитров: Резултатот би бил – разочарување. Луѓето губат надеж дека е навистина можно да се приближиме кон Европа. Целиот регион е во трка со времето. Младите луѓе се одлучуваат да заминат, да се преселат во Германија, Италија или некоја друга земја членка, бидејќи сакаат европска перспектива. А нам ни се потребни овие луѓе за токму оваа перспектива да ја создадат кај нас, во нашата земја. Секогаш кога постои пречка на патот кон Европа тогаш тоа оди во прилог на скептиците и националистите. Колку е помала надежта дека европската визија за оваа земја ќе стане реалност, толку тоа повеќе штети на проевропските реформатори и толку повеќе од ова профитираат негативните сили.

Нашиот претходен шеф на Владата го изгуби компасот во една вонредна ситуација, откако не успеавме да влеземе во НАТО на самитот во Букурешт во 2008 година. Тоа предизвика одолжување кое тој го искористи да ја прошири својата моќ. Верувам дека, ако не постигнеме успех – а се надевам дека ќе постигнеме со помош на Берлин и другите земји членки – но, доколку не успееме ќе мораме да се потрудиме да ја насочиме енергијата на вистинските нешта, да го забрзаме реформскиот процес. Бидејќи пристапот кон ЕУ е забрзувач на реформите. Доколку не можеме да ги водиме формалните пристапни преговори, најверојатно ќе ги повикаме заинтересираните земји членки да ни помогнат во тоа, да ги спроведеме понатамошните реформи во клучните области со цел да бидеме во добра форма кога околностите ќе се променат.

Ефектот на одложувањето врз нашата внатрешна политика се состои во тоа дека тој го прави уште поголем предизвикот да се задржи курсот. Тогаш ќе мораме да им објасниме на луѓето дека не смееме да се предадеме. Ја имаме визијата за европска Македонија и се држиме до неа. Ако тоа може да се направи со помош на пристапните преговори, одлично – но дури и без нив мораме и понатаму да работиме за да ги реализираме европските стандарди во нашата земја. Верувам дека тоа можеме да го направиме со помош на нашите пријатели во европските престолнини, а ова ќе помогне во обезбедувањето на перспектива за нашиот народ. Но, опозицијата токму сега говори за изгласување недоверба, го повикува премиерот, мене и министерот за надворешни работи на оставка. Тоа е резултатот од досегашниот неуспешен развој на настаните, изјавил Димитров во заедничкото интервју со германскиот министер Рот за Велт.

Единствената Авганистанка во дипломатска служба шверцувала 25 килограми злато

Авганистанката Закија Вардак, генерален конзул во Мумбаи, Индија, која била назначена пред талибанците да ја преземат власта во 2021 година, единствената жена во земјата во дипломатската служба, поднесе оставка.

Авганистанката Закија Вардак, генерален конзул во Мумбаи, Индија, која била назначена пред талибанците да ја преземат власта во 2021 година, единствената жена во земјата во дипломатската служба, поднесе оставка по извештаите дека била приведена поради наводен шверц на злато.

Вардак вчера објави дека дала отказ на својот официјален профил X (Твитер), откако минатата недела индиските медиуми објавија дека била накратко задржана на градскиот аеродром поради наводно шверцување на 25 златни прачки, тешки по еден килограм од Дубаи. Според информациите на индиските медиуми, таа не била уапсена поради дипломатскиот имунитет.

Во изјавата Вардак не ги спомнала наводите за шверц на злато, но истакнала дека длабоко жали што како единствена жена во авганистанската дипломатија, наместо да добие конструктивна поддршка за да ја задржи својата позиција, се соочила со бранови организирани напади насочени кон уништување.

„Во текот на изминатата година наидов на бројни лични напади и клевети насочени не само кон мене, туку и кон моето потесно семејство и роднините“, додаде таа.

Вардак истакнала дека нападите „сериозно влијаеле на нејзината способност за ефективно работење и ги покажале предизвиците со кои се соочуваат жените во авганистанското општество“.

Министерството за надворешни работи на Талибанците не одговорило веднаш на повиците на агенцијата за коментар за оставката на Вардак.

Шок на плажа во САД: Луѓе мирно се шетаат, кога пред нив принудно слета авион (ВИДЕО)

Едномоторниот авион „Цесна 152“ слета на плажата Седар во градот Маунт Синај во средата околу 19:30 часот по локално време.

Шеесетгодишниот пилот пријавил дека авионот имал дефект на моторот пред да слета на плажата, пред изненадените луѓе кои шетале и уживале во зајдисонцето, јавува ABC7.

При слетувањето, авионот за малку ќе се превртел, бидејќи предниот дел удрил во песок.

Пилотот и неговата сопатничка, 59-годишна жена, не се повредени. Повредени нема ниту на плажата.

ФАА ќе го испита инцидентот.

Огромна скулптура на хот дог се појави на Тајмс Сквер во Њујорк (ВИДЕО)

Тајмс Сквер во Њујорк е место каде што може да се види навистина сè - од необични луѓе до чудни уметнички инсталации, а една таква неодамна се појави на плоштадот.

Станува збор за необична, џиновска скулптура на хот-дог долг речиси 20 метри - со малку сенф одозгора. Но, тоа не е сѐ. Како оваа инсталација да не е доволно чудна сама по себе, секој ден напладне се дига во воздух и од неа летаат конфети.

Станува збор за скулптура која ја создале двајца уметници од Бруклин, Џен Катрон и Пол Аутлау, а со неа сакале да му оддадат почит на сето она што го симболизираат хот-догот. Во интервју за The Art Newspaper, Катрон ја објаснил симболиката на ова уметничко дело.

„Историјата на хот-догот и како се прави, како стигна до каде што е денес, тоа е навистина вистинска американска приказна - од луѓето кои го прават и луѓето што го јадат, до луѓето кои профитираат од него. Сето тоа завиткано во ова јадење кое е вкусно, но и забавно и глупаво во исто време“, вели Катрон.

@timessquare.nyc And the weiner takes all! 🌭 ‘Hot Dog in the City’ by artist duo Jen Cantron and Paul Outlaw is finally in #TimesSquare 🌟 If you missed the unveiling, you can always ketchup! ‘Hot Dog in the City’ will be on view until June 13, 2024 @ Broadway and 46th St with a confetti pop daily at 12pm. We have more exciting hot dog events to come! #NYC #HotDogInTheCity #HotDog #PublicArt #FreeEvents #NYCEvents ♬ original sound - Empire State Building

Заедно со скулптурата со хот-дог се одржуваат различни настани, меѓу кои и натпревар во јадење хот-дог, како и натпревар за најубаво куче, а скулптурата на хот-дог ќе биде на Тајмс Сквер до 13 јуни.

притисни ентер