Кузеска: Како контролираното судство ја спречи заплената на криминалниот имот на ВМРО и го спаси Груевски
2Кузеска: Како контролираното судство ја спречи заплената на криминалниот имот на ВМРО и го спаси Груевски
3Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ на следниот изборен циклус сакаат да се претстават како жртви и оштетени
Емотивни сцени по елиминацијата на Англија: Дејвид Бекам не можеше да ги сокрие солзите и разочарувањето
2Емотивни сцени по елиминацијата на Англија: Дејвид Бекам не можеше да ги сокрие солзите и разочарувањето
Живот„Ова е сон“- по 22 години го напуштил инженерското место во Мајкрософт за да чува гускиФенг Јуан, софтверски инженер кој поминал 22 години работејќи за Мајкрософт пред да стане фармер на гуски, стана вирален на социјалните мрежи.Додека корисниците на Интернет разговарале за неговото извонредно патување, еден корисник решил да сподели слика со натпис: „Оставете го Мајкрософт по 22 години само за да станете фармер на гуски“. Од објавувањето, објавата предизвика широка дискусија и пофалби за кариерата на Фенг Јуан. Објавата содржи скриншот од профилот на Линкедин на Хуанг, давајќи им на читателите поглед на неговата долга кариера во Мајкрософт. Resigned from Microsoft after 22 years just to become a Goose🪿 farmer 😭 (Reference: LinkedIn)https://t.co/bnFAptRfTu pic.twitter.com/33HaSngyhX — Smarika Malviya (@smarika_17) May 1, 2024 Врз основа на информациите за профилот, тој е одговорен за многу проекти низ годините и извршувал клучни функции. Тој бил архитект околу една година и четири месеци, по што станал главен инженер за развој на софтвер, функција на која работел повеќе од 21 година. Покрај тоа, тој придонел за проекти како што се Azure Performance Team Office 365 Foundation Engineering и развој на апликации на Bings. Пред тоа, Фенг Јуан бил развивач во Hawleet каде поминал околу седум години како виш софтверски инженер. Инаку, овој човек има докторат по компјутерски науки на Универзитетот Нанџинг и диплома по електротехника на Универзитетот во Шангај. Во коментарите, многумина ја пофалиле неговата подготвеност да се промени, додека други зборувале за можните причини кои го довеле до оваа одлука, а некои го обвиниле за лоша рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот. - Интересно е што почна да работи кога се родив јас и мислам дека уживаше во корпоративниот живот и учеше животни лекции. Тоа е во ред – се вели во еден од коментарите, цитиран од Маркетреалист. Еден од коментарите на оваа објава гласел: „тоа е сон“. Инаку, на профилот на Хуан стои дека живее во Вашингтон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНиколовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
ЕвропаСергеј Корецки именован за нов премиер на УкраинаВрховната рада на Украина го именуваше Сергеј Корецки за нов премиер, поддржувајќи го предлогот на претседателот Володимир Зеленски со 289 гласа (од вкупно 450), објави денеска „Укринформ“.48 годишниот Сергеј Корецки е четвртиот премиер за време на мандатот на Зеленски, а на таа функција го наследи Јулија Свириденко, чија оставка беше прифатена од парламентот на 14 јули, што автоматски доведе до оставка на целата влада. Новиот премиер е роден во Луцк и поголемиот дел од својата кариера го поминал во енергетскиот сектор. Пред своето назначување, тој раководеше со државната групација „Нафтогас“ на Украина, а претходно беше на чело на компаниите „Укрнафта“ и „Укртатнафта“, кои во 2022 година преминаа во државна сопственост. Според официјалните податоци, под негово раководство, „Укрнафта“ од компанија што во периодот од 2013 до 2022 година бележеше загуби од над 196 милиони евра, прерасна во една од најпрофитабилните компании во земјата, остварувајќи нето-добивка од околу 784 милиони евра во текот на 2023 и 2024 година. Корецки претходно ја извршуваше функцијата генерален директор на холдингот „Континуум“ и на синџирот бензински станици „WOG“, додека во 2019 година ја основаше компанијата „Idealist Coffee Co.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКузеска: Како контролираното судство ја спречи заплената на криминалниот имот на ВМРО и го спаси ГруевскиИма ли поголем доказ за она што СДСМ го говори со месеци за смислената партизација, за постепено, чекор по чекор преземање контрола од страна на власта.Има ли поголем доказ зошто не се спроведувата реформи во правосудството? Се потврди сѐ. Зад игрите со предметот „Талир 2“ стои сценарио за да се спречи конфискацијата на криминално стекнатиот имот на ВМРО и да се спаси Никола Груевски. Поранешната обвинителка Ленче Ристовска откри шокатни детали дека предметот бил одложуван и развлекуван. Обвинителството не се спротивставило ниту кога ВМРО побарало одлагање на рочиште иако нивното присуство не било законски задолжително. Сите овие одлагања довеле предметот да влезе во рокови што практично не му оставаат време на Апелациониот суд мериторно да одлучува. Ова се исклучително сериозни обвинувања од обвинителката која со години го водеше предметот. Ова е вистината. Дополнително, и самата судијка што го водеше предметот укажа на недоследности кај Обвинителството и на тоа дека ново назначениот обвинител не го прилагодил обвинението по измените на Кривичниот законик. Сѐ е јасно како ден. Ете како контролиранаото судство на Мицкоски ја спречи конфискацијата на имотот на ВМРО и го спаси Никола Груевски. Затоа Ристовска беше тргната од предметите и ѝ беа одземени овластувањата. Јавно беа таргетирани судии и обвинители кои работеа на „Талир 1“ и „Талир 2“. Власта го смени јавниот обвинител, постави обвинителка од тефтерчето на Сашо Мијалков, позната од бомбите. Менуваше и назначуваше судии блиски до власта и до Мицкоски. Мицкоски јавно им делеше задачи на обвинители и судии од собраниската говорница, преку телевизија и преку телефон. Еве го денес резултатот од таквото партизирано правосудство. Никола Груевски е спасен од одговорност, а криминално стекнатиот имот на ВМРО повторно е во рацете на партијата. Оваа пресуда е дело на контролираното правосудство од Христијан Мицкоски и најсилен доказ дека кога ВМРО ја контролира државата, нема правда, судството не им служи на граѓаните, туку за спас на криминалот на власта. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНиколовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
ФудбалЌе се одложи ли финалето Аргентина - Шпанија во недела во Њу Џерси?Финалето на Светското првенство можеби ќе биде одложено, причината е повеќе од опасна?!Финалниот натпревар во Њу Џерси меѓу Шпанија и Аргентина е закажан за в недела во 21:00 часот, но се чини дека можеби нема да биде така. Светското првенство се ближи кон самиот крај; остануваат уште само два натпревара. Сепак, временската прогноза им создава сериозни проблеми на организаторите. Финалето треба да започне во 15:00 часот по локално време, при температура од околу 28 степени, но метеоролозите најавуваат грмотевици. Според безбедносните правила што важат во САД, доколку гром удри во радиус од 13 километри од стадионот, натпреварот мора да се прекине најмалку 30 минути. Вакво сценарио веќе беше видено на ова Светско првенство – почетокот на второто полувреме од натпреварот меѓу Франција и Ирак, како и почетокот на натпреварот меѓу Мексико и Англија, беа одложени за речиси еден час токму поради временските услови. Во случај временските услови да бидат уште понеповолни, не се исклучува можноста за промена на датумот на финалето, што би претставувало голем организациски и финансиски удар за ФИФА. Покрај дополнителните трошоци за организацијата, би настанале и проблеми за телевизиските куќи што го резервирале терминот со најголема гледаност, како и за спонзорите и комерцијалните партнери на финалниот натпревар на турнирот. Доколку финалето навистина се одложи, тоа би бил преседан - прв пат во историјата на Светското првенство натпреварот за титулата да не се одржи на закажаниот датум. Контроверзиите околу ова Мундијал се веќе бројни, од проширениот формат на натпреварувањето до продолжената пауза помеѓу полувремињата поради музичкиот спектакл, а евентуалното одложување на финалето само дополнително би го зајакнало впечатокот дека крајот на турнирот е далеку од идеален.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНиколовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08