Заеднички комисии ќе го ,,чешлаат,, историското наследство и учебниците во двете земји

За еден месец ќе се формира заеднички комитет, а за шест месеци Македонија ќе треба да изврши промена и да назначи дополнителни објаснувања на називите кои што се однесуваат на античката историја и цивилизација.

Ова го предвидува членот 8 во договорот кој Македонија и Грција се очекува да го потпишат викендов до цел решавање на дводеценискиот спор за името.

Спомениците од 2014 година кои ја отсликуваат хеленската култура, ќе го добијат тој епитет.

Како што веќе најавија од Владата, споменикот Воинот на Коњ ќе се преименува во Александар Македонски со објаснување на плочка во рамките на споменикот за кого станува збор, односно дека Александар Македонски, како дел хеленскиот антички период е светско културно наследство. Нема да се урива ниту споменикот на Филип II Македонски и на Олимпија.

Канал 5 ги праша граѓаните, колку им значи промената на називите?

Доколку заедничкиот комитет утврди дека е соодветно ќе изврши ревизија на учебниците, на картите, историските атласи и на наставни упатства, со цел да не содржат било какви иредентистички упатувања.

Секоја од страните ќе се придржува кон препораките на Конференцијата на Обединетите нации за стандардизација на географските имиња во однос на употребата на официјалните географски имиња и топоними на територијата на другата.

Членот 8 ја обврзува Македонија да не го употребува на кој било начин и форма симболот порано истакнат на нејзиното поранешно државно знаме. Археолошките артефакти не спаѓаат во опфатот на оваа одредба.

Одбележана 23-та годишнина од смртта на припадникот на безбедносните сили, Роберт Петковски

Со положување свежо цвеќе пред спомен плочата во Бунарџик, општина Илинден ја одбележа 23-та годишнина од трагичната смрт на Роберт Петковски, кој како припадник на Министерството за одбрана, трагично загина во Вејце, на 28 април 2001 година.

Како што информираат од Општината, свежо цвеќе положиле членовите на семејството на Роберт Петковски, претставници на општина Илинден предводени од градоначалникот, Александар Георгиевски, припадниците на специјалната единица „Волци“, претставници на месната заедница и жители на Бунарџик.

Во чест на трагично загинатиот припадник на безбедносните сили, кој бил член на фудбалскиот клуб „Бунарџик“, а под покровителство на градоначалниот Георгиевски, се одржува традиционален меморијален турнир во фудбал.

Фудбалскиот натпревар се одиграл на ново реконструираното фудбалско игралиште во Бунарџик, кое го носи името „Роберт Петковски“ каде Општина Илинден изврши целосна замена на асфалтниот слој, поставено лед осветлување, заштитна ограда, нови голови, клупи, корпи за отпадоци и партерно уреден простор.

Павле Трајанов реизбран за претседател на Демократски сојуз

Павле Трајанов денеска на конрес е реизбран за претседател на Демократски сојуз.

На конгресот на кој присуствуваа над 400 делегати и гости, беше избран Централен совет на партијата од 80 члена. Меѓу приоритетите, Трајанов нагласи дека се неопходни коренити уставни измени, односно нов Устав, зашто како што рече, амандманите на актуелниот го блокираат развојот и демократијата.

На седмиот Конгрес на Демократски сојуз на кој присуствувале над 400 делегати и гости бил избран Централен совет на ДС од 80 члена, а за претседател реизбран Павле Трајанов

Како што информираат од ДС, Конгресот усвоил и повик до граѓаните да се вклучат во промените, во кои меѓу другото стои дека се неопходни темелни реформи и кадровска обнова.

- Македонија е заглавена во политичко мочуриште, неопходни се темелни реформи и кадровска обнова доколку сакаме да се придвижат напред сите процеси. На овие избори се одлучува за тоа дали ќе се вградат во системот вредности кои независно од власта ќе гарантираат изградба на пристојна и модерна европска држава, држава на слободни и креативни граѓани, горди на самите себе и на државата на која и припаѓаат и ја градат. Македонија мора да успее, тоа е наша должност и завет пред идните генерации. Да се биде или не, за тоа одлучувате Вие граѓаните! Излезете на гласање и определете ја иднината на Македонија, демократска, слободна, силна и почитувана од сите, соопштуваат од ДС.

На Конгресот, Трајанов нагласил дека на претстојните претседателски и парламентарни избори ќе се одлучува за тоа дали ќе опстоиме како самостојна, суверена и независна држава, дали ќе се случат промени кои значат градење на демократска и европска држава или ќе тонеме во корупција, деструкција и разградување на темелните вредности.

Трајанов зборувал и за приоритетите на Демократскиот сојуз, меѓу кои посебно ги посочил коренити уставни промени, односно нов Устав, донесување на нова стратегија за борба против тешките облици на криминал и високата корупција и донесување на Законот за формирање на независна Агенција за борба против овој вид на криминал, деблокирање на евроинтеграциските процеси преку градење на широк политички и граѓански консензус околу следните работи, реформирање на системот за безбедност, слободна пазарна економија, бесплатно здравство и образование и создавање услови за младите да останат во Македонија.

Тој ги повикал делегатите на конгресот, членовите и симпатизерите на Демократскиот сојуз, како и сите граѓани, да излезат масовно на 8 Мај и да гласаат за претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова, и за кандидатите за пратеници од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ најавија постизборна коалиција

На десет дена пред парламентарните избори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски најави постизборна колиција со албанската опзозиција „Вреди“. 

И двете страни ја потврдуваат заложбата за формирање на идната влада, доколку резултатите од првиот круг претседателски се пресликат и на парламентарните избори на 8-мај.

Отворена врата во коалицијата Мицкоски остава и за Движењето ЗНАМ, со чиј лидер Максим Димитриевски биле во комуникација, и чии гласови ги очекува на контото на Силјановска Давкова во вториот круг од претседателските избори.

Според Мицкоски условите за избор на претседател во Собранието и гаранции за уставните измени, не се барања на Вреди, туку само на ДУИ.

За уставните измени како можен услов за постоизборна колилиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди денеска избегна да одговори и Изет Меџити, кој порача дека нема дилема кој ќе ја предводи идната влада.

Вчера пак лидерот на интегративците Ахмети порача дека не може Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да одлучуваат дали ДУИ ќе оди во опозиција, туку дека за тоа одлучува народот.

притисни ентер