БалканЗадолжително тестирање на влезот во Грција од Македонија за оние кои патуваат со негативен тестПатниците кои во Грција влегуваат од 16 земји меѓу кои и Македонија, а немаат сертификат за вакцинација со поминати 14 дена од имунизацијата или потврда за прележан Ковид-19, односно патуваат со негативен ПЦР или рапид тест, задолжително ќе бидат тестирани при пристигнувањето, а негативниот резултат е предуслов за влез во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Дополнителната мерка е вклучена во новата министерска одлука на грчката Влада „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19", што е веќе објавена во Службен весник на Грција, а во 6 часот утрово стапи во сила. Во однос на неопходните документи за влез во Грција кои се поврзани со Ковид-19 нема промени и исто како и во изминатите три месеци за патување кај јужниот сосед потребен е сертификат за вакцинација или негативен ПЦР/ рапид тест или потврда за прележан вирус, заедно со пополнет PLF формулар. Македонија и понатаму е на листата трети земји за кои не важи забраната за влез во Грција, а отворени се сите копнени гранични премини. Единствената промена се однесува на „сите патници, независно од државјанството и начинот на влез, кои во Грција пристигнуваат од државите: Египет, Албанија, Аргентина, Македонија, Бугарија, Бразил, Грузија, Куба, Обединетите Арапски Емирати, Индија, Кина, Либија, Мароко, Пакистан, Русија и Турција" , а предуслов за влез е да добијат негативен резултат од задолжителното тестирање со ПЦР и рапид тест на влезните точки во Грција. Задолжителното тестирање, е само за оние кои патуваат со негативен тест, а не важи за патниците кои имаат валиден сертификат за вакцинација со поминати 14 дена од втората доза или потврда за прележана болест во изминатите шест месеци. Поконкретно, за условите за влез во Грција, како и до сега, сите посетители, „независно од државјанството и начинот на влез во земјата" имаат четири опции, во однос на документите што треба да ги приложат и се поврзани со Ковид-19, а МИА детално ги пренесува сите предуслови за патување кај јужниот сосед. Првата опција е целосно да ја имаат завршено вакцинацијата 14 дена пред патувањето и да достават сертификат за вакцинација на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, издаден од јавна установа и да ги содржи податоците: име и презиме, како што се заведени во пасошот, вид на вакцина и бројот на дози, заедно со датуми кога се примени. Втората можност е со негативен тест: или ПЦР направен во последните 72 часа пред патувањето или антигенски (брз) тест направен 48 часа претходно. И за двете опции, тестирањето треба да биде во одобрена од државата на потекло приватна или државна лабораторија, а потврдата да биде на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, а исто како и за сертификатот, треба да ги содржи и името и презимето на лицето кое патува, онака како што се заведени во пасошот. Во однос на оваа категорија се воведените промени од утрово, односно задолжителното тестирање при влезот. Третата опција се однесува на оние кои прележале Ковид-19 во изминатите шест месеци и може да достават потврда за прележана болест по лабораториско тестирање со ПЦР или антигенски (брз) тест, а сертификатот се издава 30 дена по првиот позитивен тест и неговата важност е до 180 дена подоцна. Документот треба да биде од јавна установа или од лаборатории одобрени од државата на потекло, да ги содржи податоците од пасошот и повторно, може да биде на неколку јазици, односно на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик. Европскиот дигитален Ковид сертификат е четвртата алтернативна можност за влез во Грција. Конкретните обврски за патување важат за лица со наполнети 12 години. Дополнително, за патување, задолжителен е и електронскиот формулар PLF (Passenger Locator Form), кој треба да биде пополнет преку интернет страницата https://travel.gov.gr, по што се добива потврда со QR-код и се смета за неопходен документ за влез во Грција. Сите посетители на Грција, независно од земјата на потекло, може да бидат подложени на тестирања, а селекцијата се врши согласно здравствениот алгоритам и со помош на кодот од PLF формуларот. Тестирањето, веќе е задолжително за патниците кои доаѓаат од Македонија, а патуваат со негативен тест. Оние кои ќе бидат тестирани, ќе треба да ги почекаат резултатите. Ако резултатот е позитивен, предвиден е десетдневен карантин, а во случај да се работи за лица кои 14 дена претходно ја завршиле вакцинацијата, тогаш задолжителната изолација е седум дена. На последниот ден од карантинот, оние кои биле позитивни, без разлика дали се вакцинирани или не, потребно е да направат ПЦР тест. Лицата што патуваат заедно со потврдените случаи, односно блиските контакти на оние кои се позитивни на Ковид-19, имаат можност да се вратат во нивната земја истиот или следниот ден, под услов добијат два негативни резултати од два теста (ПЦР или рапид) направени во текот на 24 часа и да носат маска Н95 додека патуваат. Во случај лицата кои патуваат заедно со потврдените случаи да останат во земјата, а не се вакцинирани или немаат прележано Ковид-19 во изминатите шест месеци, тогаш треба да бидат во 14-дневна изолација по последниот контакт со позитивното лице, без да се тестираат или седум дена карантин и на седмиот ден да направат ПЦР тест. Доколку блиските контакти се вакцинирани или прележале Ковид-19 во изминатите шест месеци, тогаш не е потребен карантин, но задолжително се тестираат со ПЦР тест при влезот во земјата. За прекршување на законските мерки и обврски, предвидени се парични казни од 500 до 5.000 евра. За влез во Грција, отворени се сите копнени гранични премини кои работат 24 часа, со исклучок на Мерѕани кон Албанија, што е со работно време од 8 до 20 часот, а за влез од Турција преку Кастаниес и Кипи дневно, дозволен е влез на 1.500 лица. Од Македонија кај јужниот сосед може да се патува преку Евзони (Богородица), преку Ники (Меџитлија) и Дојран, без никакви ограничувања во однос на бројот на посетители или во однос на работното време. Во одлуката, како што пренесува МИА, посочено е дека туристите, за време на нивниот престој во Грција, мора да ги почитуваат мерките што важат и за Грците. Новата министерска одлука е со важност до следниот петок, 3 септември 2021 година во 6 часот наутро.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЗошто имаме потреба на другите да им покажеме дека имаме совршен живот?Фасадата на совршенството како параван за проблемитеИдеализираните слики кои прикажуваат убавина и успех некогаш ги гледавме во списанијата и рекламите, а денес таквите прикази често ги гледаме на профилите на социјалните мрежи кај пријателите и врсниците, наведува Child Mind Institute. Најчесто, тинејџерите на профилите ги споделуваат најубавите моменти, додека обичните денови остануваат надвор од кадарот, па „совршениот“ туѓ живот честопати нè поттикнува да ја преиспитаме сопствената вредност. Фасадата на совршенството како параван за проблемите Според клиничкиот психолог Џил Емануеле, прикажувањето на животот погламурозен одошто е, само по себе не е проблем... но кога лицата се кријат зад социјалните мрежи глумејќи совршенство, тоа може да создаде фрустрација и потиштеност поради јазот помеѓу она што го претставуваат и она што навистина се. Порталот YourTango наведува 11 работи кои најчесто се кријат зад таквата фасада. Ниска самопочит Лицата со ниска самопочит понекогаш се обидуваат да ја скријат сопствената несигурност прикажувајќи пред другите речиси совршен живот. Искреноста за сопствените тешкотии би значела тргање на параванот. Перфекционизмот, како и претераната потреба за постигнување, може да произлегува од чувството дека личноста не е доволно вредна, па се труди околу секоја ситница за да се чувствува прифатено. Зависност од туѓото одобрување Ниската самопочит може да се појави како силна потреба за туѓо одобрување. Таквите личности сакаат да остават впечаток дека животот им изгледа подобро одошто се чувствуваат. Комплиментите, пофалбите и туѓите коментари се важен извор на потврда. Проблемот е што самодовербата почнува да зависи од тоа како другите ги доживуваат. Потребата за потврда Социјалните мрежи нудат лесен начин за добивање потврда од другите. Со објавување внимателно избрани фотографии и моменти, луѓето можат да создадат слика за животот што сакаат другите да го видат. Коментарите и реакциите дополнително ја зацврстуваат таа претстава, дури и ако поединецот не сака да открие колку мислењето на другите всушност му значи. Стравот од неуспех Зад потребата сè да изгледа совршено понекогаш се крие страв од неуспех. Поединецот може да стравува дека не е доволно успешен, способен или интелигентен, па затоа се обидува да прикаже спротивна слика. Таквиот страв може да влијае и врз подготвеноста на личноста да проба нешто ново или да преземе ризик. Емоционална затапеност Некои луѓе ги кријат своите вистински чувства зад сликата „безгрижен живот“. Иако внатрешно може да се чувствуваат празно, осамено или емоционално исцрпено, пред другите тие прикажуваат слика дека сè е во најдобар ред. Таквата фасада може краткорочно да помогне во прикривање на проблемите, но истовремено може да го засили чувството на изолација. Занемарување на сопствените потреби Совршениот живот на социјалните мрежи не секогаш ја одразува реалноста зад сцената. Некој може да објавува фотографии од дружења, патувања или миленици, а истовремено да ги занемарува одморот и сопствените потреби поради огромен притисок. Социјалните мрежи главно прикажуваат внимателно одбрани моменти, додека она што се случува надвор од камерата често останува скриено. Проблеми во врската Некои врски може да изгледаат идеално на социјалните мрежи, дури и ако реалноста зад објавите не е таква. Паровите може често да објавуваат заеднички фотографии и да споделуваат романтични пораки за да ја истакнат својата среќа. Сепак, социјалните мрежи сами по себе не можат да ја откријат вистинската природа на врската кога камерата е исклучена. Желба за внимание За некои луѓе, прикажувањето на совршен живот може да биде начин да привлечат внимание. Пофалбите за нивниот изглед, постигнувања, кариера или начин на живот можат да им пружат чувство на важност и задоволство. Сепак, во основа на таквото однесување понекогаш може да лежи осаменост, несигурност или потреба за подлабока поврзаност со другите. Психолошки предизвици Луѓето кои се соочуваат со емоционални тешкотии не секогаш сакаат другите да забележат низ што минуваат. Наместо да ја покажат својата ранливост, тие може да се трудат да остават впечаток дека сè е во ред. Сепак, криењето на проблемите и избегнувањето барање помош можат дополнително да го отежнат справувањето со она што ги мачи. Синдром на измама Дури и успешните луѓе понекогаш имаат чувство дека не го заслужуваат она што го постигнале или оти другите ќе откријат дека всушност не се толку способни колку што изгледаат. Ова чувство се поврзува со таканаречениот „синдром на измама“. На социјалните мрежи, таквите поединци може дополнително да ги истакнуваат своите успеси за да ја прикријат сопствената несигурност. „Прегорување“ Некои луѓе однадвор изгледаат како да немаат проблеми и без напор ги усогласуваат работата, семејството, хобито и социјалниот живот. Сепак, одржувањето на таква слика може да бара огромен напор. Постојаната потреба да се остави впечаток на совршенство може да донесе стрес, исцрпеност и, на крајот, прегорување. Споредување со туѓото „совршенство“ Д-р Емануеле укажува на уште еден чест проблем: за тинејџерите, социјалните мрежи можат да поттикнат негативни чувства кон самите себе. Децата кои се сомневаат во сопствената вредност, во објавите на другите луѓе го гледаат токму она што сметаат дека им недостасува. Ако веќе се борат со недостиг на самодоверба, сликите од врсниците кои се забавуваат можат да делуваат како потврда за нивниот сопствен неуспех. „Знаеш дека тоа не те прави среќен, но сепак гледаш“ Саша и нејзиниот пријател Џејкоб (15) се согласуваат дека изложувањето на социјалните мрежи влијае на тоа како се доживуваат себеси и другите. „Знаеш дека тоа не те прави среќен, но сепак гледаш“, вели Џејкоб. Дури и сознанието дека зад тие внимателно одбрани фотографии се кријат проблеми од реалниот живот, не го намалува притисокот што го чувствуваат. Саша се сеќава на едно девојче кое страдало од нарушување во исхраната. „Сите знаевме, состојбата беше толку сериозна што таа заврши во болница, а сепак, секогаш кога ќе објавеше фотографија од плажа на која изгледаше преслабо, сите стискавме „лајк“. Иако знаела дека девојчето е болно, Саша признава дека чувствувала љубомора и посакувала да изгледа така – а потоа се згрозила од сопствената помисла. Како социјалните мрежи влијаат врз менталното здравје на тинејџерите? Постојаното споредување со другите може да ја намали самодовербата. Покрај тоа, сопствениот „совршен“ профил може да стане маска за вистинските проблеми како анксиозноста или депресијата, што го отежнува барањето и добивањето помош. Што можат да направат родителите? Клучно е да не се потценува важноста на онлајн светот за тинејџерите. Разговарајте отворено со вашето дете за тоа како се чувствува додека користи социјални мрежи и охрабрете го да престане да следи профили поради кои се чувствува лошо. Пред сè, понудете му поддршка и разбирање. Како можат да помогнат родителите? Разговарајте со вашите деца за социјалните мрежи, поттикнувајте критичко размислување и потсетувајте ги дека она што го гледаат онлајн не секогаш е верен одраз на реалниот живот. Научете ги дека е нормално да прават грешки, поттикнувајте рамнотежа помеѓу времето поминато пред екранот и активностите во реалниот живот, и обрнете внимание на промените во нивното расположение. Најважно од сè, погрижете се да знаат дека се прифатени и ценети, без оглед на тоа како изгледаат или што објавуваат онлајн. Извор: index.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизКим Кардашијан има пет дадилки за своите четири деца: „Една е секогаш на должност“Ким Кардашијан, 45-годишната основачка на брендот „SKIMS“, во ново интервју откри детали за тоа како го организира животот со четирите деца што ги има со поранешниот сопруг, Канје Вест. Заедно ги имаат ќерките Норт (13) и Чикаго (8) и синовите Сејнт (10) и Псалм (7), при што Кардашијан е нивниот примарен старател. Кардашијан за „Тајмс“ откри дека има помош околу грижата за децата, ангажирајќи пет дадилки кои се менуваат. Таа објасни дека „една е секогаш на должност“, додека „останатите четири се менуваат во смени“. Таа секој ден ги вози на училиште И покрај тоа што има помош, Кардашијан вели дека е активно вклучена во секојдневниот живот на своите деца. Таа лично ги вози на училиште и ги зема оттаму секој ден, а секоја вечер заедно вечераат. „Мислам дека сум умерено строга мајка. Многу сум трпелива и им давам многу љубов. Децата сè уште можат да спијат во мојот кревет кога и да посакаат, а јас им читам секоја вечер пред спиење“, рече таа. View this post on Instagram A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian) Таа се грижи за јавното експонирање на децата Во интервјуто, таа се осврна и на прашањето за јавното експонирање на нејзините деца – особено на најстарата ќерка, Норт, која е популарна на „TikTok“ и сè повеќе се занимава со музика. Кардашијан призна дека се грижи за учеството на децата во семејното реално шоу „The Kardashians“. „Секое дете учествува онолку колку што се чувствува пријатно. Помалите деца се појавуваат додека снимам, но немаат некои големи улоги во серијата. Норт ужива во тоа малку повеќе од другите, па морам малку да ја ограничувам“, објасни таа. Таа додаде дека Норт е најмногу заинтересирана за проекти кои нудат јавно експонирање, поради што нејзините родители се обидуваат внимателно да ги избираат можностите што таа ги прифаќа, наместо да се согласуваат на сè што ѝ се нуди. View this post on Instagram A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian) Кога станува збор за музиката, Кардашијан вели дека подобро комуницира со Канје Вест на таа тема. Тие се погрижуваат да бидат усогласени и се осигуруваат дека Норт учествува само во проекти што и двајцата ги одобриле. Извор: Индекс.хрТагови: Ким Кардашијан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаХаос во Франција: Се затвораат до 500 средни училишта, 24 се запалени или вандализираниУчилиштата се затвораат кога не се исполнети безбедносните услови – било поради оштетување на имотот или поради тоа што вработените биле директно загрозени.Францускиот министер за образование, Жан-Мишел Бланке, денес соопшти дека утре целосно или делумно ќе бидат затворени меѓу 400 и 500 средни училишта во Франција поради последиците од насилните студентски протести, додека најмалку 24 училишни објекти биле запалени или вандализирани. „Наставата беше прекината во меѓу 400 и 500 образовни установи во петокот, а веројатно сличен број ќе бидат затворени и во понеделник, иако со делумно и постепено продолжување на наставата“, изјави Бланке, пренесува весникот „Ле Фигаро“. Францускиот министер наведе дека 78 вработени во образовниот систем се повредени откако започнаа протестите. Според него, училиштата се затвораат кога не се исполнети безбедносните услови – било поради оштетување на имотот или поради тоа што вработените биле директно загрозени. Бланке рече дека одредени припадници на крајната левица се приклучиле на протестите, обвинувајќи ги дека го злоупотребиле студентското движење и прибегнале кон насилство. „Ова претставува ризик и за нашиот персонал и за учениците. Повредени се 78 вработени во образованието – нешто што досега не сме го виделе. Тие беа намерно нападнати бидејќи работат во образованието“, изјави министерот. Протести низ Франција Протестите и блокадите на средните училишта започнаа на 17 септември во регионот на Париз, а потоа се проширија низ целата земја. Ситуацијата, како што забележува францускиот весник, ескалираше во четвртокот во неколку француски градови. Петокот беше одбележан со тензии и повеќе од 1.700 приведени лица, со што вкупниот број на приведени од почетокот на неделата достигна околу 5.000. Организаторите повикаа протестите да продолжат и во вторник, наведувајќи дека не добиле „конкретни мерки“ од властите. Учениците што учествуваат во протестите, меѓу другото, бараат повеќе персонал и зголемени средства за образованието, а истовремено се жалат на притисокот од системот за упис на универзитетите, недостигот на наставници-заменици, лошата состојба на училишните згради и преоптоварените распореди на часовите. Извор: Б92Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05