Задавил мечка со голи раце!

Едната рака ми беше во шепите на мечката а со другата ја држев за гркланот се додека не падна!

Блажо Грковиќ од селото Врба (БиХ) бил нападнат од мечка додека ги чувал овците на планина.

Во тешката борба со дивото животно која се одвивала во петокот утрото тој добил повреди по целото тело.

Забите на мечката му поминале низ коските на рецете и нозете но Блажо не се предал.

- Едната рака ми беше во шепите на мечката а со другата ја држев за гркланот се додека не падна - вели тој.

Тој е во болница во Фоча надвор од животна опасност - јави агенцијата Срна.

Неговата сопруга вели дека знаела дека тој е храбар но не и дека е посилен од мечка.

Важно е дека е жив, раните ќе зараснат - вели Мира.

Спречен обид за шверц на 200 килограми марихуана на граничниот премин „Блато" кај Дебар

На граничниот премин „Блато" на албанско – македонската граница кај Дебар спречен е обид за шверц на 200 килограми марихуна.

– Дрогата е откриена во возило со албански сообрајќајни ознаки и со лого на производител на мебел, управувано од лицето Флориан Алимани (26) од пограничното албанско село Ѓурица, но жител на Драч. Наркотичното средство било наменето за нарко пазарот во Македонија, стои во соопштението на Полицискиот комесаријат од Пешкопеја.

Дрогата била откриена при втората контрола, а била скриена во посебен простор поставен над подот на возилото.

Од првичните сознанија на полицијата дрогата била натоварена во Пешкопеја.

Според полицијата, успешната акција е резултат на засилените контролни мерки со цел спречување секаков обид за шверц на дрога, како и спречување на какви било меѓугранични криминални дејствија.

Ова е најголема количина дрога запленета на двете страни од овој граничен премин, а секогаш била откривана при влез на нашата територија./МИА

22 годишно момче е најмладата жртва на Ковид-19

22 годишно момче е најмладата жртва на Ковид-19.

Од Министерството за здравство информираат дека пациентот во тешка општа состојба било примено на 16 јули во градската општа болница „8 септември“.

Пред оваа болница е и колешката Јана Јосифовска

Цената на златото урна уште еден светски рекорд

Цената на златото урна нов рекорд, бидејќи инвеститорите вложуваат пари во скапоцениот метал заради стравувањата од влијанието на корона кризата врз светската економија и влошувањето на односите меѓу САД и Кина.

Скапоцениот метал сјае во полн сјај и скокна на 1985 долари за унца, со што го сруши претходниот рекорд од 1920 американски долари поставен во септември 2011 година за време на финансиската криза. Цената на златото порасна над 30% оваа година.

Fortrade, за секој кој е заинтересиран да научи како да тргува со цената на златото на берза преку Интернет (т.н. CFD) или едноставно сака да ги прошири своите знаења, подготви бесплатен водич „Како да тргуваме со цената на златото преку Интернет“.

Златото веќе долго време се смета за безбеден финансиски рај, стока на која инвеститорите го насочуваат капиталот во време на неизвесност, за да се заштитат од паѓање на вредноста на акциите и девалвација на парите. Скапоцениот метал доби на цена и поради новите тензии меѓу САД и Кина, и покрај тоа што двете страни неодамна ја достигнаа првата фаза од трговскиот договор.

Остриот скок кај новите случаи на инфекција со коронавирус во јуни и јули во САД ги зголеми стравувањата дека рецесијата ќе трае подолго од очекуваното. Неодамнешното зголемување на бројот на заразени во Азија и некои европски земји како Франција, Шпанија, Германија и Велика Британија, како и постојаното ширење на инфекцијата во Јужна Америка и Индија, дополнително предизвикуваат загриженост.

Американскиот долар неодамна падна на најниско ниво за две години во однос на другите големи светски валути, во услови на зголемени сомнежи за брзо закрепнување на САД, како и на растечките тензии со Кина. Откако САД го објавија својот најлош квартален резултат на БДП во историјата, како и низа други негативни економски податоци, инвеститорите почнаа сериозно да се сомневаат во претходните прогнози за брзо закрепнување, што изврши притисок врз американската валута. Цената на златото се пресметува во долари, па падот на оваа валута дополнително ја стимулира побарувачката за скапоцениот метал.

Цената на златото обично се движи во спротивна насока во однос на каматните стапки и американскиот долар, што во комбинација со ограничен пораст на понудата може дополнително да поттикне пораст на цените. Банката на Америка очекува цената на златото да достигне 3.000 долари за унца следната година.

притисни ентер