Забрана за музиката на Мајкл Џексон - Канал 5

Забрана за музиката на Мајкл Џексон

Документарецот „Оставајќи го Неверланд“, чија премиера беше пред неколку дена, произведе ефект што најверојатно не го очекувавме.

Забрана за музиката на Мајкл Џексон

Додека се уште беше жив, Мајкл Џексон беше обвинет за педофилија, а очигледно обвиненијата не завршуваат и по неговата смрт.

Меѓутоа, сега, приказната за двајца мажи кои тврдат дека биле сексуално злоупотребени од страна на детето како дете, ќе ја избришат и музиката на кралот на попот.

Од илјадниците коментари на социјалните мрежи, ние разбравме дека дури и луѓето кои досега биле обожаватели на “Џако” го осудуваат . И ова е само еден дел од ефектот на лавина што го предизвика филмот.

Оваа недела десетици радио станици ширум светот ја донесоа одлуката да престанат да го емитуваат Мајкл Џексон . Тоа беше предизвикано од најновите скандалозни откритија за она што се случувало на имотот на Неверленд.

Канада, Нов Зеланд, Данска се меѓу повеќето земји каде кралот на поп музиката ќе се слуша поретко од радио. Друго е прашањето колку слушаме радио во дигиталната ера во која живееме, и дозволуваме некој друг да ја прилагоди нашата листа на песни.

Но, овие мерки доведуваат до друга дискусија – дали таквиот чекор е соодветен.

Според некои, не постои начин да се разликува уметноста од уметникот, а според другите – тоа е она што треба да го направиме.

Трети сметаат дека се потребни не забрани на музиката на Џеко, туку широка дискусија на тема педофилија во која обвиненијата нема да се фрлаат само на изведувачот, како и да се зборува и во сегашноста, а не само во минато време.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посета на претставници од Амбасада на САД во Општина Куманово

На првиот официјален прием присуствуваа Никол Варнс, вршител на работи при Амбасадата, политичките советници Едру Ковтун и Кристина Каранакова и специјалистот по односи со јавност, Надица Жакула.

Посета на претставници од Амбасада на САД во Општина Куманово

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски во присуство на секретарот Емилија Сларидис Јаневска, претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и раководителот Фатос Аќифи, денеска имаа средба со претставници од Амбасада на САД во РМ.

На првиот официјален прием присуствуваа Никол Варнс, вршител на работи при Амбасадата, политичките советници Едру Ковтун и Кристина Каранакова и специјалистот по односи со јавност, Надица Жакула.

Во пријателска атмосфера гостите се запознаа со работата и функционирањето на Општина Куманово, можностите за унапредување и развивање на нови проекти од повеќе општествени области, со акцент на создавање на млади лидери, кои би придонеле за прогресивна и напредна иднина на младата популација, во интерес на граѓаните.

Во прилог на излагањето за капацитетот на Општината, присутните имаа можност да проследат видео – презентација за индустриската зона Новини и Речица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Ферати и амбасадорот Сомер разговараа за инвестициите, партнерствата и развојните програми

Министерот Агон Ферати го прими на средба амбасадорот на Швајцарија во Македонија, Кристоф Сомер, со кого разговараше за активностите на министерството и проектите од заеднички интерес.

Министерот Ферати и амбасадорот Сомер разговараа за инвестициите, партнерствата и развојните програми

Во фокусот на средбата беа економскиот развој, како и можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји.

Посебно внимание беше посветено на улогата на SwissCham во поврзувањето на швајцарските компании со компаниите од Македонија, создавањето партнерства и можностите за нови инвестиции, како и организирањето B2B контакти и вмрежувањето на бизнисите. Беше истакнато дека овие иницијативи, заедно со потенцијалот на дијаспората, можат да придонесат за зајакнување на економската соработка и создавање нови можности за двете земји. Се разговараше и за швајцарските развојни програми, поддршката за стартап-компаниите и можностите за обука на студентите.

Министерот Ферати му се заблагодари на амбасадорот за континуираната поддршка од страна на Швајцарија во различни области, вклучително и економијата, земјоделството, невладините организации и обуките.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Цените на дизелот пораснаа на 104,5 денари, Мицкоски не ги прифати мерките - народот плаќа

Дизелот поскапе на 104,5 денари за литар. Нов удар врз семејните буџети, земјоделците, превозниците и целата економија.

СДСМ:  Цените на дизелот пораснаа на 104,5 денари, Мицкоски не ги прифати мерките - народот плаќа

СДСМ навреме предложи конкретни мерки за намалување на цените на горивата и заштита на граѓаните. Укинување на акцизата, ДДВ намалѕвање на 5%, минимална плата од 600 евра.

Арамијата Мицкоски ги одби.

Последиците од неговите арамиски политики ги плаќаат граѓаните.

Секое полнење резервоар е нов трошок за граѓаните.

Поскапиот дизел значи поскап транспорт, поскапо земјоделско производство и нов бран поскапувања на храната и на сите основни производи.

Има 5,5 милиони евра за DJ за една вечер, а нема пари за мерки за заштита на граѓаните.

Има 200 милиони евра за криминални тендери а нема пари за земјоделците.

Има пари за 50 члена делгација на Мицкоски и авион, нема за миниамална плата.

Тоа е арамиска власт.

Додека граѓаните преживуваат со плати што не стигнуваат ни за основните потреби, а потрошувачката кошничка достигна 90.000 денари, Владата профитира од секое ново поскапување.

Ова е свесна одлука на организираната криминална група, да се богати а товарот од кризата да им го префрли на граѓаните.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер