Забрана за камиони на Стража, Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан - Канал 5

Забрана за камиони на Стража, Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан

Поради врнежи од снег на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража од 07.45 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товварни возила. 

Забрана за камиони на Стража, Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан

Забрана за камиони има и на планинскиот превој Пресека, крак Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, соопштија ЈП Македонијапат и АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат и АМСМ апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 10 возачи, а со двајца е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“

Лишени од слобода 10 возачи, а со двајца е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“, еден возел под дејство на алкохол, двајца со активна забрана, а останатите без возачка дозвола.

Лишени од слобода 10 возачи, а со двајца е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, седуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: В.М.(19), Ѓ.Ј.(22), С.У.(36) и К.П.Т.(45), сите од Велес, 17-годишник од с.Морани, скопско, 16-годишник од Скопје и 15-годишник од с.Присојница, општина Маврово и Ростуше, кој предизивикал и сообраќајна незгода. Исто така, со двајца малолетници од Велес, во присуство на родител е извршен службен разговор, затоа што управувале мопеди без возачка дозвола.

Двајца управувале возило со активна забрана за управување моторно возило и тоа: П.Р.(61) од с.Јакимово, виничко и Д.А.(33) од Скопје. Додека пак, под дејство на алкохол возел П.Л.(70) од Кавадарци. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Официјална посета на делегација на Амбасадата на САД во општина Крива Паланка

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска во својот кабинет оствари средба со Никол Варнс, вршител на работите при Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје.

Официјална посета на делегација на Амбасадата на САД во општина Крива Паланка

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска во својот кабинет оствари средба со Никол Варнс, вршител на работите при Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, која ја предводеше делегацијата на Амбасадата во официјална посета на Општина Крива Паланка.

Во составот на делегацијата на Амбасадата на САД беа Едру Ковтун, политички советник, Кристина Каранакова, политички советник, Надица Жакула, специјалист за односи со јавност и Јехона Жута Вренези, координатор за дигитална продукција.

Од страна на Општина Крива Паланка, на средбата присуствуваа Миле Трајковски, претседател на Советот на Општина Крива Паланка, Тања Дејановска Митровска, координатор на советничката група на СДСМ, и Александар Рангелов, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Во духот на заемната почит и традиционалното пријателство беше остварен отворен и конструктивен разговор за развојните приоритети на Крива Паланка, можностите за локален економски напредок и перспективите за продлабочување на институционалната соработка.

„Посетата на г-ца Никол Варнс и делегацијата на Амбасадата на САД претставува особена чест за Општина Крива Паланка. Благодарам за покажаниот интерес за нашата општина и за отворениот и конструктивен разговор. Остануваме посветени на градењето партнерства засновани врз доверба, заемно почитување и заеднички развојни цели“, истакна градоначалникот Митовски.

Средбата претставува значаен придонес кон унапредувањето на меѓусебната комуникација и отворањето нови перспективи за идна соработка меѓу Општина Крива Паланка и Амбасадата на Соединетите Американски Држави.

Официјалниот прием заврши со размена на пригодни протоколарни подароци и заедничко фотографирање, како израз на почит и пријателство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Што може да се очекува од најавената тратегија за проширувањe на ЕУ?

Македонија има постигнато одлични резултати во Планот за раст, но важно е да се задржи оптимизмот и издржливоста – советува австрискиот амбасадор во земјава, Мартин Палмер. 

Што може да се очекува од најавената тратегија за проширувањe на ЕУ?

Иако веќе на средината од средната недела еврокомесарката за проширување Марта Кос во Брисел треба да ја презентира новата европска стратегија за проширувањето, според Палмер, се уште не е јасно кој од неколкуте досега објавени нон-пејпери ќе доминира во финалната верзија.

-Сè уште трае процесот на дискутирање на различните нон пејпери. // Патем, секогаш можете да погледнете каква е чашата - дали е полуполна или полупразна, а Македонија одлично ја заврши работата кога станува збор за Планот за раст на Западен Балкан, па затоа на земјата ќе ѝ бидат дадени над 140 милиони евра и ние придонесуваме за понатамошен напредок. Затоа мислам дека е важно да се продолжи, да се задржи издржливоста, да се задржи посветеноста и да не се одвлекува вниманието,- -Мартин Палмер, Амбасадор на Австрија во Македонија .

Палмер најави дека на крајот на оваа недела во Виена ќе се оддржи и министерски состанок со шефовите на дипломатијата од Западен Балкан и Славков 3 форматот - односно платформата за соработка меѓу Австрија, Словачка и Чешка чиј фокус меѓудругото е и заедничка позиција во проширувањето на Европската унија.

Скоро по најавената презентација на новата стратегија за проширување, на 2 октомври во земјава се очекува да пристигне и претседателката на Европската Комисија – Урсула фон дер Лајен како дел од нејзината турнеја низ четири регионални земји кандидатки, со исклучок на Србија и Босна и Херцеговина. Евроамбасадорот во земјава -Михалис Рокас, веќе изрази оптимизам дека посетата на фон дер Лајен може да донесе позитивни промени во статусот на македонските евроинтеграции. Минатата недела пак, еврокомесарката за проширување Марта Кос повторно ја повика земјава да ги спроведе уставните измени а потоа како што рече, ја очекува и поддршката од Бугарија за Македонија да продолжи напред на европскиот пат.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер