Заблескајте на Новогодишната ноќ без трошење пари и губење време во купување - Канал 5

Заблескајте на Новогодишната ноќ без трошење пари и губење време во купување

 Совети за оригинален изглед со кој ќе ги засените сите  

Заблескајте на Новогодишната ноќ без трошење пари и губење време во купување

Каде и да ја прославувате Новата година, заслужувате да изгледате гламурозно и да ја дочекате како што доликува.

Новата година само што не дошла, а жените секогаш се оптоваруваат осмислувајќи го својот изглед за најлудата ноќ. Некои се замислуваат себеси во фустан, други во панталони, додека оние неодлучните сакаат нешто сосема поинакво и несекојдневно, па редовно го преиспитуваат својот буџет.

Несомнено, добриот изглед за Новогодишната ноќ бара одлив на финансии, а жените тие пари попрво би ги вложиле во добро прилагодена облека и шминка, за разлика од мажите на кои речиси им е сеедно што ќе облечат. Но, не сите сакаат или се во можност да се расфрлаат, па направивме неколку комбинации кои можете да ги прилагодите на својот буџет.

Поевтина варијанта

За повеќето поимот „евтино“ е релативен, но ако се водиме со некој скромен буџет, без трошење многу пари и импровизирање, за почеток земаме сума од 2.000 денари. Еве што сè можете да направите без да трошите многу пари:

1. Обидете се во некоја „second hand“ продавница

Факт е дека овие продавници во последно време стануваат сè попопуларни бидејќи во нив може најдете многу брендови и уникатни работи. Некоја гламурозна кошула или блејзер во комбинација со панталони може да биде полн погодок.

2. Искористете сатенска ноќница

Доколку немате сатенска или некоја имитација од овие ноќници, секогаш може да купите од некоја кинеска продавница и одлично да ја искомбинирате со џемпер и добар накит, алка или големи обетки што на вашиот изглед ќе му дадат посебен печат.

3. Преправете некој фустан

Во шкафот сигурно имате некој фустан што некогаш бил вистинско откритие, а потоа отишол во заборав. Можете истиот да го однесете на шнајдер и да го скратите или стесните, да додадете некој детаљ. Накитот од бижутериите може да му даде сосема нов изглед.

Секако, покрај ова неопходно е да ја усогласите шминката, како што велат, помалку е повеќе. Во однос на шминката, одлучете се за минимална, на пример, маскара и некој црвен кармин, во согласност со облеката и видот на забавата.

Поскапа комбинација

Кога имате пари, многумина ќе се согласат дека може да се облечете како сакате. Сепак, не е така. Во многу случаи, немаме инспирација да ја избереме вистинската гардероба, а понекогаш и не знаеме што точно сакаме во моментот. Со оглед на тоа што малкумина купуваме со цел, односно нешто што ќе се носи и подоцна, повеќето одлучуваат да одвојат некоја сума наменета за облека токму за таа вечер. Еве како треба да го распоредите, да речеме, буџетот од 6.000 ден и што да облечете во тој случај.

1. Добри панталони

За овие пари, секогаш можете да купите добри панталони кои може да ги комбинирате со нешто што веќе го имате дома. Во последно време, во тренд се светкавите ѕвонести панталони, но може да изберете и црни класични или кожни, кои може да ги комбинирате со „кроп – топ“ или кошула што ја имате дома.

2. Фустан

Фустанот е секогаш одличен избор и можете да го најдете во многу продавници, а најпожелно е да биде светкав, освен ако веќе не сте се одлучиле за накит што би требало да го одвлече вниманието од некоја, на пример, поевтина облека. Ваквиот фустан, за кој сте одвоиле околу 5.000 ден., секогаш можете да го искомбинирате со убави салонки. Шминката треба да биде усогласена со облеката, а косата врзете ја во елегантна ниска пунџа или носете ја пуштена.

3. Добро сако или костум

Сакото никогаш не излегува од мода и добро е да вложите пари во сако со светла боја кој одлично ќе се вклопи во вашиот изглед за Новогодишната ноќ. Уште подобро решение е доколку го прилагодиле буџетот и си купите одело во светла боја. Гламурозниот стил што ќе ви го даде оделото, секако ќе ги остави луѓето околу вас без зборови, а подоцна можете да го носите и во некоја друга свечена пригода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Разбојници упаднеле на имотот на Крис Хемсворт и му украле три автомобили (ФОТО)

Вооружени крадци провалиле во имотот на актерот Крис Хемсворт и неговата сопруга Елса Патаки во Австралија и украле три автомобили. 

Разбојници упаднеле на имотот на Крис Хемсворт и му украле три автомобили (ФОТО)

Провалувањето се случило во раните утрински часови во среда на имотот вреден 75 милиони долари во Брокен Хед, јужно од Бајрон Беј, каде што парот живее со своите три деца, објавува Дејли Меил.

Елса Патаки ја разбудило лаење на кучињата

Полицијата потврди дека добила пријава за провалата околу 7:30 часот во среда. Според извор близок до парот, Елса Патаки ја разбудило лаење на кучиња околу два часот наутро, но не се посомневала дека нешто се случува, па продолжила да спие. Дури подоцна тоа утро, откако ги прегледала снимките од надзорните камери, открила што се случило. Видеата прикажуваат четири мажи со фантоми на главите, од кои двајца се вооружени со ножеви.

Крадците скокнале преку оградата и влегле во гаражата, каде што имало автомобили каде што биле оставени клучевите. Тие украле три возила, едно BYD, едно Ram и едно Ford Raptor. Оттогаш се пронајдени две возила, едното во Кораки, на околу еден час возење од имотот, а другото во Табулам, на повеќе од два часа возење. Третото возило сè уште се бара.

Имотот познат како „Тврдина Хемсворт“

Хемсворт и Патаки го купиле земјиштето во 2014 година за седум милиони долари, а потоа на него изградиле луксузен комплекс, кој меѓу локалното население добил прекар „Тврдина Хемсворт“. Имотот се простира на 4,2 хектари покрај брегот, опкружен со шума и скриен од јавноста.

Главната куќа има шест спални соби, базен од 50 метри, спа центар, приватно кино, теретана и сала за боулинг со две ленти. Имотот има и стотици соларни панели и систем за видео надзор.

Двојката неодамна инвестираше речиси 150.000 долари во изградба на професионално тениско игралиште, а имотот вклучува и патека за мотокрос. Според експертите за недвижности, вредноста на имотот денес би можела значително да надмине 75 милиони долари.

Полицијата ја истражува кражбата

Полицијата на Нов Јужен Велс потврди дека истрагата е во тек. „Полицијата го обезбеди местото на настанот и започна истрага за околностите на инцидентот“, рече портпаролот. Досега никој не е обвинет за кражбата, а полицијата ги повика сите што имаат информации за случајот да контактираат со „Крајм Стоперс“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Уплашена власт – со ситни игранки не дозволи опозициски пратенички прашања во Собранието

Колку многу е уплашена власта на Мицкоски се виде денеска и во македонското Собрание.

СДСМ: Уплашена власт – со ситни игранки не дозволи опозициски пратенички прашања во Собранието

Со ситни игранки, барање пауза и од нивниот сателит ЗНАМ и со прекршување на деловникот не дозволија опозициски пратенички прашања.

Претседателот на Собранието Африм Гаши паузите ги пресмета во времето од два часа за седницата и со тоа пропаднаа пратеничките прашања.

Не беше поставено ниту едно прашање.

Мицкоски и неговата организирана криминална група се плашат од вистината.

Паниката е огромна.

Откако Мицкоски вчера беше фатен жив како лаже на надзорната расправа за Алта банка, откако на сите им е кристално јасно дека тој и Трајко Славески се главни виновници кои ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ во Македонија.

Никако да им стане јасно дека бегање од вистината нема и таа ќе исплива на површна.

А потоа следува и одговорност, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку осуммина загинати и 17 повредени во уривање на зграда во Њујорк (ВИДЕО)

Осум лица загинаа кога се урна трикатна зграда покрај градилиште во Бруклин, објави градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани. 

Најмалку осуммина загинати и 17 повредени во уривање на зграда во Њујорк (ВИДЕО)

Најмалку 17 лица се повредени, вклучувајќи тројца пожарникари, рече Мамдани, додавајќи дека спасувачките операции продолжуваат. Противпожарната служба на градот претходно изјави за Ројтерс дека четири лица се во критична состојба.

Несреќата се случила кога трикатна зграда во населбата Флатбуш во Бруклин се урнала во среда околу 16 часот по локално време и паднала врз соседното градилиште каде што се вршеле градежни ископувања. Телевизиската станица Њујорк WABC-TV објави дека најмалку четири преживеани, вклучувајќи една бремена жена, биле извлечени од урнатините околу два до два и пол часа по уривањето.

Службениците објавија дека во времето на уривањето на зградата, изградена во 1930-тите, не било веднаш познато колку луѓе биле во своите домови. Тие не открија колку работници биле на градилиштето во тоа време.

Градската противпожарна комисија, Лилијан Бонсињор, изјави дека меѓу погодените од уривањето има седум деца, но не прецизираше дали меѓу жртвите има деца или возрасни.

Непознат број на исчезнати

Мамдани рече дека градскиот Оддел за згради и полицијата ја истражуваат причината за уривањето. Пожарникарите, кои биле во близина, пристигнале на местото на настанот во рок од една минута по уривањето и помогнале да се извлечат првите жртви од урнатините, изјавија властите за новинарите на прес-конференција во среда вечерта.

Снимките од локалната телевизија покажаа спасувачи со кучиња трагачи како ги чешлаат урнатините и ги отстрануваат остатоците во кофи, барајќи знаци на живот за луѓето кои можеби биле заробени во шуплините под урнатините.

Џон Еспозито, шефот на градската противпожарна служба, рече дека ќе бидат потребни неколку дена за спасувачките екипи да ги „пребараат сите потенцијални жртви“ во областа. „Не знаеме колку луѓе се исчезнати вкупно“, рече Еспозито. Околу 250 членови на противпожарната и итна медицинска помош беа испратени на местото на настанот, објави противпожарната служба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер