Трамп најави „економска војна“ од невидени размери против Иран, се закани со последици за неговите поддржувачи
15 загинати во руски напад врз Киев – Украина алармира дека се соочува со недостиг на противвоздушна одбрана
1Трамп најави „економска војна“ од невидени размери против Иран, се закани со последици за неговите поддржувачи
215 загинати во руски напад врз Киев – Украина алармира дека се соочува со недостиг на противвоздушна одбрана
ТехнологијаЗабележана црна дупка во нашата галаксија , толку е голема , што не би смеело да постои Астрономите открија голема црна дупка во Млечниот пат што ги доведува во прашање постојните модели на развој на sвездите, соопштија денеска научниците.LB-1 е оддалечена 15 000 светлосни години од Земјата и има маса 70 пати поголема од Сонцето, според списанието „Nature“. Се проценува дека Млечниот пат содржи 100 милиони sвездени црни дупки, но ЛБ-1 е двојно поголема од тоа што научниците сметале дека е можно, рече Лиу Џифенг, професор во кинеската Национална астрономска опсерваторија која го водел истражувањето. „Црните дупки со таква маса не треба да постојат ниту во нашата галаксија според повеќето актуелни модели на ѕвездената еволуција“, додаде тој. Почесто, црните дупки на sвездите се до 20 пати поголеми од Сонцето, што се формира кога се распаѓа центарот на многу голема sвезда. Супермасивните црни дупки се најмалку милион пати поголеми од Сонцето и нивното потекло е непознато. Научниците веруваат дека типична sвезда на Млечниот пат ги оттргнува повеќето гасови со помош на sвездени ветрови, спречувајќи појава на црна дупка со големина како на ЛБ-1, вели Лиу. „Сега теоретичарите ќе мора да одговорат на предизвикот и да го објаснат нејзиното појавување“, напиша тој во изјавата. Црните дупки во ѕвездите обично се создаваат по експлозиите на супернова, феномен што се појавува кога многу големи sвезди горат на крајот на нивните „животи“. Случајот ЛБ-1 покажува дека станува збор за нов вид црна дупка создадена од други механизми, сметаат научниците. ЛБ-1 е откриена од меѓународен тим на научници со помош на кинескиот телескоп ЛАМОСТ. Дополнителни податоци од два најголеми оптички телескопи во светот во Шпанија и САД ја потврдија големината на LB-1, што кинеските научници ја опишаа како фантастична. Тимот ја открил ЛБ-1 следејќи ги движењата на „огромен број sвезди со текот на времето“ и биле во можност да ја откријат ЛБ-1 врз основа на движењето на ѕвездата - „партнер“, вели Лиу.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
ЖивотВодата во Северното море со рекордно висока температура од 21,5 степениВодата во Северното море достигна рекордно висока температура од 21,5 степени целзиусови, највисока откако започнале мерењата во 1984 година, соопшти Кралскиот холандски метеоролошки институт..Мерењата биле направени минатиот викенд на околу 30 километри од холандскиот брег, во близина на Хук Ван Холанд. Претходниот рекорд изнесуваше 21,4 степени, измерени пред осум години. Истражувањето на швајцарските научници на Универзитетот во Берн покажува дека затоплувањето на морињата во Европа во најголем дел е последица на климатските промени, кои летово доведуваат до зголемување на температурата до 2 целзиусови степени во Средоземното море..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп најави „економска војна“ од невидени размери против Иран, се закани со последици за неговите поддржувачи Американскиот претседател, Доналд Трамп, најави „економска војна“и изолација на Иран од невидени размери, во услови на застој во преговорите со Техеран.-Денеска ја објавувам најсуровата економска операција што некогаш била преземена против која било држава“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“, во исто време, предупредувајќи дека со сериозни економски последици ќе се соочат и земјите што ќе му пружат економска поддршка на Иран. Заканата на Трамп следи откако во понеделникот истече 60-дневниот прекин на огнот, без никакви знаци за дипломатско решение на војната што САД и израел ја започнаа во февруари. Техеран соопшти дека заканата на трамп само ќе донесе дополнително непријателство..Тагови: Доналд Трамп Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Европа15 загинати во руски напад врз Киев – Украина алармира дека се соочува со недостиг на противвоздушна одбрана Најмалку 15 луѓе се убиени, а неколку десетици се ранети во најновиот бран руски ракетни напади врз Киев додека Украина продолжува да се соочува со недостиг на ракети за воздушна одбрана.Мета на нападите кои почнаа околу полноќ биле станбени блокови и магацини, а според украинските власти, погодени биле и детеска болница и училиште. Руското министерство за одбрана ги потврди нападите и соопшти дека користело прецизно воздушно, копнено и поморско оружје за таргетирање воени објекти и магацини. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека смртните случаи се резултат на недостаток на ракети за воздушна одбрана. -Сè додека Украина нема доволно антибалистичко оружје, Русија нема сериозно да размислува за мир, напиша Зеленски на телеграм. Извштаите сугерираат дека Русија истрелала најмалку 20 ракети, од кои ниту една не била пресретната од украинската противвоздушна одбрана..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31